Z
zmej gorjanin
Гостин
Ако на Грците не им се среди ситуацијата, тие сами ќе бараат излегување од еврозоната. Во услови на долг од 130 милијарди евра кој што претставува 113 % од аутпутот на земјата, како и дефицит од 12,7 % кој што според критериумите на ЕУ мора да биде максимум 3%, самата ЕУ се двоумеше дали да и помогне на Грција. Доколку и помогнеше на Грција, ЕУ ќе дадеше негативен пример и за останатите членки кои што би можеле да станат инсолвентни како на пример Португалија, Шпанија, Италија па дури и Ирска и кои би го следеле примерот на Грција. Доколку не и помогне, а Грција не успее да си ги плати долговите тоа ќе биде силен удар врз еврото проследен со големо паѓање на вредноста. Така да сега за сега Грција е оставена сама на себе да си ги решава проблемите, а ЕУ и даде само политичка поддршка во таа насока. Доколку со овие мерки кои сега ги превзема, Грција не успее да постигне резултати тогаш најдобро би било Грција да излезе од еврозоната и да си ја воведе старата валута Драхмата, која што би можела да ја девалвира се со цел намалување на дефицитот и зголемување на извозот а во тој случај би можела да добие помош и од ММФ.