OMGWTFBBQ
Bone for Tuna
- Член од
- 3 февруари 2007
- Мислења
- 8.802
- Поени од реакции
- 4.419
Има, да, од поодамна. Прав си. Затоа садам и одгледувам органска и ред други мои пријатели и познаници. Кој не е во можност си пазари од Свети Николе, таму тој регион има здрави насади и луѓе кои го негуваат природниот начин. Исто има и неколку луѓе кои одгледуваат органска ама не ги познавам, едниот е во Карпош, другиот во Лисиче. Ги има по групиве за органска на ФБ, лесно се наоѓа. Посkапо е бидејќи е поретко.Колку да ве потсетам - особено @Dexter26
Ако мислите дека кај нас нема GMO живеете во розева лага. Околу 95% од семките од кои растат зеленчуците кај нас се GMO продукти. Пред неколку месеца татко ми донесе гајба домати од човек со кој се знае, меѓу другото, еден од ретките кои останале да растат домати исклучиво природно и органски, од немутирани семки. Кога го пробав доматот, мислам дека се препородив. Толку сме навикнати на срањето што ни се продава по маркетиве овде да кога некој ќе проба легитимно природен домат, како да влегува во DMT трип. За жал, човеков не прави многу пари од доматов, пошто доминира мутанеријата и они ги лапаат сите пари, па можно е и да прекине да го расте (среќа има други извори на заработка). Али ради ваква гомнарска ситуација, на крај и сите останати од тие 5% одгледувачи, на крај ќе дигнат раце.
А за GMO семкиве, прашајте го Грујо. Би требало да даде јако шарен одговор.
Точно е.Витамини во 148г брокула(проценти според препорачана дневна доза)
Прегледај го приврзокот 130121
Па ништо неточно не кажале, или има нешто што не сфаќам?
Баш така. Монсанто тврди и дека произведува органска храна. Зошто да верувам во таа изјава, познавајќи го нивниот интерес?Брокулава како што пишува, не е гмо туку е хибрид од домашна и дива брокула. Ама па пошто доаѓа од Монсанто, што знам колку се за верување
Добрата вест е во тоа што, барем засега, повеќето држави членки на ЕУ од нашето соседство - со исклучок на Романија - одлучија да им затворат врата на генетички модифицираните производи, па останува надежта за подобро утре.Кога ќе дојдат и ти кажат што да садиш во својот двор тогаш мислам дека војните ќе почнат. Само што овде ние ќе си ќутиме и ќе се понашаме ко ништо да не било, јадејќи ја плавата банана. Се сеќавам каква офанзива имаше ова пусто гмо се додека голем дел од државите им лупнаа врата на проклетите амери. Не им успеа како што им успеа во аргентина и ред други држави. Така да мислам ако почнат да требат луѓе во Европа, ќе се почне од факин Балкан.
Го знаеме неговиот одговор - прашањето останува замрзнато додека Македонија не стане членка на ЕУ, а во меѓувреме, добредојдени се генетички модифицираните отрови.Колку да ве потсетам - особено @Dexter26
Ако мислите дека кај нас нема GMO живеете во розева лага. Околу 95% од семките од кои растат зеленчуците кај нас се GMO продукти. Пред неколку месеца татко ми донесе гајба домати од човек со кој се знае, меѓу другото, еден од ретките кои останале да растат домати исклучиво природно и органски, од немутирани семки. Кога го пробав доматот, мислам дека се препородив. Толку сме навикнати на срањето што ни се продава по маркетиве овде да кога некој ќе проба легитимно природен домат, како да влегува во DMT трип. За жал, човеков не прави многу пари од доматов, пошто доминира мутанеријата и они ги лапаат сите пари, па можно е и да прекине да го расте (среќа има други извори на заработка). Али ради ваква гомнарска ситуација, на крај и сите останати од тие 5% одгледувачи, на крај ќе дигнат раце.
А за GMO семкиве, прашајте го Грујо. Би требало да даде јако шарен одговор.
Знам, знам. Нормално зборев за вештачките промени.Но едно се генетички мутации - промени кои настануваат по природен пат, а друго се генетички модификации - промени кои настануваат по вештачки пат.
Мене ми е жал да видам како еден лошо напишан, тенденциозен текст, може да биде толку некритички примен од луѓе кои себеси се сметаат за големи критичари. И жал ми е да видам колку е лесно да се влијае на нечии ставови само со еден блог текст, без никакви податоци, без никакви истражувања.Доста добар опис за тоа како функционира таканаречената престижна и елитна академска заедница во нејзината одбрана на генетички модифицираните отрови.
http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/nauka/kako-monsanto-ja-modificira-naukata
Како Монсанто ја модифицира науката
22 Октомври 2015 - 08:57
Приказната за тоа како Монсанто користи угледни научници за својата ПР кауза е приказна за вишок пари и кусок академски интегритет.
Десетици илјади страници електронски и други преписки добиени благодарејќи на американското "Право да се знае" (дел од Актот за слобода на информациите) ја откриваат сликата за тоа како добро подмачканата ПР машинерија на гигантот за генетски модифицирани организми ја впрегнува науката и нејзините поткупливи претставници.
Во крајна линија, шемата е едноставна: тивко се најмуваат угледни претставници на академскиот свет да напишат нешто позитивно за ГМО а потоа истите тие заклучоци се преточуваат и дисеменираат наоколу како предавања, референци, блог постови и анализи.
Сето ова го има сумирано Стивен Друкер во својата книга "Изменети гени, извртена вистина" во која се вели:
"Над 30 години, стотици (ако не и илјадници), поборници на биотехнологијата вработени во научни институции, владини бироа и корпоративни седишта, систематски ја компромитираат науката и ги извртуваат фактите за да се поддржи генетскиот инженеринг со што директно придонесуваат во нашите чинии да стигнува таква храна".
Меиловите и документите на 43 државни универзитети во САД во кои се вклучени научници, економисти, правни и комуникациски експерти, откриваат дека главен плејмејкер на Монсанто бил Ерик Сакс, нивен главен човек за тн "стратешки ангажман" во чии шеми секогаш била вклучена платена ПР фирма која се користела како трета, независна страна.
На пример, во 2013-та, тој контактира 9-тмина угледни академици изложувајќи им го планот тие накратко да ги скицираат политиките за важни прашања од биотехнолошката сфера. Изборот токму на овие луѓе бил правен "поради нивното влијание врз јавните прашања, ГМО регулациите и мислењето на конзументите".
Потоа, нивните заклучоци доаѓаат во рацете на платени ПР фирми (една од нив маскирно наречена "Американски совет за наука и здравје") кои ќе го менаџираат процесот на нивна имлементација и ќе ја координираат нивната веб промоција. Со други зборови заклучоците од академиците ќе бидат мерчајндазирани и претворени во едиторијали, блог постови, теми за говорници на дебати, семинари, вебинари и слично.
Оваа трета страна се вметнува за да се создаде илузијата дека авторите пишуваат и комуницираат слободно, без вклученост на Монсанто.
Сето ова, се разбира, завршува со големи пари: Федералните регулатори за нови генетски модифицирани семиња даваат зелено светло за нивна регистрација по интервенцијата на академиците во Департментот за земјоделство во полза на индустријата, откриваат меиловите. А научниците и нивните Универзитети добиваат грантови.
Еден од најеклатантните примери за најмување вклучува професор од Харвард.
"Тој лани пишува статија за поддршка на ГМО-то која добива голем научен и јавен публицитет, но истовремено ги премолчува конекциите со Монсанто и нивните ПР фирми", открива новинарка на Бостон Глoуб.
Преписките откриваат дека истиот оној Ерик Сакс од Монсанто, на професорот Калестус Џуманот му предложил тема, заклучоци и наслов за неговиот нареден труд. На крајот Џуманот го сменил само насловот но сето друго останало во рамките на нарачката.
Е па во тоа е и проблемот - во тоа што нешто лошо го претставуваат како нешто сосема спротивно.Мене ми е жал да видам како еден лошо напишан, тенденциозен текст, може да биде толку некритички примен од луѓе кои себеси се сметаат за големи критичари. И жал ми е да видам колку е лесно да се влијае на нечии ставови само со еден блог текст, без никакви податоци, без никакви истражувања.
Јас прочитав малку за ова што го пишуваат и можам да видам дека нема ама баш никаков проблем тука. Баш изненаден сум дури и колку било транспарентно и наивно за индустрија во која се вртат големи интереси.
Значи компанијата им предложува на научници да напишат есеи за нивните истражувања и тоа на нивните јавни емаил адреси. После, сите тие пораки се објавени во јавноста затоа што се јавна сопственост.
Проблемот е што професори и научници вработени во јавни универзитети се врбувани од приватни компании, а не дека не било нешто бо ред со нивните претходни истражувања.
И не гледам проблем во тоа компанија да употребува ПР кампањи за својата дејност, особено нешто како ГМО кое има толку лоша слика, додека науката вели нешто друго. Дури и плитно и наивно што употребувале вистински научници, и вистинска наука и податоци, кога тоа можеле да го направат со еден обичен блог пост со празни спинови.