Германија бара Гејлада да биде исфрлена од еврозоната

Z

zmej gorjanin

Гостин
Ако на Грците не им се среди ситуацијата, тие сами ќе бараат излегување од еврозоната. Во услови на долг од 130 милијарди евра кој што претставува 113 % од аутпутот на земјата, како и дефицит од 12,7 % кој што според критериумите на ЕУ мора да биде максимум 3%, самата ЕУ се двоумеше дали да и помогне на Грција. Доколку и помогнеше на Грција, ЕУ ќе дадеше негативен пример и за останатите членки кои што би можеле да станат инсолвентни како на пример Португалија, Шпанија, Италија па дури и Ирска и кои би го следеле примерот на Грција. Доколку не и помогне, а Грција не успее да си ги плати долговите тоа ќе биде силен удар врз еврото проследен со големо паѓање на вредноста. Така да сега за сега Грција е оставена сама на себе да си ги решава проблемите, а ЕУ и даде само политичка поддршка во таа насока. Доколку со овие мерки кои сега ги превзема, Грција не успее да постигне резултати тогаш најдобро би било Грција да излезе од еврозоната и да си ја воведе старата валута Драхмата, која што би можела да ја девалвира се со цел намалување на дефицитот и зголемување на извозот а во тој случај би можела да добие помош и од ММФ.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ниту Грција ќе излезе од евро зоната, ниту ќе се случи некаков притисок ...РЕАЛЕН за да се опамети , ниту Германија НАМА да ја санира.......Грција е бе ИЗМИСЛЕНА од германските романтични археолози и англичанецот со чудни склоности познат како Бајрон, нормално во интерес на интересот на сопствените империи.............тие во многу позаебани ситуации , беспоговорно ја поддржувале, дури и газејќи по лешеви, за да сега го остават на цедило своето милениче...за неколку десетини пишливи милијарди евра , кои лесно ќе ги исцицаат од второстепените народи наоколу:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
kano напиша:
да, ама со одредени услови...нема туку така да им дадат пари... ќе видиме сега кој и за што ќе ја стиска грција... едно е дефинитивно, дека еу ја стиска грција за името наше, ама до каде ќе одат притисоците ќе дознаеме набрзо...
Сигурно за тоа ќе ја стиска ЕУ,цела фама за нашето име:))
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ако на Грците не им се среди ситуацијата, тие сами ќе бараат излегување од еврозоната. Во услови на долг од 130 милијарди евра кој што претставува 113 % од аутпутот на земјата, како и дефицит од 12,7 % кој што според критериумите на ЕУ мора да биде максимум 3%......


Kolkav e dolgot na Grcija?
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
kano напиша:
да, ама со одредени услови...нема туку така да им дадат пари... ќе видиме сега кој и за што ќе ја стиска грција... едно е дефинитивно, дека еу ја стиска грција за името наше, ама до каде ќе одат притисоците ќе дознаеме набрзо...
Сакам да кажам дека сите овие нешта, нема да влијаат во наша полза околу името како што сакаме да се надеваме. Дај Боже да грешам! Еден е проблемот на ЕУ- со нејзината членка Грција со економскиот колапс, а заеднички е проблемот на ЕУ и нејзиното лигаво галениче со нашето име. Затоа и толку го развлекуваат.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ако на Грците не им се среди ситуацијата, тие сами ќе бараат излегување од еврозоната. Во услови на долг од 130 милијарди евра кој што претставува 113 % од аутпутот на земјата, како и дефицит од 12,7 % кој што според критериумите на ЕУ мора да биде максимум 3%......


Kolkav e dolgot na Grcija?
Моја грешка, 300 милијарди евра :smir:
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Убаво ви вели concrete. Темава е многу повеќе поврзана со политиката на трите големи сили (Германија, Франција, Британија) кон Грција, него со економија. Исфрлање на Грција од еврозоната не е воопшто реална опција.
 
H

^HITMAN^

Гостин
kano напиша:
да, ама со одредени услови...нема туку така да им дадат пари... ќе видиме сега кој и за што ќе ја стиска грција... едно е дефинитивно, дека еу ја стиска грција за името наше, ама до каде ќе одат притисоците ќе дознаеме набрзо...
Како да не, Еу ја стиска единствено Македонија со тоа што го вметна проблемот со името во извештајот, со изјавите на Фуере за можна дестабилизација ако не се реши проблемот со името... Кај го виде притисокот врз Грција по однос на прашањето за името?:tapp:

И да се разбемере, изфрлање на Грција од еврозоната не значи исфрлање од Европската Унија.Многу земји (пример Бугарија) се во ЕУ но не се во евро зоната. Доколку Грција биде исфрлена од еврозоната, ќе се растовари курсот, а потоа Грција ќе може да избира дали ќе се врати на Драхмите или ќе го задржи еврото како платежна валута
 
B

Borg_Drone

Гостин
Грција ќе биде исфрлена од еврозоната, но нема да биде исфрлена од ЕУ. Па таа го има едно од најважното пристаниште во Европа под нејзина контрола, поради тоа и беше примена во НАТО, и поради тоа и беше „подарена“ нејзината независност.Се знае дека нема да излезе од ЕУ.
А од еврозоната се знае дека ќе биде исфрлена, па државите како Англија (7 милијарди фунти) и Германија не се луди да влегуваат во криза само поради долговите на Грција.

http://www.dailymail.co.uk/money/article-1242002/Britain-faces-7bn-bail-Greece-eurozone-crisis-continues.html

Although Britain is not in the eurozone - and despite the fact that many of Greece's problems arise from it having joined the single currency - the UK could be forced into part-funding a bailout under the EU treaty if a majority of other members vote for it.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114

Kajgana Shop

На врв Bottom