јахутерминал
impressed by gay people
- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 778
- Поени од реакции
- 7
Ја ќе бидам искрен и ќе ви кажам. Сум одел во Охрид во приватни станови, и никогаш не сум одел по кафичи, дискотеки, ама ретко сум одел по ресторани. Никогаш не сум приметил нешто посебно лошо од охриѓаните, а дека сум слушал дека ги мразат скопјаните, ги мразат. А се прашувате ли зошто е тоа така? Па јас сум сам сведок како скопјаните се однесуваат сосема недолично, кршат, се дерат, не култура огромна. Јас не гледам друга причина зошто ги мразат скопјаните. Сум одел на плажа, и никогаш не сум се нашол во некоја незгодна ситуација. Да знаете дека туристите што идат го расипуваат Охрид. Пред 1 год. многу беше загадено Охридското езеро. Искрено тие предрасуди за скопјаништата и кај мене постојат. Сум одел и на друго место на одмор, не знам дали само мене ми се погодува, ама крајна некултура. Јас разбирам дечишта, ама да не можеш да спиеш од тие дечишта и да ти тресат цигари на маса од апартманот погоре, стварно не се трпи. Да ви кажам дека верувам дека има вистина за скопјаништата. Не знам зошто така мислам, но тие се сметаат дека се чекор напред од сите, и се однесуваат и облекуваат "помодерно" од другите. И не сум од Охрид, да не мислите дека бранам некој.