Геополитички размислувања за минатото и иднината на Македонија

Член од
22 јуни 2022
Мислења
944
Поени од реакции
1.213
Ова е навредливо. Две сосема различни ситуации опишуваш. Овде Албанците уште тогаш ги имаа сите права како и Македонците (па и повеќе од нас). Таму во Украина на ентичките Руси (набројувам):
- им го забранија јазикот
- не само што го укинаа како службен јазик туку и го забранија и во училишта и на јавни места, палат руски книги
- буквално од 2014-га навака не престанаа да ги бомбардираат градовите со етнички Руси, како Доњетск
- им ги забранија политичките партии на етнички Руси, многу од повидните политичари вонсудски им ги ликвидираа
- ако фатат некој нешто јавно да каже про-русија, ги малтретираат, ги врзуваат голи за бандери, итн, има и убиства
- итн, итн

Дали бе било што од ова им се случи на Албанците во Македонија?
Навредлива е споредбава, пошто ни ја навредуваш интелегенцијата и нашата и својата кога вака ги поистоветуваш работите како да се исти... Не само што не се исти, туку не се ни слични. Ни малку.

Како што ти напиша Берик или колосално... ништо не разбираш. Или се правиш дека не разбираш заради нешто друго. Како и да е - не си во право. Ниту малку не си во право, ништо од тоа што го кажа не ти држи вода.
Скроз исти ситуации се тие Ванче, дури поекстремна беше ситуацијата во Украина, имајќи во предвид дека украинците се жртви на претходен геноцид од Русија, и во континуитет од 91ва до денес создаваат конфликти и инсталираат тероризам во донбас.

Така со тероризам им го земаа Крим, ги тероризираа уште 8 години во Донбас, за на крај конечно да се приклучи и официјално руска војска и да окупира територија и да им врши нов геноцид и да си прогласуваат нови терористички ДНР/МНР државички ала ИСИС.

Ова за службен јазик, руски книги палење, голи за бандери и другите глупости што си ги пишал, се пропаганда за вашето русофилско клубче. Ич не се мачи.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.615
Поени од реакции
5.227
Се си е легитимно и легално и по прописи. И за Крим и за Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кои де јуре се руска територија, а наскоро и де факто ќе бидат руска територија. И не само овие, и други региони ќе бидат руски ако не планираат оние преку барата да ја завршат војната, а не планираат, и се тоа ќе биди легитимно и легално и по правилата на правото на силата воспоставени од тие преку барата. Ако тие можат и имаат право да окупираат и срамнуваат со земја држави и на другиот крај на светот и со милиони цивилни жртви, тогаш Русија уште повеќе има право да неутрализира закана по својата национална безбедност која се наоѓа на нејзината граница вклучувајќи и воена сила за таа цел и при процесот на неутрализирање да има минимални цивилни жртви и да заземе територии со согласност на жителите на тие територии дадена на референдум. Дали и колку ќе остани од Украина целосно зависи од тие преку океанот, колку повеќе ја продолжуваат борбата на своите пиони против Русија толку помалку ќе ја има Украина.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.022
Ова за службен јазик, руски книги палење, голи за бандери и другите глупости што си ги пишал, се пропаганда за вашето русофилско клубче. Ич не се мачи.
Сето тоа се многу лесно проверливи факти.
Би требало до сега да научиш како се дискутира: Се разменуваат аргументи и факти. Еве со една минута пребарување ќе најдеш дека рускиот јазик е забранет во Украина после Мајдан.
Во контраст, Албанскиот јазик е дури и официјален службен јазик во Македонија.

Украинците после Мајдан забранија секаква опозиција, не само проруски политички партии. Политичари се ликвидирани јавно (сето ова се лесно проверливи факти).ж
Во контраст, албанските партии не само што не се забранети во Македонија туку нашите „сојузници“ САД ни уведоа нонсенс правило според кое во секоја македонска влада мора да влезе албанската партија ДУИ. Не може да има влада без ДУИ, буквално амбасадорот им интервенираше кога македонска партија се обиде да направи влада со друга албанска партија.

Спредбата е за целосно неслични ситуации, целта е провидно играње на емоции и манипулација. Веројатно и пали кај некои неуки секојдневни луѓе.

Скроз исти ситуации се тие Ванче, дури поекстремна беше ситуацијата во Украина, имајќи во предвид дека украинците се жртви на претходен геноцид од Русија, и во континуитет од 91ва до денес создаваат конфликти и инсталираат тероризам во донбас.

Така со тероризам им го земаа Крим, ги тероризираа уште 8 години во Донбас, за на крај конечно да се приклучи и официјално руска војска и да окупира територија и да им врши нов геноцид и да си прогласуваат нови терористички ДНР/МНР државички ала ИСИС.
Инфантилно ти е и однесувањето (упорното насловување во деминутив), инфантилно ти е и разбирањето на работите. Дефакто и дејуре после Мајдан 2014-та па наваму САД после инсталирање на своја власт во Украина, ја провоцираат Русија да почне војна против Украина. Во 2022-тата работите дојдоа до таму да РФ повеќе штета има од игнорирање на акциите на САД, отколку од војна. И би, војна.

Тоа нас нѐ засега многу, затоа што сега како држава сме насила внесени во воен сојуз со САД и како нивни вазали беспотребно си ја ризикуваме безбедноста заради нивни империјалистички интереси.
 
segafredo

The Grey Cardinal
Член од
21 ноември 2022
Мислења
296
Поени од реакции
563
Според тебе нашите „партнери“ и „сојузници“ САД и западот, тие повеќе ги почитуваат Шќиптарите? Па затоа нас од добиена војна не натераа да капитулираме а нив воено со оружје и офицери/инструктори активно ги помагаа, па дури на крај од губитници ги направија победници?
Ставете се во кожата на Американците во тоа време. Што знаат за Македонија? Новоформирана државичка со силно српско влијание. Дополнително, ја запаливте и амбасадата. Во оваа ситуација, поддршката за УЧК беше природна одлука за САД во тоа време
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.022
Ставете се во кожата на Американците во тоа време. Што знаат за Македонија? Новоформирана државичка со силно српско влијание. Дополнително, ја запаливте и амбасадата. Во оваа ситуација, поддршката за УЧК беше природна одлука за САД во тоа време
Велиш да ги разбереме Американците. Да им го свртиме и другиот образ веројатно?

Амбасадата не менува ништо во големата слика, сите одлуки биле донесени многу порано. Во геополитиката не се игра спонтано и емоционално.
Инаку баш тоа е поентата која ја посочуваш (и фала ти за тоа): Американците си имаат свои интереси - и тие интереси се целосно спротивни од македонските интереси.

Што побрзо луѓево го разберат ова, толку подобро.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.671
Поени од реакции
5.352
Ама да ми кажеш дека САД нема ништо со тоа што ние сме тука албански слуги (за нив не важат закони, само за нас, им плаќаме струја и даноци и тн.итн.), тоа е малку навредливо. Или си бескрајно глуп, што ваљда не си, или ти е јасно, ама од други причини не го признаваш тој факт.
Каде кажав дека САД нема ништо со тоа?! Или си читаш така како што сакаш да читаш, па си извлекуваш од ракав каде јас ги амнестирам САД од 2001-ва? Само што малку ми е различен пристапот мене, повеќе самокритичен. Прво вината за неуспехот си ја барам во сопствените редови, а од страна не очекувам никој да ни помогни ако нема интерес за тоа. Добропозната ни е улогата на САД во војната, и не треба да разлагаме.

Арачиново пример се колебаа нашите многу. Им остаја простор да се прегрупираат и да се извлечат. Значи, и Панде Петровски рече дека Арачиново мораше да се постапи доста поинаку.
Практично прашуваш што ќе се случеше ако САД сакаа да ја зачуваат Југославија како држава?

Како бе ќе се случело со нас ако САД не ни ја признаеја независноста?
Па токму САД се директно одговорни за распаѓањето на Југославија, нивно дело е процесот кој доведе до распаѓањето. Дел од тој процес беше директна подршка за новите држави Словенија, Хрватска, Босна, и се разбира и Македонија. Нормално дека нѐ признаа и тоа со двете раце потпишаа, па во нивни интерес беше никако да не останеме во федералната држава.

Само наивни луѓе прашуваат вакви работи. Ова е како на пример сега САД што толку активно работат за Русија да се распадне што буквално ризикуваат трета светска војна, и ако успеат демек потоа нема да ги признаат новите државички (и да си инсталираат таму свои полтронски марионети како Заев и сличните)? Веднаш ќе ги признаат, ма први „другари“ ќе им бидат.
Прво Германија е таа што најмногу ровареше да се растури Југославија. Не дека и САД го немаа истиот интерес, но Германија и нејзините тајни служби најмногу работеа да се растури државата.

И на крајот пак дојдовме до моето, ИНТЕРЕСОТ. САД имаа интерес да не признаат како држава, и не признаа. Сега не напикаа во НАТО, нивни интерес беше да СИ ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО, и си ГО СМЕНИВМЕ. Сами. И што презедовме? 200души пред собрание, и лаење по форуми и фејсбук „Никогаш Северна, Само Македонија“.Конкретен чекор?! Аш. Епа со патриотизам по статуси,коментари и постови бато не се бранат интересите на државата. Одржавме референдум седејќи дома, оставивме лагано опцијата ЗА да помини, наместо масовно да се води кампања за да се гласа против, нас ни посадија кукавичко јајце и се бојкотираше. Не дека ако победеше опцијата НЕ, овие насилници на власт немаше да го сменат името и покрај тоа, ама ќе стоеше дека ние како држава и како народ на ова наше парче земја, цврсто застанавме ПРОТИВ промената на името. Ние? Си преседавме дома....Епа чорба....Бојкотирање на најважното прашање после референдумот за независност го славевме како победа...И после ќе ми речи некој немаме ропски менталитет....Прво мора да си признаеме...Болеста се лекува кога прво ќе си речиш себе „Чекај малку, јас имам вирус и сум болен. Што треба да направам?“ Така и со ова...

САД ги поддржуваат Албанците, не оти многу му се лични и убави, и не дека ги сакаат нешто повеќе од нас. Туку тие се држат еден со друг, нонстоп си ја тераат својата зацртана агенда, си го тераат она што им е замислено, силна дијаспора, си помагаат еден со друг. Додека истовремено, нашите оќореа од тендери, мендери, директори, управни одбори итн, едните државно другите локално (со чест на исклучоци) и затоа е ваква состојбата апатична, и допрва иди полошо.

Да, без амин на УСА нема властодржец во државава, но ако народот цврсто 60-70% застани зад една опција, тогаш неможат толку лесно да постават на власт свои марионети. Ама ние не сме за жал таков ков на народ.

Реков јас и пак ќе речам. Се дури КУКАМЕ како сите се против нас, наместо да засукаме ракави, да извајме картите на маса, да видиме нешто што можи да го „понудиме“ за да си оствариме ние сопствен интерес, ни никогаш за жал нема да мрдниме од мртва точка. Крај. Имаме две опции: Или ќе се предадеме на апатијата, летаргичноста и она класичното македонско не го ваѓам кубурот за црни деној ми е, или ќе почниме да си го менуваме мајндсетот и ќе почниме да се однесуваме малку поагресивно, и со повеќе самопочит. Тогаш и другите ќе почнат да те почитуваат.
Ова е навредливо. Две сосема различни ситуации опишуваш. Овде Албанците уште тогаш ги имаа сите права како и Македонците (па и повеќе од нас). Таму во Украина на ентичките Руси (набројувам):
- им го забранија јазикот
- не само што го укинаа како службен јазик туку и го забранија и во училишта и на јавни места, палат руски книги
- буквално од 2014-га навака не престанаа да ги бомбардираат градовите со етнички Руси, како Доњетск
- им ги забранија политичките партии на етнички Руси, многу од повидните политичари вонсудски им ги ликвидираа
- ако фатат некој нешто јавно да каже про-русија, ги малтретираат, ги врзуваат голи за бандери, итн, има и убиства
- итн, итн

Дали бе било што од ова им се случи на Албанците во Македонија?
Навредлива е споредбава, пошто ни ја навредуваш интелегенцијата и нашата и својата кога вака ги поистоветуваш работите како да се исти... Не само што не се исти, туку не се ни слични. Ни малку.
Навредливо? :) Ајде бе, ти од Доњецк да не си па да не те навредив?

Прво, што од ова што го напишав не е точно:

2001 - борба за човекови права на Албанското малцинство, Албанците во Македонија биле малтретирани, дискриминирани (всушност, борба за територии), САД вршат притисок врз Македонскиот естаблишмент да попушти Арачиново. Вие овде со дрва камења.

И кој го навредив јас со ова? Зарем ова не се факти? Прво, кренаа бунт за територии, после ги расшлапа некој дека многу завзедоа па после почна да се користи онаа флоскулата „борба за човекови права“.

-Е сега малку за службениот јазик. Ете, точно, Рускиот беше службен покрај Украинскиот во Украина, и 2018 мислам беше го укинаа на ниво на цела држава (но не во регионите каде живеат Руси). Не манипулирај со тоа. Епа ете повлечи си паралела, во Украина ете да земеме живеат 25%-30% Руси, во Македонија (според пописот, а не знам каква е реалноста, живеат 23-24% Албанци. Си да биде албанскиот службен во Гевгелија? Ако сакаш Рускиот да е службен во Украина, тогаш ќе сакаш и Албанскиот да е во Македонија, ако не е така, си лицемерен. И немој сега со тие финти, не е исто. Епа не е исто да борчиш 1000 евра и да ти борчат.

-Манипулираш за политичките партии. Политичките партии беа УКИНАТИ, после агресијата од страна на Русија врз Украина. Ти не би блокирал и забранил дејствување на непријателот во сржта на твојата држава, како што своевремено во Турско, кога нашите си дозволуваа да хараат грчки попови тука.

-За книгите, и за тоа кажуваш делумно како што е, а не цела вистина. Пред да почне војната во Украина секој што влегуваше во земјата можеше да носи по 10 книги купени од Русија. После војната, без одобрение не смее да се внесе книга од Русија и Белорусија во Украина, пред да биде оценета дали во неа содржи анти-Украинска пропаганда од страна на Русија. Ти би дозволил некој во твојата земја во воени услови да ти врши класична кгб пропаганда на население на твоја територија? Никој не би дозволил..А за палењето книги, тоа ти е дело на крајни-десничари, а не е државна политика.

-Ако кажеле некои дека се прорусија ги врзвале за бандери? Да, сега за време на војната. Пред тоа немаше врзвање за бандери, познавам Украинец од Харков, мајка Русинка, татко Украинец, и баш за тоа го прашував, и велеше дека ги врзуваат за бандера и некоја традиција му било (порано ги врзувале на сред населено место за дрвја некои сограѓани кои им биле комшии а работеле против нив). Тоа му била традиција, како што Индијанците тие индијанци што соработувале со Каубојците кога ќе ги фателе ги пикале во масло, па во пердуви од кокошки, и ги врзувале и ги качувале на коњ и ги пуштале така....Тоа е поентата за врзувањето на бандери.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.022
Прво вината за неуспехот си ја барам во сопствените редови, а од страна не очекувам никој да ни помогни ако нема интерес за тоа. Добропозната ни е улогата на САД во војната, и не треба да разлагаме.
Кажуваш дека „вината за неуспехот си ја барам во сопствените редови“ ама реалноста дека улогата на САД е директно присилување да потпишеме капитулација.
Когнитивна дисонанца нешто?

Одржавме референдум седејќи дома, оставивме лагано опцијата ЗА да помини, наместо масовно да се води кампања за да се гласа против, нас ни посадија кукавичко јајце и се бојкотираше. Не дека ако победеше опцијата НЕ, овие насилници на власт немаше да го сменат името и покрај тоа, ама ќе стоеше дека ние како држава и како народ на ова наше парче земја, цврсто застанавме ПРОТИВ промената на името. Ние? Си преседавме дома....Епа чорба....Бојкотирање на најважното прашање после референдумот за независност го славевме како победа...И после ќе ми речи некој немаме ропски менталитет....Прво мора да си признаеме...Болеста се лекува кога прво ќе си речиш себе „Чекај малку, јас имам вирус и сум болен. Што треба да направам?“ Така и со ова...
Референдумот дефакто и дејуре пропадна, и опцијата ЗА им пропадна. Бојкотирање е легитимно демократско право, посебно кога самото учество дава легитимитет на целата фарса.
Толку ли си скаран со реалноста и фактите? Тажно. :(

Ропскиот менталитет е дел од пропагандата на петтата колона, а зошто веруваш во тоа самиот треба да се запрашаш себе.

САД ги поддржуваат Албанците, не оти многу му се лични и убави, и не дека ги сакаат нешто повеќе од нас. Туку тие се држат еден со друг, нонстоп си ја тераат својата зацртана агенда, си го тераат она што им е замислено, силна дијаспора, си помагаат еден со друг. Додека истовремено, нашите оќореа од тендери, мендери, директори, управни одбори итн, едните државно другите локално (со чест на исклучоци) и затоа е ваква состојбата апатична, и допрва иди полошо.
...
Реков јас и пак ќе речам. Се дури КУКАМЕ како сите се против нас, наместо да засукаме ракави, да извајме картите на маса, да видиме нешто што можи да го „понудиме“ за да си оствариме ние сопствен интерес, ни никогаш за жал нема да мрдниме од мртва точка. Крај.
Не можеш ти да ги замениш Шќиптарите, никој во соседството не може. Кој од нас ќе си ги прати децата примат вахабистички ислам и да колат луѓе и да сечат глави по Сирија, Либија, Блиски Исток?

Еден познаник еднаш кажа, на моја замерка дека свирка по премногу млади девојки: „Што можат тие со смеење, ти не можеш со плачење“. Малку хумористично но целосно применливо во ситуацијава.

**споредбата на Шќиптарите со Русите во Украина**
Шќиптарите немаат видено ни 0.01% од репресиите и геноцидот што го доживуваат Русите во Украина. Ти покажав со примери, документирано е сето тоа во мноштво докази.
Ретардирана наратива е споредбата, и искочена од северџанската пропагандна кујна на петтоколонашите. Колку поскоро се освестиш дека повторуваш нечија пропаганда, толку подобро за тебе... И за нас.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.150
Поени од реакции
4.921
Инфантилно ти е и однесувањето (упорното насловување во деминутив), инфантилно ти е и разбирањето на работите.
инфантилно (илити емоционално незрел) = 84.3
Имаш преблаг речник се работи за посериозно ....
90.2 или 92 = природно г...

Велиш да ги разбереме Американците.
Да, зошто вие-ние Македонците немаме разбирање за Американците?
Зошто немаме разбирање за нивното право да владеат со светот?

Референдумот дефакто и дејуре пропадна, и опцијата ЗА им пропадна. Бојкотирање е легитимно демократско право, посебно кога самото учество дава легитимитет на целата фарса.
Их, ти уште се малтретираш и објаснуваш за правото на избор - односно дека секој полнолетен има право да гласа онака како мисли, а кога е во прашање референдум тогаш гласањето “Пртоив“ или не-излегување на гласање е едно те исто. Ако ова некој не сака или не може да го разбере а сака да го проблематизира, губење на време е секое појаснување.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.022
Ова последново е малку покомплексно... Ќе се обидам да објаснам.

Генерално имаме 4 блокови гласачи, и еден додатен фактор кој ќе го објаснам на крај.
Прв и втор блок се Македонците, поголемиот дел се родољуби ама има и солиден дел северџани - помал дел ама дел кој не е занемарлив.
Третиот блок се Шќиптарите, се работи за блок кој во однос на ваквите прашања е монолитен и неприродно зголемен со исселени и државјани од соседни држави. Со оглед на ова и големата излезеност има солидно значење во секои избори.
Четвртиот блок се оние кои ги нарекувам „куqоболци“. Тоа се оние кои по автоматизам ама баш никогаш не гласаат. Мал дел од нив тоа го прават од револт (и неразбирање), поголемиот најголемиот дел заради себичност и мрза да мрднат и со прстот да направат нешто за заедничко добро. Се работи за солидно голем блок, сите познаваме еден куп вакви.

Во последниве години вториот и третиот блок гласаат заеднички за скоро сите прашања. Во комбинација со промените во регулативите - со кои прагот за минималната излезеност на гласање е спуштен на смешно мала вредност - апстиненцијата на четвртиот блок (негласачите) е направена неважна. Вториот и третиот блок го надгласуваат првиот блок, и практично владеат со државата. Под директива од Кале, се разбира.

Во ситуација на гласање за исклучително важни моменти, како промената на името, разумните од првиот блок разбираат дека единствен начин за спречување на исходот од гласањето е коалиција со четвртиот блок. Родољубите се приклучуваат кон негласачите за да не може да помине и нискиот праг за минимум излезеност на гласање.

Факторот кој реков дека ќе го оставам за крај е лажирањето, односно местењето на гласањето во одредени изборни единици каде комисискиот состав на изборните комисии им е поволен. Ова служи за да го максимизира исходот од вториот и третиот блок, колицијата на северџаните и Шќиптарите и сето тоа се разбира, е под директна директива од Калето.

Појаснување: Северџани не се исклучиво припадници на сдс, има многу и од вмро дпмне кои по инструкции гласаат против националните интереси (како на гласањето за територијални промени на општините).
Автоматски споено мислење:

Да, зошто вие-ние Македонците немаме разбирање за Американците?
Зошто немаме разбирање за нивното право да владеат со светот?
Не нѐ есапат ни за да ни понудат минимум нешто малку за да соработуваме со нив. Очекуваат дека на сила и со одработувањето на петтата колона и корисните идиоти од северџаните, дека тоа е доволно за да се обезбеди нашата соработка. За жал, извесно е дека се во право... Но се надевам дека некогаш ќе дојдеме до критичната маса за било какви промени.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.150
Поени од реакции
4.921
Во ситуација на гласање за исклучително важни моменти, како промената на името, разумните од првиот блок разбираат дека единствен начин за спречување на исходот од гласањето е коалиција со четвртиот блок. Родољубите се приклучуваат кон негласачите за да не може да помине и нискиот праг за минимум излезеност на гласање.
Како што реков понекогаш површно гледаш-објаснуваш многу важни работи.
Не се работи за промена на име на државата туку се работи за ПРОМЕНА НА ИДЕНТИТЕТ, во случајов идентитетот на Македонците.
Клучното прашање е по кој основ не-македонци преку гласање одредуваат идентитет на Македонци, односно во промента на името на државата се ВМЕТНА и промена на идентитетот на Македонците за кое нешто гласаа и Власи и Арнаути и Турци итн итн, вакво нешто до сега во историјата не е забележано.

На секое “зошто“ има “затоа што“.
Изминаа 3 децении од излегувањето-раздружувањето на Македонија од Југословенската федерација, поточно тоа се случи на 22 мај 1992.
Доволна временска дистанца да се види дека Македонија не беше подготвена за осамостојување од федерацијата.
Како прво веднага ни насадија пробугарски и антимакедонски елитен клуб (во форма на демократски елити кои во основа беа потчинети на надворешни центри на моќ поточно САД и Германија) кој не донесе до оваа;
како второ-ни воведоа етничка демократија (партиско делување и организирање по етнички принцип) со што во старт не осудија на умирање на рати;
како трето - немаше сенс кај академските кругови да ги согледат тие процеси и да промовираат современ македонски концепт;
итн
итн
за причините кои доведоа до овие последици треба цел едн форум.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.022
Прав си, не го спорам напишаното. Со тоа што јас првенствено го објаснував изборниот модел кој ни е наметнат овде.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.348
Поени од реакции
4.484
Инфантилно ти е и однесувањето (упорното насловување во деминутив), инфантилно ти е и разбирањето на работите. Дефакто и дејуре после Мајдан 2014-та па наваму САД после инсталирање на своја власт во Украина, ја провоцираат Русија да почне војна против Украина. Во 2022-тата работите дојдоа до таму да РФ повеќе штета има од игнорирање на акциите на САД, отколку од војна. И би, војна.
На Американците еднашка им успеа да нас‘скаат една држава против друга, поточно наци Германија против СССР, па ако еднаш им успеа, зашто не би им успеало по втор пат?...
Автоматски споено мислење:

Тоа нас нѐ засега многу, затоа што сега како држава сме насила внесени во воен сојуз со САД и како нивни вазали беспотребно си ја ризикуваме безбедноста заради нивни империјалистички интереси.
Се потпишувам на ставов...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.022
На Американците еднашка им успеа да нас‘скаат една држава против друга, поточно наци Германија против СССР, па ако еднаш им успеа, зашто не би им успеало по втор пат?...
Тогаш еднаш ги нас‘скаа. Оттогаш се нивни кучки и вазали, сега само ги командаат.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.671
Поени од реакции
5.352
Кажуваш дека „вината за неуспехот си ја барам во сопствените редови“ ама реалноста дека улогата на САД е директно присилување да потпишеме капитулација.
Когнитивна дисонанца нешто?
Добро, зошто ми верглаш исти работи кога и јас се сложив дека САД ги поддржуваа директно Албанците во 2001ва, како и на Косово? Еве и со големи ќе ти напишам „САД ГИ ПОДДРЖУВАА АЛБАНЦИТЕ ВО 2001ва ГОДИНА ВО КОНФЛИКТОТ“ И сега пак ќе ме цитираш и пак ќе ми ги кажваш САД вакви такви...Па побогу,јас немам проблем да пишам каде се САД/Русија/Германија во право, а каде не. Ама си читаш тоа што сакаш да читаш, и го интерпретираш како ќе ти дојди, но со тие куршуми не.

Само јас реков вината прво кај нас ја барам, и не сакам да кукам. Цела историја кукаме за неправда која ни е нанесена, и ништо конкретно не сме презеле, и ни се случува неправда зошто не учиме како народ од историјата. Ти и сличните тебе, сметате дека треба да продолжиме со кукање, јас сметам дека треба да ја смениме плочата. Право на избор и различно размислување. Затоа е и форумот така?! Или не?

И сега, ако мислам дека САД се виновни за војната во Македонија, да не треба да ја оправдувам Русија за убиствата и за злото што го прави во Украина? Не Ванлок, јас и да ги смениме улогите на Русија со САД, и на Мексико со Украина, истите работи што ги пишувам за Русија ќе ги пишувам за САД. Само вие тоа не можите (или не сакате) да го сфатите, дека некој стреми да е неутрален колку што можи. Ама вие што сте путинољубците, тоа не ви е уште поимливо..Ако де, има време, ќе се поправите.....
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.766
Поени од реакции
5.034

САД се најмоќна и демократска земја и мораме со нив. 2001ва беше наша грешка што не обезбедивме подршка од САД тоа е поради Македонските грешки со Србија од 90ти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom