Германија почнува да печати марки

Член од
24 април 2008
Мислења
10.579
Поени од реакции
11.722
Јессс, марки, че можи да препишуваме по мерење без проблем. „Професорке, ги пребројував парите само“. Секако таа ни ја кажа финтата.

Шала на страна, ние се бориме за влез во унијава, додека таа се распаѓа. Истиов муабет сите го повторуваме цело време, ама не знам оти оние горнине (т.н. влада,министри, п`емие`и) не сфаќаат дека нема фајде од тоа. И така не ни оди во прилог уште од старт ради тоа шо мора да го смениме името за да влезиме.
хахахах Гаус на банкнота од 10 марки формулата? ^.^

ја гледаш формулата? :)
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Ај нека им е со среќа, и на Германците со нивната старонова валута, и на тие кои ќе препишуваат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.173
Поени од реакции
25.794
Ако ова се случи ќе имаме интересна наредна деценија, особено ние на Балканов. Реално, ако ја исклучиме желбата да ја гледаме Грција crashed and burned :D, нас не ни одговара економско пропаѓање на унијата. Ама сме издржале разни чуда, ќе го издржиме и ова, плус е доста интересно. :)
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
помислив дека се работи за поштенски марки.
Пиши убаво да се знае дека Германија сака да сежи ја врати старата валута, зашто и здосади да биде спонзор на Атина и останатите евро-пропалитети
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.579
Поени од реакции
11.722
Ако ова се случи ќе имаме интересна наредна деценија, особено ние на Балканов. Реално, ако ја исклучиме желбата да ја гледаме Грција crashed and burned :D, нас не ни одговара економско пропаѓање на унијата. Ама сме издржале разни чуда, ќе го издржиме и ова, плус е доста интересно. :)
Европската Унија се стреми да биде нова Европска Империја, веќе ги покажа првите знаци на ваквите намери.

Ирците гласаа против Европскиот Устав, но тоа не бил прифатлив одговор за ЕУ, морале да гласаат и по втор пат се додека нивниот одговор од "НЕ" се претвори во "ДА".

Минатава или пред минатава недела, не помнам точно, во словачкиот парламент беше одбиен предлогот за помошта која треба да и се даде на Грција, но повторно тоа беше неприфатлив одговор за ЕУ, бараа второ гласање, а на истото тоа второ гласање словачката опозиција заедно со словачките либерали или либералдемократи, не помнам точно, ја изгласаа помошта за Грција.

Истото ни го направија и на нас во 2004 кога ни го испратија тоа британското говедо од лабуристичката партија на Тони Блер, Денис Мекшејн, кој ни мудруваше со часовникот повикувајќи не да не гласаме на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа во ноември 2004.

Е па, истото тоа британско говедо Денис Мекшејн, денес се товари за економска проневера, допрва го чека судење, а поради сето тоа е привремено суспендиран од лабуристичката партија се додека не се докаже неговата вина или невиност.

Но нашиот прост народ го послуша британското ѓубре и го бојкотираше референдумот, територијалната организација на локалната самоуправа во Македонија беше реорганизирана по етнички, наместо по економски и социјален план, а денес никој не го спомнува фактот дека сме го послушале советот на човек кој можеби е криминалец, ќе видиме со тек на време што ќе испадне, дали навистина сме го послушале советот на криминалец или на наместен политичар.

Не, ЕУ ама воопшто не ни треба, живеевме 45 години во социјалистичка диктатура, доволно ни беше, немаме ама баш никаква потреба од тоа да се враќаме назад.

Нека си го носат својот капитал и своето безвредно евро во 100 пм и слободно нека се гонат, нека не остават на мира.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.173
Поени од реакции
25.794
Со се што напиша потполно се согласувам. И јас не сакам Македонија да ја видам во ЕУ. Мојот коментар беше од аспект на пропаѓањето на евро-зоната и реперкусиите што ќе ги донесе тоа. На секоја држава и одговара да биде во просперитетен и мирен регион. Балканов дефинитивно не е просперитетен, а Грците ако бидат оставени сами да се справуваат со кризата ќе се потрудат да не биде ни мирен.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Точно така, евентуалниот распад на ЕУ би имал тешки реперкусии врз посиромашните и понестабилните зони во Европа...
 
И на Кинезите не им одговара распаѓањето на еврото и евро-зоната, бидејќи благодарејќи на конкурентноста на еврото кон доларот, кинеските производи се евтини, во спротивно, цените ќе им летнат по нагорна линија, а тоа ќе има ефект и кај нив дома, ќе трпат инфлација и незадоволство кај населението, а тоа е една од последните работи кои ги сака една држава во која сеуште е на власт социјалистичката диктатура, а истовремено се стреми кон тоа да стане најголема економска сила во светот до крајот на втората деценија на 21-от век.

И секако дека тоа ќе има негативни ефекти и врз нас, нека пише тој/таа на форумов кој(а) не користи ама баш ниту еден кинески производ, истите тие производи и кај нас ќе поскапат и ние ќе го кркаме стапот.

Но сепак, германската марка би требало да биде повеќе од доволна алтернатива за еврото, верувам дека ќе му конкурира доволно на доларот за да кинеските производи не поскапат, или барем за да не поскапат премногу.

Точно така, евентуалниот распад на ЕУ би имал тешки реперкусии врз посиромашните и понестабилните зони во Европа...
Точно, но редно време е да се освестиме.

Европската Унија никогаш не требаше да стане толку моќна на политички и економски план, а еврото никогаш не требаше да биде воведено.

Европската Економска Заедница, која подоцна беше преименувана во Европска Унија, постоеше исклучиво за да ја регулира слободната трговија помеѓу нејзините држави членки, но создавање на сопствена валута води и кон политичка и кон економска зависност.

Како може економии како германската и француската да бидат во ист кош со економии како грчката и ирската ?

Не држи вода теоријата воопшто, станува збор за два сосема различни економски светови, да се водат под една иста заедничка валута е надвор од здравиот ум и разум.

Германската марка, францускиот франк, грчката драхма и ирската фунта ќе си уживаа одлични вредности на светските пазари бидејќи секоја од овие валути е наменета за конкретна држава, а не за група на држави, а вака со ставање на повеќе држави со различни економии под една иста заедничка валута, цените вртоглаво растат во едни држави, а истовремено вртоглаво паѓаат во други држави.

Европската Унија и еврото се вештачки творби, Европската Унија никогаш не требаше да добие толкава економска и политичка моќ, еврото никогаш не требаше да биде воведено, а евро-зоната никогаш не требаше да биде формирана, но бидејќи работите се одвиваа во сосема спротивен правец, денес Грција, во пакет со останатите задолжени држави члени на ЕУ и на евро-зоната, ги трпат последиците за ваквите нерационални и неразумни политички и економски потези.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Или просто требаше да има комисариат за буджетски прашаниja и без дозвола на Брисел да не можеха да одат на космически буджетски дефицити, както днес гледаме Грциja приблизно 10%, Ирска 31%.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.579
Поени од реакции
11.722
Или просто требаше да има комисариат за буджетски прашаниja и без дозвола на Брисел да не можеха да одат на космически буджетски дефицити, както днес гледаме Грциja приблизно 10%, Ирска 31%.
Не, туку просто кажано, воопшто не требаше да и се даде толкава економска и политичка моќ на Европската Унија, воопшто не требаше да биде создадено и воведено еврото како валута и воопшто не требаше да биде формирана евро-зоната.

Европската Економска Заедница, која подоцна беше преименувана во Европска Унија, беше формирана за да ја регулира слободната трговија помеѓу нејзините држави членки и во овие рамки требаше да остане ограничена нејзината економска и политичка моќ.

Воведување на било какво регулаторно тело кое ќе ги регулира буџетските дефицити на државите членки на евро-зоната, или уште полошо, на сите држави членки на ЕУ, само ќе и даде уште поголема економска и политичка моќ на ЕУ, што ќе резултира со уште поголемо намалување на економската и политичката независност на државите членки на евро-зоната, или уште полошо, на сите држави членки на ЕУ.

САД веќе имаат такво регулаторно тело за регулирање на буџетскиот дефицит, се вика Федерални Резерви на САД, и токму бидејќи е корумпирано, се случи светската економска криза во 2008, од која до денешен ден целиот свет ги трпи последиците.

Следувајќи од ваквото искуство, можеме само да претпоставуваме што би се случило доколку и во ЕУ биде формирано регулаторно тело за регулирање на буџетскиот дефицит на државите членки на евро-зоната, или уште полошо, на сите држави членки на ЕУ, а стане корумпирано.

Всушност, ЕУ веќе работи на наредниот проект за проширување на својата економска и политичка моќ, се вика евро-данок, тоа е посебен данок кој ќе го плаќаат сите држави членки на евро-зоната или уште полошо, сите држави членки на ЕУ, не сум најдобро информиран околу тоа кои држави ќе бидат опфатени со овој таканаречен евро-данок, но знам дека граѓаните кои ќе го плаќаат тој данок, со самото плаќање на тој евро-данок, нема да даваат пари за сопствените држави, туку тие пари ќе одат во фондот на ЕУ за спасување на Грција и на другите презадолжени држави членки на евро-зоната, или уште полошо, на сите држави членки на ЕУ.

Европската Унија е избеган лабораториски експеримент, ако не го уништиме што е можно поскоро, прашање на време ќе биде додека се најдеме во посовремен облик на тоталитаристичко општествено уредување, кое богами, планира да биде уште полошо и од социјалистичката диктатура која ја трпевме 45 години.

Не можеме да го контролираме ѕверот,
не можеме да го скротиме ѕверот,
единственото преостанато логично решение кое ни останува е:
мораме да го убиеме ѕверот.
 
Член од
28 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
1

На таа иста логика секоја држава во САД мора да има сопствена валута...
 
Абсолутно това е целта - држави кои не произведуват доволно да не трошат толкова многу. Не може Грциja да проиведува за 10 евро, па да троши 20 евро.
Кризите са циклични и винаги ке има кризи, прашане е само временскиот период.

Относно пактото за стабилност - прво този пакт е за еврозоната, но се коментира во целиот соуз. Станува прашане за данок на банковите транзакции, но не сите држави са согласни. Имаше и идеja за еднаква стапка та даноците, но това исто многу тежко ке стане, да не кажам - наполно не е возможно.
Во тоja ред на мисли за убиване, скротуване и контролиране - нема луди, кои да сакат да убиjaт наjголемиот си трговски партнер. Това е пукане во собствена нога.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.579
Поени од реакции
11.722
На таа иста логика секоја држава во САД мора да има сопствена валута...
Со разликата што во САД доларот бил и сеуште е првата валута која ја користат сојузните држави, а во Европа секоја држава си имаше сопствена валута се додека не беше формирана евро-зоната, разликата е огромна.

Во сите држави во кои еврото е прифатено како национална валута, истото е воведено без да биде прашан народот на референдум, единствено во Данска и Шведска народот беше прашан на референдум и народот најкомотно одговори - НЕ.

Швајцарските политичари сакаа Швајцарија да стане дел од европската економска зона за да профитираат од тоа, но и за ова речиси 95% од народот на референдум одговори - НЕ.

Во сите останати држави во кои еврото е воведено како национална валута, народот воопшто не е прашан на референдум дали го сака еврото како своја национална валута или не, едноставно владата предлага, парламентот усвојува, а народот никој не го прашува на референдум дали се согласува со предложениот или усвоениот предлог.

А САД се друга приказна, тие се независна држава, а не економска зона која се стреми кон тоа да стане држава, но дури и во САД сојузните држави уживаат одреден степен на независност, пример за тоа се сојузните држави кои го укинаа новиот закон за здравствено осигурување на Обама, иако законот е легално усвоен во Конгресот, сепак сојузните држави не сакаат да го применуваат истиот, а можат и на референдум да го стават истиот ако сакаат.

Начинот на кој е организирана оваа Европска Унија, со своја валута и своја економска зона, се стреми кон одземање на економската и политичката независност на државите членки, на Ирците им рекоа да гласаат повторно на референдум за да го одобрат Европскиот Устав, на Словаците им рекоа да гласаат повторно во парламентот за да ја одобрат помошта за Грција, буквално ова е политичко-економска структура која се залага за централизирана власт, која ќе биде командувана од Брисел и без никаков отпор, ова е задушување на демократијата и на независноста.

Па зарем после 45 години социјалистичка диктатура преминавме кон демократија, за да 20 години подоцна судбината не ни ја диктира повеќе Белград или Кремљ, туку Брисел ?

Па зарем до толку сме неспособни сами да си ја водиме сопствената држава ?

Абсолутно това е целта - држави кои не произведуват доволно да не трошат толкова многу. Не може Грциja да проиведува за 10 евро, па да троши 20 евро.
Кризите са циклични и винаги ке има кризи, прашане е само временскиот период.

Относно пактото за стабилност - прво този пакт е за еврозоната, но се коментира во целиот соуз. Станува прашане за данок на банковите транзакции, но не сите држави са согласни. Имаше и идеja за еднаква стапка та даноците, но това исто многу тежко ке стане, да не кажам - наполно не е возможно.
Во тоja ред на мисли за убиване, скротуване и контролиране - нема луди, кои да сакат да убиjaт наjголемиот си трговски партнер. Това е пукане во собствена нога.
Токму затоа најдобро решение за грчката криза, а и општо за целата европска економска криза, е да се вратиме 10 години назад, пред создавањето и воведувањето на еврото како валута, пред формирањето на евро-зоната, пред почетокот на овој нов ЕвроБолшевизам кој се заканува да завладее со Европа.

Ако ја остават Грција да излезе од евро-зоната и да си ја врати драхмата, Грција ќе може да го репрограмира својот долг, грчката економија ќе се стабилизира, а од кризата во Грција последици ќе трпи само Грција, а не и сите останати држави членки на евро-зоната, или уште полошо, сите останати држави членки на ЕУ.

Тоа не е пукање во сопствена нога, туку секоја држава да може да си ја води својата економија како што сака.

На мене ми е полесно кога знам дека мојата влада донесува одлуки во мое име бидејќи јас сум ја избрал за да ги донесува тие одлуки во мое име, а не затоа што Брисел така и рекол, живееме во независни држави, а не во протекторати.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.233
Поени од реакции
18.054
Ако ова се случи ќе имаме интересна наредна деценија, особено ние на Балканов. Реално, ако ја исклучиме желбата да ја гледаме Грција crashed and burned :D, нас не ни одговара економско пропаѓање на унијата. Ама сме издржале разни чуда, ќе го издржиме и ова, плус е доста интересно. :)
Не дај боже да живееш во интересни времиња.

Сигурно си слушнал за оваа народна мудрост. Мислам дека нема да ти биде ич интересно.
--- надополнето: Oct 26, 2011 6:45 PM ---
На мене ми е полесно кога знам дека мојата влада донесува одлуки во мое име бидејќи јас сум ја избрал за да ги донесува тие одлуки во мое име, а не затоа што Брисел така и рекол, живееме во независни држави, а не во протекторати.
Првиот момент кога ќе се откажеме од Европа и нејзините вредносни норми (читај германските) ние ќе се претвориме во диктатура. Помека потврда нема значение.
Потоа ни следи војна, со поделба по етнички линии.

Видов како беше во 2001, ќе биде пак исто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom