Гастритис

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од city, 31 мај 2010.

  1. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    3.526
    Допаѓања:
    2.399
    Си изгугла, ништо не свати што напишав како и обично и си продолжи да си живее во својот паралелен свет "среќно" и несватено. Што се трпи земјава... тоа е чудо.
     
  2. Botko

    Botko

    Член од:
    6 мај 2018
    Мислења:
    401
    Допаѓања:
    558
    Заштитната обвивка на гранулите се разградува на pH > 5.5 според упатствата. pH на желудник со храна и некако да отиде над 5.5, ензимиве ќе се ослободат, но нема да се разградат во огромна мера зашто пепсинот скоро е неактивен над 5.5 pH (на 6 е деактивиран). На pH > 5.5, липазите, панкреасните амилази и протеазите не се денатурираат, а и да се денатурирани во некоја мала мера, станува збор за реверзна денатурација. Според ова, што може да и' се случи на активната супстанција во сценарио каде во желудникот pH > 5.5?

    Гранулите ќе се дисперзираат подеднакво во химусот додека се во желудникот поради перисталтиката, па заедно со химусот ќе влезат во дуоденумот, а не после.

    Грешам ли нешто, Кадаифе?
     
    Последно уредено: 3 јуни 2019
  3. Anon

    Anon /b/ House /b/

    Член од:
    13 декември 2007
    Мислења:
    10.166
    Допаѓања:
    15.122
    @Vlatko_Gjorce уште ли не си среден ти со стомачните проблеми? Водиш ли дневник на јадење за да забележиш патерн?

    Оди земи по 100г кумин и анасон од Виола во Центар до слаткарница Венера, речи им да ти ги измелат, и конзумирај пола лажиче кумин, пола анасон со 30мл млака вода два пати дневно веднаш после оброци.
     
  4. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    3.526
    Допаѓања:
    2.399
    Објасни го ова подетално
     
  5. Botko

    Botko

    Член од:
    6 мај 2018
    Мислења:
    401
    Допаѓања:
    558
    Освен ако не ја претераш со кисело/базно, некои ензими си ја враќаат терциерната структура откако pH ќе се врати во рамките на нивната активност. Всушност ензимите кои се активната компонента на ФДФ не се ни денатурирани на pH>5.5. Затоа и тогаш се распаѓа заштитната обвивка, ти текнуе?

    Сеа, можеш да дадеш едно сценарио во кое храната ќе ја качи pH вредноста на желудникот над 5.5?
    Откако ќе го смислиш (нема да успееш), пробај да објасниш подетално како медикаментот ќе се деактивира на такво pH.

    После пробај да објасниш како побогу прво ќе влезе химусот во цревата, па после ензимите, со што пациентот би имал болки и дискомфорт.
     
  6. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    3.526
    Допаѓања:
    2.399
    Најди ми студија која го потврдува тврдењето дека ензимот си ја враќа терцијарната структура
     
  7. Botko

    Botko

    Член од:
    6 мај 2018
    Мислења:
    401
    Допаѓања:
    558
    https://scholar.google.com/scholar?q=reversible+denaturation&hl=en&as_sdt=0,5&as_vis=1


    https://www.google.com/search?clien...41.0j2j2......0....1.........0i71.d7VjNXfcLqk

    Треба да фатиш и ти да гуглаш како бијонс. Ако завршивме со елементарна ензимологија, ќе ми одговориш на прашањата или и ти не разбираш што зборуеш?

    Дај да го скратиме мачењево. Тресеш глупости. На pH 2-3 глеј што пишуе за химотрипсиногенот. Ние зборуеме за pH > 5.5. Ако воопшто разбираш основна хемија, знаеш дека водородите цело време им се прикачуваат и откачуваат на азотните атоми со што ја инхибираат можноста за создавање водородни врски, а со тоа се дешава и денатурација. Зборуваме за процент на водороди закачени за N во единица време. Тоа ја детерминира шансата да се заебат повише протеини. Кога протеинот се денатурира, гибсовата слободна енергија опаѓа. Но денатурацијата не е џа или бу. Процентот на протеини кои се денатурирани расте со опаѓање/растење на pH под/над референтните вредности, а процентот на протеини кои може да се ренатурираат се намалува зашто е потребен поголем скок во гибсовата слободна енергија кај се' повеќе протеини. За панкреасни ензими, тоа е pH > 10 и pH < 3. На 10 > pH > 5.5 бројот на иреверзибилно денатурирани ензими и реверзибилно денатурирани е екстремно многу мал во споредба со нативните, затоа и обвивката е смислено да се разградува на такво pH.

    Протонските пумпи на желудникот лачат се' повеќе H+ како што внесуеш храна и добиваш пуфер кој нема да надмине pH = 5.5 како што ти си замишљаш, туку ќе си се разгради во дуоденумот. А и да надмине, лекот нема да се деактивира. Тие што ги прават ФДФ се луѓе кои прават многу фармакокинетички испитувања, па препорачуваат како да се внесе лекот, не за ти да измислуеш гола вода и да тресеш глупости. Затоа постои арна работа како клиничка фармакологија пошто вие лекарите најчесто сте дупки за медицинска хемија.
     
    Последно уредено: 12 јуни 2019
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: