Дај да го видиме тој плебесцит или вака од ракав вадиш бројки?
Да, во право си од ракав извадив бројки. Не се 94%, моја грешка 93.5% се. Во Скопје од 8,698 христијански фамилии 8,131 се присоединиле кон Егзархиjата. Во Охрид бројката е уште поголема од 9,387, дури 9248 фамилии и пристапуваат на Егзархијата. Што мислиш ти како е воведена егзархијата? Морало 2/3 од христијаните да и пристапат за да биде одобрена на тоа место, а за да не се лути Патријаршијата дозволено е да си ги задржи верниците што не сакале во Егзархијата. Е сега колку можеле на сила да ги тераат луѓето 1874 година да стануваат егзархисти, дел од црква што до 1945та е во шизма и на народ без своја држава. Стави малце прст на чело, како дури и во Куманово башиот бастион бројот на Егзархистите е 5 пати поголем од тие што припаѓале на Патријаршијата.
Егзархијата на територија на цела Македонија во 1900 година опфаќа 80% од словенското христијанско население, втори се гркоманите и тек вашите на крај. Отвори, гуглај, читни нешто малку повеќе.
Инаку, твоите бугари 1915 убиваат 400 српски деца во охрид, кои се обидуваат да побегнат од окупираниот дел од нив во Грција, 1925 Краљевина подигнува споменик, 1941 бугари го рушат, прашање е зошто?
Мило за драго. Кога ги уништувавте гробовите, кога ги избрквте поповите, ги затворивте сите школи и убивавте и затваравте кога некој ќе ви преречеше тогаш беше арно. Интересно е како всушност локалците се тие што ги протеруваат српски колонисти и администрација во Македонија и што ги рушат сите ваши споменици. Бугарите доаѓаат месец-два после германците.
Инаку масакрите во Македонија ги прави 11та македонска дивизија, речиси исклучиво составена од локални македонски војници.
бидејќи да се избрише секој српски траг на овие територији, еии 400 деца за кои е подигнат споменик овие го рушат, само немој со ти причи демек локално население, локално население имало 16 години време да го сруши:
16 години кога вреие од војска и жандармерија. Ти кажаа бројките тука, во Македонија состојбата е како денес во Палестина кога се во интифада.
инаку еве ги „окупаторите“ со месноте население во 1937 година: и тоа и те како“ незадоволни’:
ова за пренесувањето на посмртнитее останки што зборев.
Се собрале колонистите, по некој србоман и војска да присуствува. Како тоа 41ва бугарите се пречекани со цвеќе? Или се шизофрени овие локалниве или неко меџу нама није наш.
Зашт бе вака ми улетуваш а ти кажав дека јас бев на таа трибина, значи се свиреше химната бидејќи извадија грчко знаме, а не како против србија, туку македонците во знак на револт ја исвиркаа химната ради грчкото знамее, дури и ќотееци со полицијата имаше за тоа знаме, зашто вака трескаш глупости кога и сам знаеш зошто беше свирена химната.
Форумот освен ти како бугарски усташ, бланко, каљехон и оној куртонот ставро друг нема никој анимозитет према србите, друже како ти и јас тука живеам шетам по цела македонија и поносно истакнувам дека сум србин и не сум имал ниту еден единствен проблем од Куманово до Струмица и од Берово до Охрид, дури на луѓето им е и мило што е така како што е.
Така и се руши сликата полека за Србија и за србите како народ. Од 90ти наваму многу е сменето. Нема никој да те нападне или да ти јаде гомна во лице (мене ко отворен „бугараш“ никој ми нема ништо промрчено дури), ама се повеќе и повеќе ја убите позиција на миленици на македонците.
третто не ми одговори за поп културата и спортот што македонците и ден днеска се ложат на српски глуимиц, пејачи, спортисти... па една пукни зоро која излезе пред 5-6 години беше во цела македонијаа попопуларна од во србија, а песмата е со наратив на враќање од војна со бугарите... се понашаш како јас да живеам во Београд па не иг знам приликите и нееприликите во државата.
Тоа што бугарите се глупи и немаат ништо направено на културно поле во Македонија е друг момент и тоа што се изгради за време на Југославија кога станува збор за музика и култура ќе трае подолго време. Инаку имаш познати бугарски пејачи тука, јас се фрапирав кога кај МОБ на настап од One love турнејата полно околу сите наизуст им ги пееа. Пред некое време на забава со едни струмичани не ги знаеа српските песни, побараа бугарско да им се пушти. Има, но не е како со Србите. 80 години во иста држава си остава трага, а кон Бугарија цело тоа време има железна завеса и бодликава жица.
Си слушнал како зборуваат во Врање, Лесковац, Призрен, Штрпце, Липљан?
Колку е тоа српски е прилично дискутабилно. Колку падежи имаат македонскиот, бугарскиот и српскиот јазик? Како се членува во српскиот?
Што равиме со Обилиќ, Цар Лазар, Косово рамно.
Друго почнува со Стефан Немања кој е пра пра дедо на Душан, аи што мислиш зошто на душан му текнало баш во Скопје да биднува цар, што не му текнало во Софија или иако ги владеел и тие територии како освајач?
Кај во Македонија народот го памти Обилиќ, Лазар, Косово и слични?
Скопје да не е случајно во самиот центар на тоа царство?
од цела средновековна историја се фаќаш за троица ликови за кои првпат слиушам дај некој амтеријал, нешто на што се заснова твоето трврдење или и ова од ракав, наспроти милион властели кои уште во камен стојат дека биле тука и владееле со овие територии.
Фали си се колку не знаеш. Самоил, син му Гаврило Радомир, и нивниот роднина Јован Владислав се последните владетели од првото бугарско царство. Сите тројца од Македонија. Колку српски цареви има од Македонија? Петар Дељан е внук на Самоил и лидер на еден од двата бунта против Византија. Ѓорѓи Војтех е локален големец останат од бугарското царство како и сите други помали бољари, кавахани кои се простираат во Македонија.
За ќустендил не им отварај уста, сигурно знаеш како е крстен и зошто е крстенали ако сакаш и за тоа ке те просветлам.
Wow Ќустендил дека е крстен по Константин и останало името ти е доказ за српство? Ќустендил е дел од бугарско царство од 789та година (прва словенска држава на тоа место!), па се до 1019 и после тоа пак од 1204 од 1282. Дел од Охридска Архиепископија (која што е бугарската патријаршија понижена во ранг) е се до средина на 16ти век. Пошто толку сакаш да броиш цркви најстарата црква во градот и околината е бугарска од 10ти век. Интересно е исто што од Пирот од другата страна најстарата црква е исто бугарска.
Тоа не е спорно, кога и сам знаеш дека Душан се прогласува за цар и на Бугари и каако освајач ги владее, што е спорно, правевме муабет за Милутин, пак ги намерно или ненамерно мешаш лончињата.
Не ги мешам лончињата, ти покажувам низ примери колку не можеш Мрњавчевиќи да ги проектираш на локалното население. Средниот век има 2 битни работи, религија и сталеж. Битно е дали си благородни од бога даден да владееш и дали си христијанин. Така било и со големците.
Значи дојдовме до примери кај што имаш јасно носени српски благородници во Македонија кои немаат допирна точка со земјата што ја владеат, имаме пример кај што бугарин за време на српска власт владее поседи во Албанија.
пак мешаш баби и жаби, мешаш православие со католицизам, мешаш сосема други околности, во недостаток на аргументи влечеш паралели кои никој жив не би ги влекол...
Паралелите се одлични, тоа што не ти одговараат и се серат на цела спрска верзија на историјата е друг муабет.
Католицизмот и православието во начинот на кој што владеат не играат улога. Во тоа време нема национални држави како што ги има денес. Имаш владетели кои владеат со одредена земја и даваат лојалност на некој крал. Тоа е тоа, каква е рајата, па и црквата се од секундарно значење.
Цел среден век во Европа е полн со такви примери. Англичаните ги владеат Нормани (французи со скандинавско потекло). Сите цркви во тој период ги градат Нормани, се клесаат како донатори на тие цркви, владеат и христијанизираат раја што нема врска етнички со нив. Денес англичаните пак имаат и името и јазикот и голем дел од културата од покерената раја, а не од норманските владетели.
Денешните национални идентитети се создавани врз историското сеќавање на тие средновековни држави, но во тоа време тие не постојат како денес.
кажими ако во црквата во таа држава биле училиштата зашто учеле тие луѓе во цркви изградени од Милутин, просто и едноставно, учеле дека се срби или бугари,
Црквата ја гради Милутин, а поповите кој ги носи? Сфаќаш дека на најголем дел од Македонија ОА сеуште постои цел тој период.
Тоа ти викаш, ниакде не пишува така, али ајде ако ти е така полесно да заспиеш во ред.
Јебига, криви го Жинзифов и тоа што го слушал од велешани.
Другар ти постирав дека Скендер бег со неговите синови собира даноци за донација за Хиландар и тоа од теериторија на денешно ростуше и маврово и што ти кажува тоа, па матер му ебем тоа е проста логика, инаку излгеа не си запознаен колку има албанизирано словенско население во скадар и околина.
Има и србизирано бугарско во Куманово и околина. Јебига, бугарин ли си ти сега?
Во кафана искрено не сум слушнал, но сум слушнал за Косовски бој, црвен цвете, за Цар Лазар, Караѓорѓе...
Се собрале комитите, Ја излези Ѓурѓо, Нешто ќе те питам бабо се тоа се песни за комити, не четници. Тие вашите песни и ако се пеат не се сметаат за свои.
Во кој град живееш бе, па овие некст тајм да не ја адаптираа на македонски за тодор александров нешто ке те питам бабо ретко кој ја знаеше таа песма,
Охх и те како се пееле тие песни, што биле со децении забранети е друг муабет. Не знам за кај тебе, но кај мене од сите страни на фамилијата и за Владо Черноземски и за Тодор Александров песните се знаеле. Не им падна на Некст Тајм од небо да запеат баш за Александров песна. Текстот е идентичен од изворната со измена на крајот наместо знамето им беше аго с'с червено, знамето им беше со црно и црвено.
во која кафана си ти излегол пред да излезе од некст тајм и да се пее таа песма, а биди искрен колку српски песми си слушнал, рецимо колку пати си ја слушнал видовдан?
Ако ги најдеш правите музичари и На завоја на Черна ќе ти ја испеат
Инаку таква струка ми е што редовно одма по кафани, аи таков карактер сум повеќе бирам кафана отоклку некој кафиќ да се гурам, јас брате никаде не сум слушнал песма за Черноземски, Мара бунева Сандански, Гоце, Даме... а веруј ми секој ден сум во кафана... рака на срце после некст тајм се појат по два три пати на вечер и толку останато е српкса музика.
Колку од таа српска музика е сметана за „наша“, а колку е за странска. Никој нема да каже е Видовдан е наша песна, а Нешто ќе те питам бабо бугарска.
Страни поназад ти ги набројав само дел од војводите што од ВМРО преминуваат да станат српски четници, српските официри исто е лесно да се набројат. Раководтстовот пак на таа организација скоро и да нема допирна точка со Македонија.
Инаку провери си ги твоите, некои од српските чети на територија на Македонија со помош на ВМРО се носени.
Године 1904. теку преговори између
Српске одбране и
Бориса Сарафова који за новац пристаје да каналима
ВМРО-а спроведе три српске чете на терен
Старе Србије и
Македоније.
Платени се добри пари, а се рачуна дека ќе ги занимаваат турците околу патријаршиските села.
Бугарите не само во ове заседни препукувања, го јадат од четниците во секојаа битка и кога се бројно надмоќни, а српските четници во локалното население имале помош во логистика и засолниште, затоа и биле толку успешни против бугарите.
Ги прогуглав сега на српска википедија сите „српски победи“. Бугарите секогаш побројни, секогаш на нив сеоски чети приклучени, ама локалното население било со четниците. Епа од каде овие биле побројни и довлчекувале селски милиции? Од небо доаѓале?
очекуеш у бугарско востание да ти се борат српски грнерали, инаку писател Анѓелко Крстиќ од Кичево, а духовници и црковни лица колку сакаш, али ееве пак да те прашам сакаш да ти ги набројувам и нив да не излезеш поруган па да ми мешаш како досега демек тоа биле конвертирани бугари?
Не очекувам да учествуваат во Илинден (ама чудно како србите кренале некое такво востание), но очекувам ако е толку српството тука вкоренето, да има востанија, да има масовни конверзии кон српска црква, да постојат некои писатели освен анонимусов Анѓелко, да се створи тука официрски кадар или било што. Како тоа имаш бугарски генерали, министри, митрополити, цела плејада писатели кои се најдобрите и најпознатите кои потекнале од Македонија, куп преродбеници? Зошто србите го немаат истото со луѓе од Македонија?
ти кажав, лазар, обилиќ и епската битка за косово... кој од бугарските краљеви и народни среедновековни хеерои е во колективното сеќавање на македноците денес?
Никој од тие не е. Не знам во која универзум живееш, но освен Марко другите не се помнат. Може кај вас во село од попот чуле, па држеле преданија. Затоа тука во Македонија и ден денешен имаш 500-600 души со имиња од прабугарски цареви и ханови.
Свесен си дека таа се пее во македонски манастир кога се пречекува бугарска делегација како во Бигорски, а од фрески те гледа Цар Душан нели мизерија и иронија во едно, свесен си дека таа бугарска песма се пее ради политичките случувања околу спц и мпц, свесен си дека на фреските се српски средновековни личности, а ти ми зборуваш се пеела некоја бугарска песма нарачана од бугарски бандит кој кољел и свои од опонентките чети, јадно.
Таа песна нарачана од бугарскиот бандит е првата химна на НР Македонија и со нејзе се отвара заседанието на АСНОМ. Зошто не се отворило со спремте се или пукни зоро? #прашањакоиштомемачат
Не е случајно тоа што комунистите ги исфрлија сите сеќавања за четниците, за патријашријата и целата српска пропаганда иако дел од македонците и се имаа приклонето. Комунистите ги земаа Гоце, Даме и другите за херои затоа што или доаѓаа од истата организација како нив и затоа што беа популарни во народот. Егзархијата и ВМРО биле одразот на волјата на убедливо најголем дел од македонскиот народ. Затоа и тие, во „прочистена“ верзија беа земени како главни фигури во градењето на македонската нација, а не Пеќка Патријаршија, Бабунски и Довезенски.