Глумење чесност или глумење лудило?

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Ќе искористам една реченица од почитуваниот Точкест :back:...за машките е добро да легнат што повеќе девојки,а за девојките ако смени повеќе од 3 партнери веднаш се етикетира како ку*ва...затоа расчистете со предрасудите што демнат наоколу и бидете свои
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Присуствував пред некој ден на еден неверојатен разговор и се уште мене не ми е јасно...

Ги знаете оние муабети од типот: Мене машко не смее да ме допре,па како така,па срамота е,па треба да пројде најмалку месец за да ме допре инаку дотогаш чисто само во уста бакнеж и рацете на половина...бла бла бла...

А после дознаваш дека сепак работите не се такви какви што изгледаат.

Во што е проблемот?Изигравање светици,ангели и слично?Дали навистина е чесност или глумење лудило?
Дали се приморани девојките заради општеството да глумат за да не бидат етикетирани или што е проблемот?
Некоја што упорно збора така,машкото не смее ова не смее она да ми прави уште од првиот ден а потоа го прави спротивното дефинитивно глуми лудило.Очигледно е дека пред другите сака да се покажи со друго лице.Не гледам причина некој да реагира така.Никој не можи да ме принуди да зборам за мојот интимен живот.Ако веќе праша мое право е дали ќе одговорам или не.А ако решам да одговорам нема зошто да лажам.

Ќе искористам една реченица од почитуваниот Точкест :back:...за машките е добро да легнат што повеќе девојки,а за девојките ако смени повеќе од 3 партнери веднаш се етикетира како ку*ва...затоа расчистете со предрасудите што демнат наоколу и бидете свои
Да,за жал така е кај нас.Можи и зато некои лажат и глумат невини,фини,светици, за да не бидат етикетирани како ку*и
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
И глумење лудило и глумење чесност. Едноставно е. Тие девојки се плашат затоа што некогаш и тие држеле проповеди за чесност и дека не смееш така да правиш или така да се однесуваш.
Страв им е затоа што и тие порано лепеле етикети на некого, па сега си мислат дека и на нив ќе им биде залепена етикета.

Ограничување со време..онолку време колку што мене ми е потребно за да се опуштам и да уживам во негово друштво. Никакви ограничувања од типот на "па леле бе само 1 месец помина", "малку се 2 недели бе" и слично. Довербата никогаш нема да биде целосна и безрезервна ама па сепак можеш да разграничиш што и до каде е, и како стојат работите. Не може да се распрашуваш по другарки за секоја ситница. Ти си таа што е со него и ти самата си знаеш што како е.

Принципиелна девојка? Сигурни сме дека постои такво нешто? На што и се заснова тој принцип? Скоро и да нема такви девојки. Може само некоја да продава лажен морал и да си тера свој филм на страна, надевајќи се дека никој нема да дознае. И таа пак не е принципиелна.:toe:

Искрено повеќе почитувам личности кои знаат да си кажат што и како е. Да се согласувам со Точкест и Zemzela дека девојката која имала повеќе партнери веднаш се декларира како курва, а дечкото кој имал исто толку партнерки е јебо. Каде со таа класификација? Понекогаш излегува дека некој убаво кажал за да се извлече "После првиот, секој нареден ти е втор".
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дефинитивно лудило.Проблемот е во нивниот спој во мозокот,неисчистени фиуги и преголем коефициент на глупавост.Тој тип на жени се познава од километар,секогаш првата реченица им е,јас ниту се мувам,не ме допираат,уште го одбивам,овој е болен по мене,ама јас се правам незаинтересирана.И што гледаш потоа?Типката се растура на мртво(нејзино право,но нека не ги прави будали луѓето од околу),у двојки,тројки,садо мазо и сл.Тоа се баш оние светици за кој цело време зборувам,моралистки и патријахалки,борци за човекови права.
Никој не е приморан да глуми лудило и да ги прави будали оние што го слушаат.Што има да објаснуваш некому со кого и дали се ебеш?Абе ќути си и бркај работа,што објаснуваш како не те чепкале,не те шлапале,стискале,само ти го гледаат мозокот колку ти е развиен со такви изјави.Ако ти се објаснува кажи јасно и гласно што сакаш,што се плашиш од етикети и моралисти.Големо чудо ако кажат дека сум спиела со некој,нека ме викнат и ќе им потврдам,што толку при срце зимате.
"Не ми е криво што ме лажеш,криво ми е што мислиш дека ти верувам."
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Глумење лудило. Кога една жена така ќе се постави во муабетите и ќе се однесува како да е светица и со сексот да ти дава нешто односно да ти прави услуга и ти треба демек да ја убедуваш дефинитивно влијае негативно и не заслужува да добие секс воопшто. Често тоа го прават токму оние со најдебело секс досие и не ги разбирам дали е тоа поради околината или поради самите себе...

Многу повеќе почитувам отворен оргинал муабет..
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Дефинитивно е глумење лудило!
Мене ми е глупаво сеа да започнам разговор за тоа дали мене дечкото смее да ме пипа или што знам што, за да докажам некому дека сум чесна.
И глупаво ми е да слушам друг да го зборува ова.

Абре што ме интересира што мисли таа да прави со него?!
И што има другите да ги интересира што правам јас со дечко ми насамо?!
Тоа е моја работа!

А тие таквите луѓе треба да се видат себеси, а потоа да прашуваат и да зборуваат за други.
Е значи во какво општество живееме...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Таа појава никогаш не се ни обидував да си ја објаснам на сама себе, а мислам и дека е симптом од кој никогаш нема да патам. :)
Вистината е дека тоа е само уште еден огранок на лицемери кои што само бараат уште некој начин + да ги лажат луѓето.
Една од болестите на општеството, што да се прави, освен да се смешкаш и да игнорираш.
Некои од нив, дури ќе помислат и дека им веруваш.:retard:
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Глумење лудило. :)
Сакаат да остават впечаток на мирни, невини, што би се рекло девојки на место, мислејќи дека некој навистина ќе им поверува. Ваквите личности веруваат дека со таквиот став ќе привлечат повеќе внимание и машки пол околу себе, што според мене е погрешно.
И баш би сакала да знам како се однесуваат овие 'принципиелни' девојки во врска?! Бегаат од секое приближување на дечкото и му викаат 'Дистанца, те молам'?!
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Јас ќе ви кажам што е со таквите девојки.
Види вака, тие ти се строго држени од родителите, и на школо треба да им бидат сите петки, иначе нема искачање. Ама она потајно во себе си сака да ја допрат и на друго место како што сакаат и машките НАЛИ. Или пак е до тој степен нафурана-(мразам да го употребувам овој збор ама не ми текна на друг) што како што кажавте глуми лудило, или наводно имала свои принципи што нема везе тоа, ама ајде нека и биде, само да им кажам на таквите дека ќе патат и ќе бидат разочарани еден ден.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И баш би сакала да знам како се однесуваат овие 'принципиелни' девојки во врска?! Бегаат од секое приближување на дечкото и му викаат 'Дистанца, те молам'?!

Не.Освен што спие со дечкото му ги ебе и другарите:wink:
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Добро е тоа глумење лудило и нека продолжат со тоа затоа што има сеуште некои машки што навистина паѓаат на оваа фора па зашто да не се обидат нели?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Јас овие ги жалам.
Не можам да ги разберам. Не сакам.
Да, глумат лудило, за да не бидат осудувани.
А од кого се осудувани?
Од самите себе!

Човек кој има изградено свој карактер, свои сфаќања за животот, не го интересира туѓото мислење, одобрување или забранување.

Ако сум се плескала со некој сум се плескала, тоа си е моја работа, нема потреба никому да поднесувам отчет!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom