Глупави закони

Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718
https://faktor.mk/izmeni--od-utre-kje-moze-da-plakjate-vo-kesh-do-odredena-suma

законот е ок, ама е глупав бидејќи НЕМА да се применува во пракса, не само кај нас...
испаѓа сега од јуни 2019 треба и за скапаница кола од 500+ евра преку уплатница, па и поскапа проститутка зема 500+ :icon_mrgr:
пред недела дена во Грција во еден маркет еден турист од ехЈу извади 500евра да плати лубеница од 3-4 евра:facepalm:
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Пријавуваш кражба во полиција и им викаш на полицајците „Ако го најдам крадецот ќе го сечам прст по прст“. Можеш комотно да бидеш приведен за таква работа...
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Неовластено снимање Член 152
(1) Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Ако делото од став 1 противзаконито го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(3) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(4) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба.

То значи дека снимање на јавни лица (пр. Полиција, ама не се лимитраме само на Полиција) при неправилно изведување на работата, како поткрепа за доказ е "Неовластено снимање". Колку шо има смисла законот, толку и нема и е премногу ограничувачки.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718
познато е дека по законите во ехЈу малолетните лица беа заштитени како мечки, да не зборувам што тие под 14г воопшто не ОДГОВАРАА за ништо...
Во пракса им се прогледуваше низ прсти и на постари малолетници, па дури во Хрватска, каде се случи 2008 познатата случка Лука Ритз, момче убиено без никаква причина, од досада, од група постари малолетници, сега измислија и толкување помлад полнолетник :mad:, па за моќници се забошотуват дури и убиства..
Но еве сега случка, во Зрењанин Србија , малолетни насилници, 15г и 17г, добиле по 30 дена ПРИТВОР, за обид за силување на 13г девојче...
Значи не поправен дом и слично, туку ПРИТВОР !!!
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Најглупавиот закон во историјата на човештвото е полицискиот час од 19.00 - 05.00 поради Корона вирусот. Соодветно на тоа ти е исто како Украина во 1986 година да воведеше полициски час од 19.00 - 05.00 часот по нуклеарната катастрофа во Чернобил за да се заштити народот од радијацијата... Демек радијацијата се шири во периодот од 19.00 - 05.00 часот се шири, а сабајлето од 05.00 - 19.00 не се шири...

Забрана за купување на алкохол после 19.00 часот. А од мај до крајот на септември забрана до 21 часот. Тој закон кај нас беше во периодот од 2008 до 2017 година... Целта на тој закон било да се спречело пијанчењето на народот. Е како ќе се спречи? Ќе го купи алкохолот навреме пример 18.30 часот, а во 20.00 ќе го пие... Или пак алкохолот купен пред 19 часот е корисен за здравјето, а купениот после 19 беше многу штетен за здравјето... А зошто тогаш смееше после 19 да се порача алкохол во ресторан/кафана? Која е сега логиката?

Забрана за пиење на јавно место пример на клупи во парк, тротоар, шеталиште, зелен пазар. Ами зарем надворешниот простор на кафаните/рестораните со седумдесет столој не е јавно место??? Едно метро да си оддалечен од надворешниот простор на кафаната то се смета за пиење на јавно место, а надвор во кафаната да пиеш то не е. Абе глупости овие закониве...
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Забрана за купување на алкохол после 19.00 часот. А од мај до крајот на септември забрана до 21 часот. Тој закон кај нас беше во периодот од 2008 до 2017 година... Целта на тој закон било да се спречело пијанчењето на народот. Е како ќе се спречи? Ќе го купи алкохолот навреме пример 18.30 часот, а во 20.00 ќе го пие... Или пак алкохолот купен пред 19 часот е корисен за здравјето, а купениот после 19 беше многу штетен за здравјето... А зошто тогаш смееше после 19 да се порача алкохол во ресторан/кафана? Која е сега логиката?
Ова де факто беше најглупавиот закон во историјата на човештвото. За да купиш пиво после 7 саат морав да идам во друга населба кај што маалските продавачи продаваа алкохол со 20% покачена цена.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Еве од мене, можеби другите знаат но за мене е нешто што неможам да го разберам.

Имав прашања до УЈП, за кои требаа малце поспецифични одговори а неможев да го добијам. После 2 недели замарања и форсирање, добив одговори, официјални од нив, бидејќи e-mailot го сметале за официјален документ.

По цело објаснување, толкување и цитирање на закони, на крај на документот стои дека овој документ не важи на суд. Ја прашувам пријателката што работи во УЈП, да не е грешка некоја, ми вика таков е законот, државата дозволува, вика што и да ти каже УЈП како официјално, сепак не ти е валиден документ/доказ на суд.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Ова де факто беше најглупавиот закон во историјата на човештвото. За да купиш пиво после 7 саат морав да идам во друга населба кај што маалските продавачи продаваа алкохол со 20% покачена цена.
Tие го продаваа со покачена цена само во периодот после 19.00 часот. Пример дење Крали Марко ако беше 75 денари после 19 беше 90 денари... И сето тоа што ќе беше продадено после 19 часот сабајлето од 07.00 часот почнуваа со фискање, ама по цена од 75 денари, а останатите 15 денари си ги клаваа в џеб... Или пак вино од 3 кила што е со чеп за точење спакувано во картон дење 300 денари, после 19.00 350 денари. Кое перење на пари во тој период правеа доста маркети/продавници...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718
не е за ова, ама не ми се отвара нова тема.... проблематика околу права од вонбрачна заедница
еве интересна работа... познатиот случај, со виенскиот монструм и киднапираната Наташа има и друг, на прв поглед чуден епилог

Со години ја силувал и мачел, но на крајот му простила и го наследила неговиот имот
колку се сеќавам Наташа роди во заробеништвото и дете, заборавив дали тоа преживеа... значи неспорна е вонбрачната заедница, па она по самоубиството на киднаперот си наследува и имот и пензија негова ако има... тоа што она можеби издаде мемоари и дебело ги комерцијализира е друга работа... а може и правноформално требала да му прости за да го земе наследството...( поштување на оставител ???)
бај тхе веј, имаше во Хрватска друг случај...млад човек стапил во брак со жена со 15г малолетна ќерка... таа ја натера ќерката да сведочи дека тој ја силувал и тој е уапсен, осуден и затворен...жената и ќерката останаа во станот и се обидуваше да го земе во сопственост и владеење ??? не наидов како тоа заврши, дали осудениот по излегување од затвор успеа да си го поврати станот..

Автоматски споено мислење:

Еве од мене, можеби другите знаат но за мене е нешто што неможам да го разберам.

Имав прашања до УЈП, за кои требаа малце поспецифични одговори а неможев да го добијам. После 2 недели замарања и форсирање, добив одговори, официјални од нив, бидејќи e-mailot го сметале за официјален документ.

По цело објаснување, толкување и цитирање на закони, на крај на документот стои дека овој документ не важи на суд. Ја прашувам пријателката што работи во УЈП, да не е грешка некоја, ми вика таков е законот, државата дозволува, вика што и да ти каже УЈП како официјално, сепак не ти е валиден документ/доказ на суд.
нашите судови се во камено време... каков емаил... тие уште не знаат ни што е фискална сметка и ДДВ..
пред 10+ години имав парничење, градежна фирма ме тужеше зошто 2004 кога го направиле станот не сум им ги дал сите пари на рака ( а имав дадено 80% со каса прими)..А фактички не ни дадоа никаква профактура, колку пари да доплатиме, станот беше направен помал од преддоговорот. Башка преддоговорот го прекршија и со задоцнување на роковите... и сега бараа камати, го потплатија мојот адвокат од Охрид , случајно и јас добив покана за рочиште, отидов таму, му откажав на адвокатот и земав друг; гои добив спорот, испаадна они требало пенали да плаќаат, ама нашата контратужба ја повлекол потплатениот адвокат...Меѓутоа тоа што ме збуни, судот зема како елементи што немале употребна дозвола и ми дале само еден клуч, како заедничко владеење, а го задоцниле рокот..
А пази сега, Судот не навлегува и не познава термини ПРОФАКТУРА, ДДВ... како купувачот да плати комплет кога нема профактура ( со прикажан ДДВ) колку да плати?? фактички мене однапред ми беше платен станот, само доплатив за ДДВ, ама они сакаат да земат пари на рака и да не платат ДДВ, туу ќе се компензирале со државата... работа за финансова инспекција, ама непозната за судот...
Па имаше и тв спот, нема фискална нема пари, ама од суд дадоа толкување дека не го признаваат доа, ајде уште малку и коцкарски долгови судот да наплаќа....
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
не е за ова, ама не ми се отвара нова тема.... проблематика околу права од вонбрачна заедница
еве интересна работа... познатиот случај, со виенскиот монструм и киднапираната Наташа има и друг, на прв поглед чуден епилог

Со години ја силувал и мачел, но на крајот му простила и го наследила неговиот имот
колку се сеќавам Наташа роди во заробеништвото и дете, заборавив дали тоа преживеа... значи неспорна е вонбрачната заедница, па она по самоубиството на киднаперот си наследува и имот и пензија негова ако има... тоа што она можеби издаде мемоари и дебело ги комерцијализира е друга работа... а може и правноформално требала да му прости за да го земе наследството...( поштување на оставител ???)
бај тхе веј, имаше во Хрватска друг случај...млад човек стапил во брак со жена со 15г малолетна ќерка... таа ја натера ќерката да сведочи дека тој ја силувал и тој е уапсен, осуден и затворен...жената и ќерката останаа во станот и се обидуваше да го земе во сопственост и владеење ??? не наидов како тоа заврши, дали осудениот по излегување од затвор успеа да си го поврати станот..

Автоматски споено мислење:

нашите судови се во камено време... каков емаил... тие уште не знаат ни што е фискална сметка и ДДВ..
пред 10+ години имав парничење, градежна фирма ме тужеше зошто 2004 кога го направиле станот не сум им ги дал сите пари на рака ( а имав дадено 80% со каса прими)..А фактички не ни дадоа никаква профактура, колку пари да доплатиме, станот беше направен помал од преддоговорот. Башка преддоговорот го прекршија и со задоцнување на роковите... и сега бараа камати, го потплатија мојот адвокат од Охрид , случајно и јас добив покана за рочиште, отидов таму, му откажав на адвокатот и земав друг; гои добив спорот, испаадна они требало пенали да плаќаат, ама нашата контратужба ја повлекол потплатениот адвокат...Меѓутоа тоа што ме збуни, судот зема како елементи што немале употребна дозвола и ми дале само еден клуч, како заедничко владеење, а го задоцниле рокот..
А пази сега, Судот не навлегува и не познава термини ПРОФАКТУРА, ДДВ... како купувачот да плати комплет кога нема профактура ( со прикажан ДДВ) колку да плати?? фактички мене однапред ми беше платен станот, само доплатив за ДДВ, ама они сакаат да земат пари на рака и да не платат ДДВ, туу ќе се компензирале со државата... работа за финансова инспекција, ама непозната за судот...
Па имаше и тв спот, нема фискална нема пари, ама од суд дадоа толкување дека не го признаваат доа, ајде уште малку и коцкарски долгови судот да наплаќа....
Фискална сметка за купување на стан, профактура??? Господе Боже. Сам кажуваш дека си имал преддоговор (а потоа и договор) за купопродажба на станот каде цената на истиот е битен елемент на договорот и основ за плаќање на цената.
И каква врска има плаќањето на ддв со твојот случај??? Нормално дека судот нема да се впушти во расправа по тоа прашање во ваков спор.
Тешки обвинувања кажуваш за адвокат потплатен...ако е така како што тврдиш дали поднесе кривична пријава против тој адвокат? Дали го пријави некаде "потплатениот адвокат" и дали го тужеше евентуално за предизвикана материјална штета?
 
е па не си во право... Прво немаше Договор, а тогаш кога го изготвија веднаш и платив... а да не зборувам дека покасно се установи дека и Договорот е фалц, не е базиран ниту на план ниту на ништо, но тоа е друга работа и се уште цела зграда е фаактички еден вид дивоградба иако сите имаат имотни листови...
а за одбивање да се плати НА РАКА целата сума, не може да тужи никој дека не му плаќаш ако не ти даде профактура... па колку да му платиш кога нема документ, на рекла казала ??? А мене нотар , карши судот во Охрид ме посоветува да не му го плааќам остатокот на рака, на каса прими ( без документ со изразен ДДВ) оти тој нема да плати ДДВ па ќе си имам проблеми... Преддоговорот важи до роковите кој самиот изведувач ги проби, башка имаше отстапување во квадратурите од тие во преддоговорот до крајните изведени... .Работата е друго, судот не сфаќаше тогаш дека НЕ МОЖЕ продавачот ДА ми наплаќа ДДВ на Каса Прими а да не го ИЗРАЗИ во документ, било профактура, било Договор... тоа е и казниво, има финансова полиција... ама и без тоа тој спор го добив, бидејќи немаа употребна дозвола.
Адвокатот што ме саботираше не го тужев затоа што немав веќе време да се акам по судови.
Да се вратиме на поентата околу ДДВ, па бргу по тоа, кога стана НАМАЛУВАЊЕ на ДДВ то, мислам од 18 на 5%, стотини станови во Охрид на суд одеа, некој изведувачи не прифаќаа дека ДДВ то е намаален, сакаа да ќарат, да им платат и остаток на рака преку каса прими, за многу станови судски се расчистуваше плаќањето на остатокот..
 
Не може ТИ како купувач да имаш проблем ако ПРОДАВАЧОТ не плати ДДВ. Акп ддв-то е вкалкулирано во цената на станот, купувачот е должен во целост да ја исплати цената и не е негова работа (проблем) дали продавачот ќе го плати ддв-то или не (во твојот случај сам велиш дека продавачот имал некакви побарувања - па може да се пребие, односно компензира со со УЈП или државата, но тоа не е твоја работа, ако се сомневаш дека е платен данокот поднеси пријава до УЈП). Не си ти надлежен да се грижиш дали продавачот го уплатил или не данокот. Ти како купувач си должен да го платиш. Судот добро ги разбира работите со плаќањето на данокот, но нема што да се меша и да расправа за тоа во таа постапка (во која не си ја имал платено во целост купопродажната цена утврдена со преддоговорот). Сосема друго е прашањето за доцнењето со предвањето на станот или со несовпаѓање на квадратурите. И нема нотар кој ќе ти завери договор за купопродажба без доказ за платена цена. Нотарот пред да го солемнизира договорот проверува дали е извршена транскацијата на пари според преддоговорот.
Не си доволно разбирлив: како тоа зградата е дивоградба, а сите сопственици имаат имотни листови? Имотниот лист е доказ за сопсвеност и не може да се добие имотен лист за дивоградба.
 
а зошто подоцна , 2006 или 2008 беше, кога државата го намали ДДВ-то за станови имаше еден куп судски рочишта, градежната мафија сакаше да наплати по високиот % на ДДВ и затоа не прифаќаше Договор туку каса прими...наши пријатели имаа случка, многу станови одеа преку судови и адвокати..
А всушност и продавање на стан во градба е една далавера која власта ја измисли за градежната мафија со туѓи пари да гради станови и енормно да се збогатува..
И пак не разбра, јас ја добив таа постапка на суд, а преддоговорот не е обврзителен во целост ако продавачот ПРВ го прекрши, а го прекрши, прво закасни многу а друго направи помал стан...
Патем, еве скоро беше, синот уплати пред 8 години...некој банки му исплатија на изведувачот сите пари по договорот за купување стан во градба, а некој банки му држеа дел од пари откако го проби РОКОТ по Договорот, бараа ситуација да се прилага. На крај инвеститорот ги пушти луѓето да се вселат во незавршена и технички не примена зграда...
Ако сакаат изведувачите да им се плаќа ЦЕЛОСНО се во градба, тогаш бујрум секој што гради да има заложено под хипотека ДРУГ недвижен имот, завршен, кој може да се продава за ако се раскинува Договорот поради нивно доцнење или друго Да може купувачот да НАПЛАТИ.... сега што, изведувачот е со блокирана сметка а се му е под хипотека...
А како зграда е еден вид дивоградба а сите се со имотен лист, е тоа е бидејќи инвеститорот КАРА КАША направил од планот, се сменил А НЕ го ажурирал планот... А становите ги впишаа самите купувачи со поединечен упис... има доста такви...
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468

Затоа стан во градба не се купува туку изграден стан со чист имотен лист, а не со предбелешки, со преддоговор и слично, на секои 4-5 дена давам совети на странки по вакви прашања, али цената ги лаже луѓето, многу е поевтин м2 во градба отколку веќе изграден стан, ама од друга страна ризикот е голем за купување на стан во градба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom