Не ја подржувам идејата, но не би се спортивставувал доколку се одлучат да ја одржат.
Како прво, за џабе ке изедат ќутек.
Јас сигурно нема да бидам меѓу тие што ке излезат на контра-протест а уште помалку да земам да ги тепам или да ги гаѓам со камења... ама факт е дека ке има фрки и ке се десат глупости.
Како второ, многу ке ме нак*рчат со тоа што ке го блокираат сообракајот. Незнам колку од вас прошлава недела заглавуваа по саат и пол во сообраќај заради овие кретениве што доаѓаа да ја гледаат воената вежба на АРМ.
Како трето, никогаш не ми станало јасно зошто се одржуваат тие паради. Ако народот не ја прифаќа геј популацијата, тешко дека парадата ке помогне во тоа... баш напротив, повеке ке биде како трн во око на многу луѓе... дури и оние кои воопшто и не се замараат со хомосексуалците и нивното постоење во државава, може многу лесно (и од погрешни причини) да станат противници на идејата за слободно изразување на сексуалната ориентација.
Така да, сите луѓе имаат право да си ја тераат својата работа и да си го живеат својот живот, доколку со тоа не причинуваат штета или прават лошо на другите.