Гастритис

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од city, 31 мај 2010.

  1. city

    city Модератор - технократ!

    Член од:
    1 март 2005
    Мислења:
    2.811
    Допаѓања:
    274
    Wikipedia:

    Гастритис означува хистолошка слика на воспаление на желудочните структури предизвикано од бактерии од родот Хеликобактер'или од прекумерно лачење на желудочна киселина.


    ме интересира ваши искуства со оваа болест?
    начин на лекување?
    начин за полесно да излечи?
    ставови, мислења?


    Јас го имам овој проблем и многу сериозно ми влијае на расположението.
     
  2. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    5.606
    Допаѓања:
    9.067
    Причини, делување, и фактори на ризик

    Гастритис, или воспаление на желудочната слузница, може да биде предизвикан или со инфекција, иритација, автоимуни пореметувања или со рефлукс т.е враќање на жолчката во желудникот.

    Инфекциите може да бидат бактериски или вирусни. Иритацијата може да биде предизвикана со лекови (аспирин или НСАИЛ) алкохол, хронично повраќање, претерано излачување на желудочна киселина поради стрес, неправилен начин на исхрана, пиење на корозивни субстанци итн.

    Гастритисот може да се појави одненадеж и да помине за краток временски период (акутен гастритис) или да трае подолго (хроничен).
    Некои облици на гастрит се

    -ерозивен
    -стресоген
    -хроничен (поради
    Helicobacter pylori)
    -автоимун

    Причини, дејство, и фактори на ризик

    Причините за акутниот гастририс се алкохол, дигерирање на корозивни материи, или јаки стресогени состојби.

    Акутниот
    гастритис е често поврзан со сериозна акутна болест ( бубрежна и хепатална инсуфициенција, опекотини, сепса) или повреди (скршеници). Фактори на ризик се земање на нестероидни антиинфламаторни лекови ( на пример Ацетилсалицилна киселина), земање на поголеми количини на алкохолни пијалоци, или јак физиолошки стрес, како што се опсежни операции, повреди итн.

    Хроничниот
    гастритис може да биде предизвикан со долготрајна иритација поради употреба на
    NSAIL, инфекции со Helicobacter pylori, пернициозна анемија, автоимуни пореметувања, дегенерација на ѕидот на желудникот поради старост или долготрајна иритација на слузницата поради повраток на жолчката во желудникот. Постои значителна поврзаност помеѓу бактеријата Helicobacter pylori и некои болести на дигестивниот систем (улкус, гастритис).[FONT=&quot]

    [/FONT][FONT=&quot] Helicobacter Pylori[/FONT]

    Причинската врска помеѓу Helicobacter pylori и хроничниот гастритис е докажана. Всушност сите пациенти позитивни на Helicobacter pylori покажуваат гастритис лоциран во подрачјето на антрумот (влезниот дел).

    Излекувањето на инфекцијата води кон излекување на гастритисот. Скоро сите пациенти со улкусна болест на дванаестпалачното црево, имаат гастритис предизвикан од бактеријата
    Helicobacter pylori. Поради тоа инфекцијата со таа бактерија може да биде предуслов за појава на улкуси на дванаестпалачното црево (повеќе од 90%) во одсуство на други видливи фактори како што е користењето на NSAIL.

    Сепак, важно е да се воочи дека кај повеќето луѓе кои се заразени со оваа бактерија не се јавуваат истовремено улкуси на дванаестпалачното црево и желудникот. Овие факти упатуваат на тоа дека факторите поврзани со домаќинот играат улога во патогенезата на болеста на улкусите на желудникот и дванаестпалачното црево (т.е дуоденумот). Најсилен доказ за патогената улога на
    H. pylori во развојот на чир на желудникот е токму смалувањето на зачестеноста на повторувањето на болеста (релапс) со излекувањето на инфекцијата.

    Многу од пациентите со хроничен гастритис немаат изразени симптоми. Особи под зголемен ризик за настанок на гастритисот се оние кои боледуваат од пернициозна анемија, пореметувања на крвта и лимфниот систем, особи постари од 60 години, и особи кои земаат
    NSAIL.

    Симптоми

    -Болка во горниот дел на абдоменот.
    -Штукање и подригнување.
    -Недигерирање на храната.
    -Губиток на апетитот.
    -Мачнина.
    -Повраќање.
    -Повраќање на крв или содржина слична на црно кафе.
    -Темна столица.

    Знаци и тестови

    -EGD
    (езофакогастродуоденоскопија) и биопсија (земање на парче ткиво) се дијагностички методи кои се користат да се потврди гастритот ( се прави со ендоскоп кој се состои од тенка, осветлена цевка која на долниот крај има мала камера. Пациентот е благо седиран, а лекарот внимателно го воведува ендоскопот низ устата и грлото се до желудникот и дуоденумот. На тој начин е можно да се прегледа слузницата на хранопроводот, желудникот и дуоденумот.[FONT=&quot]

    [/FONT]-RTG преглед на хранопроводот, желудникот и дуоденумот – со бариумова каша се добива јасна слика на целниот орган и промените.

    -крвна слика – покажува анемија (ако постои крвавење).

    -позитивна крв во столицата (можно).

    Лекување

    Лекувањето зависи од причината на гастритисот. Лекови кои ја неутрализираат желудочната киселина (антациди) или други лекови кои го смалуваат лачењето на желудочната киселина, обично ги елиминираат симптомите и го подобруваат текот на болеста. Лекови кои може да предизвикаат гастритис треба да се прекинат од употреба. Би било добро на болничките пациенти кои се под стрес и кои не јадат да им се дадат лекови за смалување на производството на желудочната киселина. Антибиотската терапија се користи за лечење на гастритисот предизвикан од
    H. pylori. На пазарот се наоѓаат две групи на препарати за смалување на желудочната киселост: H2-антагонисти (ranitidine, cimetidine, famotidine) и инхибитори на протонската пумпа (omeprazol, pantoprazol, lansoprazol).

    Лекувањето е комбиниран
    o: антибиотици, блокатори на лачењето на киселина, и протективи на желудочната слузница. Моментално е најдобра така наречената терапија со 2 антибиотика против H. pylori во комбинација со лекови кои ја блокираат киселоста на желудникот или со протективи ( на пр. Azitromycin + Amoxicillin + Omeprazol). Со неа се ублажуваат симптомите, се уништува причинителот и се спречува рецидивот.

    Проценка на улогата на терапијата против
    H. pylori се вржи со ендоскопски преглед или преглед на издишаниот воздух после 4 неделна терапија. Антацидите (Gastal) служат за отстранување на симптомите на заболувањето и како помошна терапија. Меѓутоа тројната терапија е најдобар начин за лкување на гастритисот предизвикан со H. pylori. Гастритисот предизвикан од пернициозна анемија се лечи со витамин B12.

    Очекувања (прогноза)

    Кај повеќето случаи, гастритисот поминува со земање на лекови.

    Компликации

    -крвавење
    -перфорација
    -пенетрација
    -малигнизација

    Кога да се посети лекарот?

    Јавете се на лекар ако симптомите потраат подолго од 2-3 дена. Повикајте го лекарот (итна служба) ако повраќате крв или имате крвава столица.

    Превенција

    Контрола на факторите на ризик може да имаат превенциска улога.


    --- надополнето ---

    Пробај еден месец наутро и навечер да пиеш сок од свежа зелка, а доколку немаш соковник тогаш изеди неколку листа зелка кои подолго време ќе ги џвакаш (за да пуштат повеќе сок), намали цигари (ако си пушач), кафе, не конзумирај луто или зачинета храна и избегавај нервоза.
    Прибај и со чај или масло од кантарион. :smir:
     
  3. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    14.793
    Допаѓања:
    7.590
    Гастритисот као што спомна е воспаление на слузницата на желудникот. Први симптоми се мачнина во горниот дел и она т.н. чувство на вишок киселини во стомак (србите го викаат горушица). Доколку се подолготрајни, постојат големи шанси таа состојба да премине во воспаление на желудочната лигавица. Причинители на кои НЕ можеме да влијаеме се одредени антибиотици, бактеријата Хелиобактер Пилори, стресови. На оние кои можеме да влијаеме се нервоза, исхрана, кафе, цигари и алкохол. Во секој случај, потребно е да се избегнува често земање сода бикарбонат затоа што со него накратко се чувствува олеснување, но подолготрајно не е лек и се прави сосем спротивен ефект. Се користат лекови антациди, како шампончиња и апчиња. Конкретно Компенсан, Рупурут (Компенсан мислам дека не се произведува повеќе)и други имиња, зависно од производителот.
    Ако не го лекувате соодветно или воопшто, истиот има големи шанси да се развие во пептичен улцер, популарниот чир на желудник -оштетување на слузокожата на желудникот.

    Како еден од главните причинители (покрај исхраната, нервозата, кафето и цигарите) се смета горенаведената бактерија за која може да прочитате тука.
    Кај нас од неодамна се започна со посебна терапија за овие болести каде е опфатен и третман на бактеријата, претходно се лекуваше само воспалението односно оштетувањето на слузокожата, а опасниот причинител/бактеријата остануваше во сенка, а со тоа повторно се јавуваа истите проблеми и симптоми. Заради тоа, за совет за лекување не знам дали при гастрит се користи терапија и за третман на бактеријата, но за чир дефинитивно е потребен лек за третман на чирот и лек за третман на бактеријата.

    Сам што може да сториш -од исхраната да исфрлиш се што е пржено, повеќе зачинето, луто (сето она што поттикнува прекумерно лачење на желудочни киселини), барем намалување на кафе, цигари и алкохол. А за време додека трае терапијата (или пак за време на акутна фаза), сосем одбегнување на овие причинители. Нервозата е исто еден од факторите па и тоа ќе треба да се намали на минимум (не само за ова заболување туку воопшто, нервозата е мајка на многу болести).
    Друг совет немам оти кај мене одамна "еволуираше" :) во чир. Еден или два успеав да стопам со Ултоп, последниот ми е сеуште проблем :)

    Ја со мене секогаш си носам по една табла Рупурут (подвижна аптека), за секој случај (иако не е препорачливо, но знае одеднаш да предизвика болка па...морално е :)).

    У меѓувреме Македонка се ти објаснила од стручен аспект, па...јас ти пренесов повеќе лични искуства.
     
  4. kikamika

    kikamika

    Член од:
    30 април 2009
    Мислења:
    795
    Допаѓања:
    90
    Секое сабајле на гладно по една супена лажица маслиново масло не рафинирано,ладно цедено, месо само варено динстано, зеленчук и не кисели овошја, супи (не готови од продавница) варени од телешка коска или пилешко без вегета, мали оброци,но почести, храната треба добро да се џвака за да не се оптоварува желудникот, млеко пресно ладно можеш да пиеш, треба и сам да видиш која храна ти смета, алхохол, цигари, кафе никако, нервоза не зашто гастритот во повеќето случаи е предизвикан од нервоза, тестенини не освен интегрален леб, храната да е со нормална температура да не е многу жешка кога се консумира, газирани сокови или било каков сок кој се произведува не, зачини, луто, несмееш, и мед не. Гастритот ако не се лекува е предуслов за чир на желудникот.
     
  5. korka

    korka Голтар

    Член од:
    25 септември 2008
    Мислења:
    968
    Допаѓања:
    405
    Гледам дека никој нема пишано дали успеал и како успеал да го реши овој проблем
     
    Последно уредено: 13 октомври 2018
  6. historynameless

    historynameless

    Член од:
    2 септември 2013
    Мислења:
    145
    Допаѓања:
    97
    нолпаза апчиња, во комбинација со оспен ... мене така ми помина, еве две години ми се нема повторено
     
  7. STEALTH

    STEALTH God is a DJ

    Член од:
    25 ноември 2011
    Мислења:
    8.290
    Допаѓања:
    8.819
    Проблемот се решава со метод на елиминација на исхрана, т.е не јадеш тоа што ти смета.

    А од апчиња пиев Есомепразол. Другите не ми помогнаа баш. Инаку 2 пати имам правено гастроскопија, плус имам и малa хијатална хернија...
     
    На Ilumious му/ѝ се допаѓа ова.
  8. korka

    korka Голтар

    Член од:
    25 септември 2008
    Мислења:
    968
    Допаѓања:
    405
    Туф тоа гастроскопијата ептен ми се стемни.И мене такво нешто ми најдоа хернија ама чекам уште резултатите.Имав хелико бактеријата пиев антибиотик па ќе видам.Апчиња ништо не пијам ама ќе мора да се изрегулира жештините внатре.Фала ти на одговорот
     
    На STEALTH му/ѝ се допаѓа ова.
  9. t20p18

    t20p18

    Член од:
    17 јануари 2018
    Мислења:
    62
    Допаѓања:
    56
    Јас ке пишам како се спасив од хеликобактер и гастритис.
    --- Споено дупло мислење, 14 октомври 2018 ---
    Пред година ипол оперирав жолчка, па пропратно со тоа и закачив хелико б. Последователно на тоа и гастритис.
    За х.б ( 9.58) ми ја препишаа тројната терапија, ама по нецел месец добив кандида.
    Ја прекинав и бактеријата пак се активираше, па примав тродон на ургентен. Малер по малер.
    Од баба ми слушнав најдобар лек. Варова вода ( печена на дрво) 200 мл со 50 мл кефир ( кој е најдобар пробиотик) секое сабајле на гладно. После половина час по едно ливче чувар куќе.
    За две недели х.б падна на вредност од 0.18.
    Гастритисот се „намали“ заедно со бактеријата.
    За гаститисот најдобра диета е цели две недели да се јаде само протеинска храна и зеленчук. Најдобро е жива тиквица, краставица, зелка, брокула и лубеница( сепак спаѓа во зеленчук). Месо телешко, пилешко, риба.
    Благо, овошје и газирано не барем тие 2-3 недели.
    За тие три недели обавезно да се каснува аронија, да се пие чај од диво оригано за да не се добие кандида, што сите овие си се поврзани и да се прави гаргара со сода, мед и маслиново масло- како замена за нистатинот.
    --- Споено дупло мислење, 15 октомври 2018 ---
    Обавезно да се земаат поголеми количини на витамин ц, б12 и д, зошто тие се во недостаток.
    Антиоксиданси како пиперка, куркума и сок од цвекло, морков и алое вера во исто сооднос ( по 200 мл од секој)
    И решен проблем за крако време ( околу 2 ипол месеци)
    Стомакот предходно ми беше како во 7 месец бременост, а за 2 месеци се намали како на почеток.
    Со срека во лекувањето.
    --- Споено дупло мислење, 15 октомври 2018 ---
    Уште ова да дополнам. Од таблетите пандев се подобри од ноплазата и ранитадинот се подобри од раниталот. Тоа ви го кажувам за пред да се опремите со што ви е потребно за природно лекување.

    Доколку немате кефир можам да ви дадам, а можам да ви дадам контакт од девојка која ке ви набави вар печен на дрва за прилично ниска цена и да ви кажам како да си ја подготвите.
     
    Последно уредено: 15 октомври 2018
    На korka и Lurtz им се допаѓа ова.
  10. STEALTH

    STEALTH God is a DJ

    Член од:
    25 ноември 2011
    Мислења:
    8.290
    Допаѓања:
    8.819
    Гастроскопија изгледа страшно (дека ти бутаат страно тело со сила у грло), али у принцип е прилично безболна процедура. Освен ако не пазат при вадење, па ти го загребаат грлото...

    Имам пишувано на оваа тема некаде низ форумов, јас и кај Кедев завршив (дека ми е вујко). Ми сметаше на срцето иритацијата од желудник и хранопровод, многу се блиску...
     
  11. nadelina

    nadelina личен советник

    Член од:
    18 декември 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Оставете ми тел. број од таа што продава гасена вар.Ви благодарам.
     
  12. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    3.566
    Допаѓања:
    3.869
    [​IMG]

    што? ќе градиш нешто? :toe:
    ...ако се нафатиш да внесуваш во себе „градежен материјал“ треба да се запознаеш прво и со кој ризик ќе го направиш тоа! :neetaka:
     
    На shutrak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 30092018

    30092018

    Член од:
    16 октомври 2018
    Мислења:
    118
    Допаѓања:
    150

    За варова вода знам дека за правење слатко се употребува, овошјето да го држи цврсто за да не се распадне, но имам чуено дека варова вода ја пиеле и луѓе болни од карцином.

    Има ли некоја поврзаност, некој ефект на варовата вода во борбата против некои болести, ете како ракот на пример!?
     
    На shutrak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bijons

    bijons

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    3.566
    Допаѓања:
    3.869
    Калциум хидроксид (варова вода)
    има мала токсичност, но сепак ја има ако се применува на веќе „нападнат“ организам, сите нешто предлагаат за примена кај човечкиот организам, ете за приготвување на слатко или како лек ?
    е добро ќе се сложам и јас, но само ако се објасни зошто и на кој начин делува да го видиме бенефитот на делување, нели наспроти несаканото дејство кое е поопасно !!?? а не само така „помогнало“ па сега ајде сите да го применат!
    Поентата на примена на калциум хидроксид (варовата вода) е да ја создаде крцкава кора при приготвување на слаткото и ? што крцкаво и некрцаво не иде пак во желудникот? мора да се користи калциев хидроксид?
    пиењето на калциев хидроксид (варова вода) како алкална супстанца ја неутрализира киселоста во желудникот и? тогаш би се направило цели кеси варова вода и би се продавале не само како градежен материјал туку и како средство за лечење на гастритис кое би било ептен, ептен ефтино! :toe:
    ....и сега при клинички испитани лекови, суплименти, и други препарати кои се алкални и ја неутрализира желудачната киселина ние сега ќе пиеме непроверена концентрација на некој калциев хидроксид ?? мислам еј, ризикот каде е? ај сега и варекина за домаќинство да ја разблажиме па да го искористиме активниот хлор што се ослободува?? :facepalm:

    [​IMG]

    ...општо познато е дека киселоста е „добра подлога„ за раст и размножување на бактерии па и за опстанување и раст на патолошки клетки (рак) - во таква „кисела клетка“ нема кислород (хипоксија), па со варова вода ќе ја намалиме киселоста?? па таа киселост може да ја намалиме со „алкална исхрана“ и со внесување на повеќе клислород со физичка активност? м ? а? и здраво и проверено!(y)
    калциев хидроксид (варова вода) неговата алкалност се користи и кај водата за пиење за да би се покачило Ph на водата за да не би дошло до крозија на водоводните цевки? од кога го спознав и ова, па и други работи во таа вода за пиење јас веќе подолго време купувам минерална вода, не пијам „чешмовача“!:neetaka:

    ... и на крај последицата на преголемо лачење на желудачна киселина и појава на гастритис често се препишува и на психолошкиот фактор, стрес и психонестабилност дали некој воопшто внимава и делува од тој агол? :toe:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    ...еве неколку безбедни препарати против зголемено лачење на желудачна киселина (гастритис) во чиј состав покрај другото се содржи и калциев карбонат, ако сакате толку „варова вода“ да примените, ама не од вреќата за градежен материјал туку од медицинско портфолио- проверен лек!
     
    Последно уредено: 27 октомври 2018
    На shutrak и 30092018 им се допаѓа ова.
  15. nadelina

    nadelina личен советник

    Член од:
    18 декември 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
     

Сподели преку: