ГМО - генетски модифицирана храна

Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
[DOUBLEPOST=1436839934][/DOUBLEPOST]

Нема истражувања кои се признаени а се во корист на тезата што ја подржуваш ако има, слободно приложи со импакт факор (затоа што само тие што се споделени во часописите со импакт фактор се сметаат за валидни затоа што се проверени.)

Оние кои сметаат дека ГМО храната е штетна најчесто се самопрогласени лекари (надри лекари) испаничени индивидуи (кои ни сами не знаат зошто се испаничени) и промотори на компании кои произведуваат органска храна наспроти научници кои докажале дека ГМО храната не е штетна.

Сите научни трудови што се базираат врз тоа дека ГМО е штетна храна се отфрлени, Рускиот научник Алексеј Суров објавил труд во кој тврди дека гмо е штетна храна а му е отфрлен, Францускиот професор по молекуларна биологија Жилс Сералини се обидел да објави наоди со кои што тврди дека ГМО е штетно но тој научен труд за многу кратко е отфрлен од 6 француски академи на наука од секое поле врзано за безбедност на храна сметајќи го истиот за невалиден, значи се работи за научници академи а не за поединци индивидуи кои еве како тебе читаат медиуми кои што презентираат све и свашта и слепо им веруваат и што е најтрагично воопшто не проверуваат дали тоа е вистина или не, дури смешни се некои линкови што си ги постирал :/
offtopic:
problems with the impact factor:
http://datapub.cdlib.org/2013/05/22/impact-factors/
http://blogs.nature.com/news/2013/05/scientists-join-journal-editors-to-fight-impact-factor-abuse.html
http://www.researchgate.net/post/Problems_associated_with_using_the_impact_factor
problems with peer reviewing:
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1420798/
http://www.economist.com/news/leaders/21588069-scientific-research-has-changed-world-now-it-needs-change-itself-how-science-goes-wrong
http://www.forbes.com/sites/henrymiller/2014/01/08/the-trouble-with-scientific-research-today-a-lot-thats-published-is-junk/
http://curt-rice.com/2013/02/06/why-you-cant-trust-research-3-problems-with-the-quality-of-science/
'crackpots' who were right
http://amasci.com/weird/vindac.html#j27
http://blog.vixra.org/category/crackpots-who-were-right/

https://en.wikipedia.org/wiki/Monsanto
The company also formerly manufactured controversial products such as the insecticide DDT, PCBs, Agent Orange, and recombinant bovine somatotropin (a.k.a. bovine growth hormone).

In the 1960s and 1970s, Monsanto was one of the most important producers of Agent Orange for United States Armed Forces operations in Vietnam

Ова само како за почеток
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.885
Поени од реакции
12.233
Нема истражувања кои се признаени а се во корист на тезата што ја подржуваш ако има, слободно приложи со импакт факор (затоа што само тие што се споделени во часописите со импакт фактор се сметаат за валидни затоа што се проверени.)

Оние кои сметаат дека ГМО храната е штетна најчесто се самопрогласени лекари (надри лекари) испаничени индивидуи (кои ни сами не знаат зошто се испаничени) и промотори на компании кои произведуваат органска храна наспроти научници кои докажале дека ГМО храната не е штетна.

Сите научни трудови што се базираат врз тоа дека ГМО е штетна храна се отфрлени, Рускиот научник Алексеј Суров објавил труд во кој тврди дека гмо е штетна храна а му е отфрлен, Францускиот професор по молекуларна биологија Жилс Сералини се обидел да објави наоди со кои што тврди дека ГМО е штетно но тој научен труд за многу кратко е отфрлен од 6 француски академи на наука од секое поле врзано за безбедност на храна сметајќи го истиот за невалиден, значи се работи за научници академи а не за поединци индивидуи кои еве како тебе читаат медиуми кои што презентираат све и свашта и слепо им веруваат и што е најтрагично воопшто не проверуваат дали тоа е вистина или не, дури смешни се некои линкови што си ги постирал :/
И бидејќи тие 6 француски академии на наука го прогласиле тој научен труд за невалиден, ти дојде до заклучок дека генетички модифицираните производи не се штетни за здравјето.

Тоа повеќе од доволно говори за твојот начин на расудување, отколку за здравата логика на нештата.

Но доколку толку си уверен(а) во безбедноста на генетички модифицираните производи по здравјето на луѓето, не би требало да ти претставува проблем да прифатиш нивно соодветно обележување за да знаат луѓето што купуваат.

Освен ако ти смета и тоа, што во превод значи дека сепак не си доволно информиран(а) за (не)безбедноста на генетички модифицираните производи по здравјето на луѓето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
Професорката на земјоделскиот факултет смета дека ГМО храната не е ниту блиску толку ризична колку што се крева паника, појаснува дека во Македонија не се произведува ГМО но дека кај увезените прозиводи може да се пронајде во трагови од соја, пчека и слично.. ..
нејасно е што значи тоа дека не се произведува. Не се одгледува или не се користат производи во прехрамбената индустрија. Кога некој тврди (како професорката или Агенцијата) дека во Македонија нема ГМО (што и да подразбираат под тоа), нешто не е в ред затоа што -Постои Правилник уште од 2008, а претходно е потпишан односно ратификуван Картагенскиот Протокол од 2001. Тоа значи дека во Македонија не е забрането користење на вакви производи.
- Второ, лабораторијата каде може да се вршат испитувања не се користи па сето се заснова на декларации на увозниците, т.е. на чесен збор.
Како што пишува овде, случајно во еден проект е откриено увезена ГМО добиточна храна што значи никој и не знае дали јадеме гмо храна.
наспроти научници кои докажале дека ГМО храната не е штетна.
како докажале и дали не е штетна и врз неколку генерации. Дали не случајно некои саглам европски држави (Франција, Германија, Австрија, Унгарија, Грција и Луксембург..) го забраниле гмо за користење.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.374
Поени од реакции
33.472
@mackica92 ќе бидеш ли да бидеш љубезна, па да ни ги посочиш тие докази со кои „научници кои докажале дека ГМО храната не е штетна“?? ;)
Мислам на научни студии кои ги третираат долгорочните последици од исхрана со ГМО. Разни текстови од рандом блогови, финансирани од индустријата... со такви „докази“ ќе та замолам да не ја загадуваме и заглупуваме дискусијата (повеќе одошто сега е).

Понатаму, твоите инсинуации дека сме застапници на „органската индустрија“ - сите ние овде што се залагаме за подетални испитувања на безбедноста од исхраната со ГМО... навистина се патетично плитки размислувања. И не само затоа што во Македонија и нема ГМО посеви и индустија (освен ако не се реализира најавената фабрика за етанол од ГМО пченка во Пелагонија и Мариовско). Освен ако мислиш дека сите сме застапници на „Виталија“, кои сиротите не се ништо друго освен мали препродавачи на сомнителна „органска“ храна.
Во Македонија реално е сива зона, каде се работи по препишани стари ЈУС стандарди (помалку приближувани кон понекои ЕУ регулации). Реално нема ниту ГМО во индустриски размер на производство, ниту големо производство на „органска“ храна... Ниту па не знам дали воопшто има регулации за декларирање на органска“ храна.

Затоа ти препорачувам помалку да следиш квази-научни пропагандни сајтови за промовирање на ГМО индустријата. Наместо тоа би можела малку повеќе да се едуцираш. ;)

Но најинтересниот дел во овие преговори е тоа што бирократите меѓусебно не го користат изразот генетички модификувани производи, туку го користат изразот генетички инжинирани производи.
Инжинирани организми!
Така е правилно!!
Всушност така е многу подобро!!!

Ти текнува на Кајзер Созе?
„The greatest trick the Devil ever pulled was convincing the world he didn't exist."

Така и ГМО индустријата го подметнуваше терминот модификувани кога инжинирани е многу, многу посоодветен израз.
Дозволи ми да објаснам, и те молам следи ме внимателно затоа што употребата на терминот инжинирани е исклучително важна!

Генетски модифицирани организми се скоро па СИТЕ ОРГАНИЗМИ со кои денес човекот се храни. Житарките посебно, разни зеленчуци, овошја, сите домашни животни... СИТЕ ТИЕ се генетски модифицирани, ама со стандардните прастари методи на генетска селекција. Од цело стадо, размножувај ги само тие овци што даваат повеќе млеко - и после неколку генерација ќе добиеш стадо од примероци кои даваат... повеќе млеко. Пробај да измолзиш дива коза/овца, па види колку млеко даваат во однос на „домашните“ варијанти.

Нејсе, за ова сме зборувале. Само сакав накратко да илустрирам зошто СЕ што денес јадеме (а не е уловено/собрано од море/шума) е генетски модифицирано од човекот. Но таквото модифицирање не е ни приближно слично со модифицирањето преку генетски инжинеринг, со директна рекомбинација ДНК спиралата.

Затоа изразот е инжинирани е исклучително правилен и соодветен. Затоа што јасно кажува дека се работи за организми кои се добиени со модификација преку генетски инжинеринг, организми кои се добиени преку сплајсинг и рекомбинација на гени од целсно несродни и различни организми.

Затоа ГМО индустријата инсистира на изразот генетски модифицирани, затоа што тоа предизвикува разни збунувачки моменти и поистоветување со старите докажни методи на генетски модифицирање како генетската селекција кои човекот од памтивек ги применува. Стари методи кои притоа се докажно безбедни, за разлика од резултатите добиени со генетски инжинеринг - кои никако не се докажани за безбедни.

Прави разлика пријателе, модификувани наспроти инжинирани - тоа е суштински важна дистинкција.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.885
Поени од реакции
12.233
@mackica92 ќе бидеш ли да бидеш љубезна, па да ни ги посочиш тие докази со кои „научници кои докажале дека ГМО храната не е штетна“?? ;)
Нема друго чаре, ќе треба да чекаме едно 100 до 200 години додека да им влезе памет во глава на неговите/нејзините потомци, како што и на нас денес ни е влезен памет во глава за бројни производи кои пред 200 години биле секојдневие, а денес се прогласени за токсични.

Ова е одличен серијал кој се емитува на Viasat History, а ги опишува скриените убијци во секојдневните производи во Велика Британија во 19-от век и на почетокот на 20-от век кои биле прогласени за целосно здрави и безбедни, а денес се забранети поради нивната токсичност.

Слободно можеме да дојдеме до заклучок дека за 100 или 200 години од сега, и овие генетички модификувани отрови кои денес таканаречената научна заедница ги промовира како безбедни и здрави, ќе се најдат во вакви документарни серијали, каде што ќе бидат претставени како нездрави и токсични производи.

Последно уредено:
Член од
20 јануари 2008
Мислења
469
Поени од реакции
462

Koj del od modifikuvanitee rastenia e toksicen?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Јас за ГМО храната мислев дека ја има само во странство, но не и кај нас, се додека лани не наидов на такво нешто на наш пазар.

Минував на пазар, купував нешто за јадење и реков ај ќе купам лук. Баш се погодив на тезга кај еден постар човек и гледам два вида лук. Едниот најобичен, а другиот пет главици со ултра бела боја, со форма како во калап правени и така добро спакувани во нешто како мрежа. Мене тој лук ми се виде како подобар и го земав и продавачот одма ми рече нешто во стилот............, земи си од овој нашиов зошто е природен, овој белиов е ГМО/вештачки/кинески/или незнам уште кој друг термин за нешто вештачко. Еден човек што стоеше до мене го запраша зошто воопшто продава нешто такво, ако не е природно, а човекот се поднасмеа и остана без збор.

Нема истражувања кои се признаени а се во корист на тезата што ја подржуваш ако има, слободно приложи со импакт факор (затоа што само тие што се споделени во часописите со импакт фактор се сметаат за валидни затоа што се проверени.)

Оние кои сметаат дека ГМО храната е штетна најчесто се самопрогласени лекари (надри лекари) испаничени индивидуи (кои ни сами не знаат зошто се испаничени) и промотори на компании кои произведуваат органска храна наспроти научници кои докажале дека ГМО храната не е штетна.

Сите научни трудови што се базираат врз тоа дека ГМО е штетна храна се отфрлени, Рускиот научник Алексеј Суров објавил труд во кој тврди дека гмо е штетна храна а му е отфрлен, Францускиот професор по молекуларна биологија Жилс Сералини се обидел да објави наоди со кои што тврди дека ГМО е штетно но тој научен труд за многу кратко е отфрлен од 6 француски академи на наука од секое поле врзано за безбедност на храна сметајќи го истиот за невалиден, значи се работи за научници академи а не за поединци индивидуи кои еве како тебе читаат медиуми кои што презентираат све и свашта и слепо им веруваат и што е најтрагично воопшто не проверуваат дали тоа е вистина или не, дури смешни се некои линкови што си ги постирал :/
Незнам зошто воопшто мора да се задржуваме на мислењата и докажувањата на француските академи/научници/или што и да се. На нив тоа им е работа. Нешто ново да создадат или проучат, па ако не натераат некој тоа да го изеде за со текот на годините да се види каков ефект ќе има, како ќе го потврдат својот труд како точен или погрешен.

А и самото име ГМО - генетски модифицирана храна, ти укажува дали е нешто природно и здраво или вештачко и штетно.

:)
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
@mackica92 ќе бидеш ли да бидеш љубезна, па да ни ги посочиш тие докази со кои „научници кои докажале дека ГМО храната не е штетна“?? ;)
Мислам на научни студии кои ги третираат долгорочните последици од исхрана со ГМО. Разни текстови од рандом блогови, финансирани од индустријата... со такви „докази“ ќе та замолам да не ја загадуваме и заглупуваме дискусијата (повеќе одошто сега е).
Вие не сте запознаени со овие истражувања?? Кои се едни од најпознатите извршени за (не)штетноста од ГМО?? А гледам многу заинтересирани па ме чекате мене да ви ги приложам доказите? Мене не ми требаше никој да ми ги најде сама си ги најдов, затоа што бев заинтересирана за тоа дали гмо е штетно или не а вас ви е полесно да напишете само гмо на google и да ви искочат миљион дезинформации :tapp:

Нема друго чаре, ќе треба да чекаме едно 100 до 200 години додека да им влезе памет во глава на неговите/нејзините потомци, како што и на нас денес ни е влезен памет во глава за бројни производи кои пред 200 години биле секојдневие, а денес се прогласени за токсични.
:pos: Све мислам кажа со напишаново, ако нашите претци имаат потомци и ако јас имам потомци тоа значи дека ГМО не е штетно и не предизвикува стерилност како што тврдат овие наоколу кои се против, што се сменило физички и психички кај нашите претци што јаделе продукти што биле "токсични"? И што е сменето кај нас што јадеме ГМО?

Јас за ГМО храната мислев дека ја има само во странство, но не и кај нас, се додека лани не наидов на такво нешто на наш пазар.

Минував на пазар, купував нешто за јадење и реков ај ќе купам лук. Баш се погодив на тезга кај еден постар човек и гледам два вида лук. Едниот најобичен, а другиот пет главици со ултра бела боја, со форма како во калап правени и така добро спакувани во нешто како мрежа. Мене тој лук ми се виде како подобар и го земав и продавачот одма ми рече нешто во стилот............, земи си од овој нашиов зошто е природен, овој белиов е ГМО/вештачки/кинески/или незнам уште кој друг термин за нешто вештачко. Еден човек што стоеше до мене го запраша зошто воопшто продава нешто такво, ако не е природно, а човекот се поднасмеа и остана без збор.

Незнам зошто воопшто мора да се задржуваме на мислењата и докажувањата на француските академи/научници/или што и да се. На нив тоа им е работа. Нешто ново да создадат или проучат, па ако не натераат некој тоа да го изеде за со текот на годините да се види каков ефект ќе има, како ќе го потврдат својот труд како точен или погрешен.
:)
Производство во МК нема на ГМО (се мисли на земјоделството во МК) а увезени производи можно е да има.
А на кои мислења да се задржуваме ако не на академски научници и професори? На лаици и форумџии? Ако не верувам на некој кој своето образование го посветил на таа бранша да верувм на некој на тепка што прогнозира дали е штетно или не? o_O И ова уопште не е ново со децении се произведува ГМО и тоа најпривин во Америка кај што се хранел добитокот фактичи и ние индиректно таа храна сме ја внесувале а малку покасно почнал и човекот да ја конзумира таа храна, долгиот временски период е најголем доказ дека ништо не се сменило кај човекот до сега и нема да се смени.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.885
Поени од реакции
12.233
:pos: Све мислам кажа со напишаново, ако нашите претци имаат потомци и ако јас имам потомци тоа значи дека ГМО не е штетно и не предизвикува стерилност како што тврдат овие наоколу кои се против, што се сменило физички и психички кај нашите претци што јаделе продукти што биле "токсични"? И што е сменето кај нас што јадеме ГМО?
Па убаво ако ја имаш таа среќа да имаш потомци.

Сигурен/сигурна си дека не си стерилен/стерилна ?

Или подобро кажано, сигурен/сигурна си дека твојот имунолошки систем е доволно силен во моментов за да спречи стерилитет и дали ќе остане доволно силен за 10 или 15 години од сега за да спречи стерилитет кој би бил предизвикан од генетички модифицираните отрови кои ги консумираш ?

Дали ќе бидеш жив(а) и здрав(а) за да им се израдуваш на потомците твои, или само ќе дочекаш да им оставиш проштално писмо во кое ќе ги опоменеш да внимаваат што јадат пред да го испуштиш последниот здив како резултат на труењето со генетички модифицираните отрови кои ги консумираш ?

А да, и кое е твоето мислење за обележувањето на генетички модифицираните производи - го поддржуваш или не го поддржуваш ?
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
LOL ^ Со оглед на тоа дека ГМО одамна се произведува и нема знаци на стерилност во земјите каде што константно се конзумира ГМО значи дека сум сигурна дека не сум стерилна, имунолошкиот систем доволно е силен на сите што конзумирале пред 30 години и уште конзумираат и пак ништо не е сменето кај нив ни психички ни физички...

Да, сметам дека треба да има декларацја на секој производ сепак тоа е право на потрошувачот и потрошувачот има право да знае што купува и што јаде и сам да одлучи дали ќе го јаде тоа...
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.885
Поени од реакции
12.233
LOL ^ Со оглед на тоа дека ГМО одамна се произведува и нема знаци на стерилност во земјите каде што константно се конзумира ГМО значи дека сум сигурна дека не сум стерилна, имунолошкиот систем доволно е силен на сите што конзумирале пред 30 години и уште конзумираат и пак ништо не е сменето кај нив ни психички ни физички...
Ги ставаш во иста група генетички модифицираните производи на денешницата со генетички модифицираните производи од пред 30 години ?

Дефинитивно паметот ти е 30 години назад, не ќе биде лошо да го надоградиш со посовремени знаења.
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Освен навреди и low level replies на никакви аргументи не наидов во твоите постови :tapp: што само докажува колку си прост и нецивилизиран и најбитно неинформиран околу темава..препорачувам информативно да се набилдаш барем малку околу тематикава па онда можеш да се вратиш тука. :angel:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.374
Поени од реакции
33.472
Хаха @mackica92 аргументи а...?
Навистина, а каде се твоите аргументи? Не видов некаде да ги наведе?? ;)

Вие не сте запознаени со овие истражувања?? Кои се едни од најпознатите извршени за (не)штетноста од ГМО?? А гледам многу заинтересирани па ме чекате мене да ви ги приложам доказите? Мене не ми требаше никој да ми ги најде сама си ги најдов, затоа што бев заинтересирана за тоа дали гмо е штетно или не а вас ви е полесно да напишете само гмо на google и да ви искочат миљион дезинформации :tapp:
Maлку сме надмени а? :)
Нели ти се чини дека е дрско да прејудицираш за нивото на едукација на некој што не го познаваш ниту па имаш поразговарано на темата на дискусија? А кога сме веќе натаму, полека почнувам да добивам осет за твоето ниво на познавање на тематикава... Ама ете јас ќе почекам (сама да се дискредитираш), и ахем - нема да прејудицирам. ;)

Пошто знаеш, не е дека луѓево овде појма немаат за состојбата со истражувањата за безбедноста од исхрана со ГМО, па сега демек ете од тебе бараме да не едуцираш со „резултатите од твоите вредни истражувања“. :)

Впрочем јас не побарав од тебе да напишеш елаборат на неколку стотина страни, туку едноставно те замолив да си ги аргументираш сопствените ставови. Со факти. На пример факти во облик на линкови кон научни студии. Научни студии кои ги третираат долгорочните последици од исхрана со ГМО.
Пошто дискутирање без аргументи (и без факти) е само празно зборување, ветар и магла, вода по мостот.

Најпосле, сето ова всушност е со цел и самата да видиш дека такви докази за безбедноста од исхрана со ГМО не постојат во било каков облик, а најмалку во облик на научни студии.
На индустријата не и се исплати да има објективни истражувања. Затоа што резултатите нема да им се допаднат.

П.С. Другите глупости што ги изнапиша не вредат ни да се коментираат - освен заради нивната забавна страна. :)
По твојата логика штетно е само тоа што веднаш те убива.
Демек се е во ред ако успееш да оставиш потомство пред некои страња (споро) да те убијат (преку разни автоимуни заболувања, и разни канцери кое се во се поголем подем). Навистина патетично неук став...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.885
Поени од реакции
12.233
Освен навреди и low level replies на никакви аргументи не наидов во твоите постови :tapp: што само докажува колку си прост и нецивилизиран и најбитно неинформиран околу темава..препорачувам информативно да се набилдаш барем малку околу тематикава па онда можеш да се вратиш тука. :angel:
Јас те советувам да ги примениш твоите совети врз самата себеси, бидејќи повеќе од очигледно е дека не си баш најдобро набилдана со информации и со аргументи, а тоа те прави повеќе проста тебе во начинот на кој расудуваш отколку што ме прави прост мене со моите коментари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom