- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Како претседател на државата или претседател на СДСМ? Во која улога ќе биде в четврток претседателот Бранко Црвенковски на годишното обраќање до нацијата. Тоа ќе биде говор за збогување од претседателската функција, но и за враќање во матицата, во својата партија.
„Тој треба да даде отчет на она што го сработил, но по правило треба и да се наѕираат контурите на политиката што ќе ја води во иднина. Истовремено ќе зборува и како Претседател, но и како човек којшто доаѓа и повторно ќе се врати во СДСМ“, изјави за А2, доцент Јован Ананиев.
Името, Европската унија и НАТО - тоа се темите за кои ќе зборува Црвенковски пред пратениците, Владата и дипломатскиот кор. Но, секогаш официјалните обраќања политичарите ги користат за да го нападнат противникот, да критикуваат, но и да добијат поени кај народот. Без разлика каде, кога и кој е поводот.
„Колку што е согласно Уставот легитимно неповикувањето на најсилната партија на Албанците во Владата, исто толку легитимно е таа партија од опозиција да не ги поддржува предлозите на Владата“, рече на 19 декември 2007 Бранко Црвенковски, претседател на Македонија.
„Не смееме да дозволиме дневната политика и личните кариери да бидат пред Македонија“, вели Никола Груевски, претседател на Влада.
„Тоа е во однос колку функционерите држат до себе, а колку пречекоруваат вон она што претставува нивна уставна и законска надлежност“, вели за А2 Јован Ананиев.
Чии ставови читаат Црвенковски и Груевски. Кој ги испишува десетина страници кои секоја година шефот на државата ги чита од оваа говорница.
Лично претседателот, велат извори од неговиот кабинет за Студио 2. Не на компјутер, туку на хартија го пишувал драфтот на говорот. Имал убав ракопис и потоа без проблем дактилографката ги преточувала зборовите на компјутер. Цела чета советници има околу себе, но не му се мешале во говорите.
Но, кај нас говорите не оставаат трага, од лани до сега, од 100-те дена на Владата пред само еден месец се забораваат пораките што ги испраќаат нашите лидери. Од јавните обраќања и говори од Црвенковски остана во сеќавање само октоподот.
Погледнете ги Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг. Нивните легендарни изјави ги знаат и оние кои се родиле по неколку децении.
„И така браќа Американци, не прашувајте што може вашата земја да стори за вас, туку што можете вие да сторите за вашата земја“, рекол Кенеди, некогашен претседател на Америка.
„Јас имам сон дека еден ден моите четири малечки деца ќе живеат во нација која нема да им суди според бојата на нивната кожа, туку според карактерот. Имам сон...“, изјавил Мартин Лутер Кинг.
Црвенковски сигурно веќе го вежба говорот за в четврток. На заминување од функцијата ќе има што да каже. Но, за власта одовде нема да говори претседателот.
Лицето Бранко Црвенковски сега е господинот Бранко Црвенковски. Важно политичките ривали кога се на иста маса и пред камерите не можат да ги симнат насмевките од своите лица.
Ќе биде лошо ако Б.Ц. говорот го искористи за сопствен маркетинг што имајки го досегашното искуство многу е веројатно.
Ќе биде уште полошо ако Груевски и владата не дојдат во собранието, и онака за никаде сме а светот ни фаќа само сеир.
Искрено во европа никогаш не сум видел таков циркус помегу председател и премиер, можеби во Африка ама во Евроапа не...