Ги баталувам цигарите!

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.546
Ги имам неколку пати откажувано. Еднаш 6 месеци, 2 пати по 2 месеци, и неколку пати по 2-3 недели. Јазикот ми беше исфарбан од лижавчиња и изгорен од јаки ментол бомбони додека не пушев. За тоа време сфатив дека не сум зависен од никотинот туку од актот на пушење што значи барем кај мене дека зависноста е чисто психолошка. Не знам дали некогаш ќе ги откажам за навек. Со цигарата сум во една од оние врски со милион перипетии, смирувања, скарувања итн итн.. кај што на крај пак завршуваш со дотичната.
За тие што сепак пробуваат од искуство ќе ви кажам дека најкритични се првите 48 часа колку што никотинот останува во организмот. После тоа треба да се борите со психолошката зависност што не е ништо послаба. Купувајте мастики, дражеи а особено лижавчиња бидејќи може да се имитираат потезите со цигара. Ептен е мачно после ручек, со кафе или алкохол или после секс да одолеете. Ама сепак барем за мене, а тука беше точката на кршење, беа деновите со голем стрес, нервози и лошо расположение што стануваат дупло позаебани поради тоа што не можете да запалите цигара.
Е да, има еден малце екстремен метод што ќе ви ја зајакне волјата барем за почетокот на откажувањето. Комбинацијата алкохол и цигари претходната вечер ќе ви направи наредното сабајле да ви се згади од цигарите. Многу луѓе што ги знам, кои се откажале од цигарите, точно тоа ми го кажуваат како причина, дека претходната вечер се препушиле и препиле и тоа им ја зајакнала волјата. Ама ако не знаете да се контролирате ни на крај памет да не ви текне да го правите ова.

Со среќа.
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Секој кој сака може да ги откаже,најверојатно :)
Само треба решителност.Исто помага и вежбањето.
Но како и за секоја работа,најважна е психичката подготвеност и волјата.
Пред се нека ви биде мотивација здравјето,а и парите што ги давате секој ден :)
 
Член од
27 април 2009
Мислења
217
Поени од реакции
13
Decki jas pusev vise od godina ipol ne bev nekoj strasen pusac prosek edna kutija na den dosega nemam zapaleno skoro 10 meseci i seuste uspesno se drzam (mozebi toa se dolzi na kratkiot period koj pusev no pamet mi dojde tocno na vreme). mi bese tesko prviot mesec ali pred da se otkazam gi namaluvav postepeno cigarite od 20cigari na den na 10 od 10 na 5 i taka gi svedov na 0 , odbegnuvav prostorii u koj premnogu se pusi, i stalno si imav orbit mastiki u sebe koa ke mi dojdese da zapalam cigara si dzvakav mastika... den denes nemam nitu zelba za cigara i da mi ja nudi nekoj uz kafe ja nema da prifatam, najvazno e cvrst karakter , resitelnost i golema zelba...
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
Ја имаш и мојата подршка. Јас искрено не пушам(ми се гади од цигари и не смеам да пушам затоа што тренирам кошарка) ама се додека имаш желба можеш да успееш.:smir:
 
D

DeviL_32`

Гостин
Па вака сега...вчера кога бев испаднат да не речам цела вечер се на се само 3 цигари испушив. Дури тогаш сватив дека сосема сум заборавил на цигарите и дека не сум зависен. Понекогаш ме фаќа КРИЗА да запалам пак, но полека полека не ми се појавува таа криза повторно. Треба да си цврст и решителен за да може да се откажат цигарите (го има оваа погоре но ајде пак да го напишам) :) Кој сака да ги откаже ... помош од лекар (бар така пише на кутиите) :):)
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Порано пушев и јас, но ги откажав и тоа многу лесно.
Мистичен не мисли дека ќе ти биде тешко да ги откажеш цигарите и дека треба некој да те мотивира за да ги откажеш. Мисли дека не ти требаат и ќе ги откажеш и дека можеш.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Утре ќе биде шести ден од моето непушење. Сигурен сум дека ги откажав. Неам повеќе ни кризи ни ништо. Едноставно закопано ми е во свеста (потсвеста?) дека сум непушач и дека сега можеби ми е единствена можност за неболно откажување на цигари пошо пушев само година дена и крај.
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749


Е сеа пушете да ве видам :pos2:
 
А

Александра Д.

Гостин
Мајка ми порано беше пушач, но сега веќе не пуши над 4 години, фала Богу.
Сега брат ми пропуши, и го гледам така, ми вели од навика било, со друштвото ...бла бла..
Го прашав: Зошто пушиш, знаеш ли?
Ми рече дека ни самиот не знае... Потоа сигурно ќе му прејде во навика, иако како мал многу неќеше цигари и слично. Дури и ги броеше на мама праите што ги даваше она за цигарето.
Се надевам дека нема да пропушам, и Мистичен, ја имаш мојата подршка да се откажеш од нив.:smir:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
пушач сум веќе 6 год сум размислувала да ги одкажам али не сум пробала најверојатно нема ни да пробам а секоја чест на тој што ги одкажува сепак е тешко многу ако навиката ти е поголема од зависноста од тутунот
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
ова ми е 8ми ден без да запалам и до сеа да не се подречам сум немал кризи,такви работи...кај другиве што сте пробале да ги откажете по колку време ве фаќало криза за цигар???
 

serious

If you need me, whistle
Член од
6 февруари 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
прочитајте го ова за цигарите
Код:
http://quitsmoking.about.com/cs/nicotineinhaler/a/cigingredients.htm
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Вие што пушите погледајте ги овие реклами, и размислете дали нешто ќе промените :star:
 

lady_QUEER

I love life.
Член од
28 март 2009
Мислења
521
Поени од реакции
28
Вие што пушите погледајте ги овие реклами, и размислете дали нешто ќе промените :star:
Многу креативни реклами,бизнисот со цигари е голем,мулти милионски,никогаш нема да се стопира таа индустрија.За разлика од нас овде,многу млади македонци кои живеат странство,кога доаѓаат овде се чудат зошто толу се пуши.Таму самата средина те тера да не пушиш,нешто како свест за здравје на повисоко ниво имаат,еве и рекламите им се закон.Непријатно друштво се пушачи,задимени простории,лош здив од цигари,по извесно време и душата поцрнува,води кон депресии,губење енергија.Некогаш било секси појава со цигара,денес е далеку од секси маж со цигара и болно срце или скапани9 бели дробови.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
7 дена без цигара па мислам редно е и јас да се пријавам на темава. :)

Збогум мои гнасни мали вкусни пријателчиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom