Гледам нема скоро од никој дадено објаснување за гатачките, бајачките, јасновитците, биоенергичарите и сл.
Кажавте многу примери како ви погодиле за вас, многу факти ви кажале и сл. Лечења исто така има примери и сл.
Како можат да ги знаат тие работи?
Значи поседуваат одредена моќ.
(Да се разбереме најголемиот број од овие гатачки и јасновитци сепак се ЛАЖНИ. Измислуваат работи и ти кажуваат она што сакаш да го слушнеш за пари и ништо повеќе.)
Но тука сум да зборуваме за оние што погодуваат во најголем број од случаите. Сепак колку и да се прецизни и да погодуваат факт е дека не се 100% прецизни. Дури и најдобрите како на пример што може да се рече за Ванѓа според испитувањата а нонстоп била истражувана нејзината дејност и од властите во Софија, нејзината точност на погодувањата била до 70%, видете само до 70% а што станува со останатите 30% сепак тоа не е мал број на излажани податоци и лаги за одредени поединци.
Значи факт е дека овие луге збориме само за оние што имаат повисок степен на погодувања, факт е дека погодуваат.
Но се интересирате како?
Постојат само 2 начина за човек да се здобие со овие натприродни моќи.
1. начин е да го добие од Бог. Да ја добие таа способност. Но пазете таа натприродна способност не се дава на секого, не се дава по случајност, не се добива наследно, туку се заслужува во зависност од тоа кој како го водел животот. Најчест случај на вакви моќи којшто имаат се светците. Факти има многу. Но најчесто многу од нив и покрај тоа што воделе доволно чист и чесен живот и покрај тоа што заслужиле да ги добијат некоја од тие моќи тие ниту еден не ги сакаат да ги добијат тие моќи. Зошто? Затоа што не е сеедно. Голема одговорност е да поседуваш некоја од тие моќи. Најчесто и они иако зборуваме за неверојатно прочистени луѓе за денешни услови на живот не ги сакаат.
2. начин да се здобиеш со овие моќи е преку демоните/паднатите ангели.
Овој 2риот начин ви објасувањето на сите бајачки, гатачки, видовити луѓе, луѓе што лечаат од се и сешто, биоенергичари, медиуми, егзорцисти уште какви ли се ги нема вештерки, сатанисти, окултисти, па членови на многу денешни секти и култови коишто многу лесно ве заведуваат со разни видови на јога, медитација, па исто тука доагаат и астролозите и нивните предвидувања. Кога ќе почнеш да ги набројуваш неможеш да завршиш а да ги кажеш сите, бидејќи денеска врие, полно е со вакви пагански, безбожни работи.
Сите овие лица можат да ти помогнат само затоа што комуницираат и тоа активно во текот на нивните животи со некој еден или повеќе демони.
Демонот знае се за вас, кој сте, што сте, што сте направиле, што ќе направите, тој знае многу информации НО тој не ви ги кажува тие работи за да ви помогне, туку за да ви одмогне. Овие демони или паднати духови активно комуницираат со јасновидците, со гатачките, бајачките и упатуваат посебни молитви на нив а не на Бога, преку медиумите демоните можаат и да влезат во медиумот и да зборуваат преку него, окултистите ги обожаваат и ги сметаат за богови, сатанистите и принесуваат жртви и ги обожаваат, паганите и сите пагански работи се само нивно обожавање.
Затоа се ќе ти кажат овие лица затоа што комуницираат со помоќни суштества од нас а во никој случај не ти помагаат. Помаганјето е привидно и е еден вид на сугестија. После одреден временски период пак заболуваш од истата болест, ти се враќа проблемот или што е во најголемиот број од случаевите заболуваш уште со потешка болест. Па гледаш чудни работи се нешто на тебе ти се случуваат и на твоите поблиски, многу чести се случаевите на смрт во семејставта што многупати биле изложени или под влијание на сите овие погоре спомнати изопачени работи.
Тука спагаат и биоенергичарите. Коишто многу умешно знаат денес да лажат. Викаат се поврзуваме со енергијата и таа тече преку мене и ја даваме на болната и таа се чуствува прекрасно и оздравува. Која енергија? Енергијата никаде не лебди таму некаде случајно? НЕ постои некое таму облаче енергија или пак ке се дрзнат и ке ве лажат космичка вселенска енергија универзумот е полн со таа енергија. Повторно лага. Таа енергија биоенергичарите што ја зимаат од демоните. Во тие сесии. Дел од енергијата ја даваат на болниот а што праваат всушност му го пуштаат демонот на болната. Таа оздравува но за кратко по одреден период пак и се врака болеста. Пак иде на сесија. Кога еднаш почнеш и воспоставиш контакт со демон, многу е тешко ако не и невозможно да го раскинеш тој контакт. Порано или покасно се завршува дури и со смрт.
Самиот биоенергицар шивее од вашата енергија и тој е тој којшто ви ја зима енергијата и ја апсорбира и потоа му ја упатува на демонот. А демонот дава малку а зима многу.
Сите ови горе работи кој што ги набројав се остваруваат со комуникација со демоните и тие не се случајни туку најчесто се предизвикани од индивидуите кои чачкаат по оние работи по којшто не се или е забрането да се чачка. (отвараат трето око, практикуваат медитации и јога, учаат за магии и врлаат клетви, почнуваат да обожаваат богови/демони, паганизам и тие ритуали, дружење и обожавање на мртвите и многу други практики астрални проекции и сл) и демонот е тој што и ги дава тие моќи на пример телепатија, видовитост, паранормални појави, да можеш да правиш чуда и сл. Но тие се и повеќе од штетни за обичните луѓе и никој аир не видел од нив. Порано или подоцна завршуваат со смрт или на вас или на луѓето на коишто и се праваат овие работи.
Идеш на бајачка да ти тргне магија она ти прави.
Многу од нас обичните луѓе се наивни и владее едно големо незнаење на сите нас. А кога немаш знаење трчеш да ти помогне баш кај оној кој што ти мисли лошо.