ГМО - генетски модифицирана храна

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Првата генетски модифицирана храна која содржи човечки гени наскоро ќе биде пуштена во продажба.
Оризот произведен во лабараторија содржи човечки протеини кои можат да се најдат во мајчиното млеко и плунката. Научниците кои го создадоа овој ориз велат дека тој би можел да се користи како лек за пролив кај децата, болест која убива илјадници деца во земјите од третиот свет.

Оризот произведен на овој начин е голем чекор за таканаречената "Франкенштајн храна", како што веќе се наречени производите кои содржат гени од човеково потекло. Американското министерство за земјоделство веќе најави дека планира да го одобри одгледувањето на ваквите производи. Компанијата Ventria Bioscience планира да одгледува протеини и да ги користи во пијалоците, десертите и јогуртите.

Оваа вест предизвика згрозување кај противниците на генетски модифицираната храна и друштвата на потрошувачи од целиот свет. GeneWatch од Велика Британија кои ја надгледуваат целата нова и генетски модифицирана храна, го окарактеризираа овој чекор како загрижувачки, бидејќи според нив ова подразбира големи ризици по здравјето на луѓето. Според нив, загрижувачки е доколку полињата се користат како фабрики за лекови, а тие фармацевстки производи завршуваат на чиниите на потрошувачите. Последиците од ова би биле погубни.

Двете страни имаат свои аргументи за и против, а генетски модифицираната храна се развива од ден на ден. Секојдневно се водат и расправии, а таа од ден на ден станува се помалку контроверзна. Но, доказ за штетноста или корисноста од оваа храна нема.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Во Англија, крајниот продукт не смее да содржи повеќе од 1% генеткси модификувани приотеини. Исто законски е одредено на кој начин (дури и со колкави букви) мора да биде означена таквата храна. Сериозни тестови се спорведуваат пред да се даде дозвола за да излезе таква храна на пазарот. Сепак на крајот на луѓето е да си одлучат дали ќе ја купат или не таквата храна. Документ кој би ја регулирал оваа проблематика во Макеоднија беше во припрема пред 2 или 3 години. Нацрт верзијата на законот беше одлична. Не сум сигурен дали е донесен во вид на закон.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ќе јадеме генетски модифицирана храна?!

Македонија од наредната година ќе дозволи генетски модифицирана храна. Со измените што минатиот месец се направија на Законот за безбедноста на храна, се овозможува генетски модифицираната храна да се увезува во државата, но и да се произведува.
"Сега се работи на подготвување на правилникот", вели Станислава Лазаревска, директорка на Дирекцијата за безбедност на храна. "Кај луѓето постои отпор кон генетски модифицирана храна затоа што не знаат зошто тоа се прави. Но кога тоа е контролирано, се подобруваат квалитетот и квантитетот на храната што се произведува. Во земјоделството, на пример, растението може да се направи да биде отпорно на ниски температури, да биде одгледувано и на површини кои се загадени со тешки метали, да стане имуно на инсекти, вируси и на пестициди. Се олеснува производство и се зголемува приносот", вели Лазаревска.
Контролата на генетски модифицираната храна ќе ја вршат инспекторите за безбедност на храна. На Земјоделскиот факултет веќе постои лиценцирана лабораторија за испитување на ваквиот тип храна.
Сите производи што содржат генетски модифицирани состојки задолжително ќе треба да бидат назначени на пакувањето. Знакот е универзален - ГМО, а застапеноста се означува во проценти. Лазаревска, како пример објаснува дека знакот ГМО треба да биде обележан дури и на сирењето кое е направено од млеко дадено од крава што била хранета со генетски модифицирани продукти. Самите потрошувачи треба да одлучат дали сакаат да се хранат со вакви продукти. Во светот ГМ храната е поевтина од биохраната.
Директорката на Дирекцијата кажува дека има позитивни примери на генетички модифицирана храна, како што е оризот, во кој се додаваат витамини.
"Тоа е златниот ориз. Имаме кикиритки на кои им се става антиалергиски ген. Тие ќе можат да ги јадат луѓето кои инаку се алергични на кикиритки. Има генетски модифицирани компири кои кога ќе се пржат, не го впиваат маслото. Најчесто генетски се модифицираат пченката и сојата, додека кај пченицата во Европа немаме регистриран генетски модифициран вид", вели Лазаревска.
Таа објаснува дека генот што го содржи модифицираната пченка и кој ја штити од инсекти, во човечкиот организам не може да опстои. Тој не се развива во желудникот туку човекот веднаш го исфрла од организмот.
Лазаревска, сепак, кажува дека постојат и генетски модификации кои можеби треба веднаш да ги отфрлиме. Го наведува примерот на домат на кој му се става ген од риба лосос, која живее во ладни води. Доматот ќе биде отпорен на студ и ќе може да се одгледува и зиме.
"Ова не се прави случајно. Ова се нови технологии што ги прави човекот за да си обезбеди храна. Нашата популација континуирано расте. Сега сме 6,5 милијарди луѓе, но проекциите кажуваат дека за 100 години ќе бидеме од 10 до 17 милијарди. А нашите површини се ограничени. Копното не се зголемува", објаснува Лазаревска.


----------------------------------------------

Само заради тоа што ќе се зголемел родот и ќе било по имуно растението и плодот на загадени средини со тешки метали - ТРЕБА ДА СИ ГО ТРУЕМЕ ТЕЛОТО?!?
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
јас веднаш ќе почнам со јадење. воедно од непушач ќе се префрлам на цигари без филтер и ќе си изградам куќичка под најголемиот далновод во Македонија.

на кого му се чита за прекрасните ефекти од генетски модифицирана храна (рак, алергии, дефекти при раѓање и сл.) линкот доле.

http://www.cqs.com/50harm.htm
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Македонија од наредната година ќе дозволи генетски модифицирана храна.

"Сега се работи на подготвување на правилникот", вели Станислава Лазаревска, директорка на Дирекцијата за безбедност на храна. "Кај луѓето постои отпор кон генетски модифицирана храна затоа што не знаат зошто тоа се прави. Но кога тоа е контролирано, се подобруваат квалитетот и квантитетот на храната што се произведува. Во земјоделството, на пример, растението може да се направи да биде отпорно на ниски температури, да биде одгледувано и на површини кои се загадени со тешки метали, да стане имуно на инсекти, вируси и на пестициди. Се олеснува производство и се зголемува приносот", вели Лазаревска.

"Ова не се прави случајно. Ова се нови технологии што ги прави човекот за да си обезбеди храна. Нашата популација континуирано расте. Сега сме 6,5 милијарди луѓе, но проекциите кажуваат дека за 100 години ќе бидеме од 10 до 17 милијарди. А нашите површини се ограничени. Копното не се зголемува", објаснува Лазаревска.
Toe kje bide ushte edna od pridobivkite od EU zatoa shto vo EU genetski modificirana hrana e dozvolena i zemjite chlenki imaat samo ogranicheni mozhnosti kolku mozhat da odbivaat. Znam primer na chlenki koi maka machat da odoleat na pritisocite od Brisel.

No tuka gledam i prekrasna mozhnost za makedonija kako poligon kade genetski modificirana hrana kje mozhe da se testira na pogolem sloj od opshtestvoto, rezultati koi sigurno na Unijata kje i bidat od korist. Nie treba da sme gordi shto so nashite zhrtvi im pomagame na drugite da si go sochuvaat zdravjeto.

Ne bev zapoznat deka Makedonija ima 6,5 milijardi lugje i deka nasite povrshini se ogranicheni??? Jas pak smetav deka Makedonija e retko naselena zemja i mozhe da hrani barem 20 milioni lugje???

Genetski modificiran Makedonec-kako toa gordo zvuchi!!!

Me interesira chii bankovni smetki se zdebelile za vladata da go izglasa zakonot???
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
No tuka gledam i prekrasna mozhnost za makedonija kako poligon kade genetski modificirana hrana kje mozhe da se testira na pogolem sloj od opshtestvoto, rezultati koi sigurno na Unijata kje i bidat od korist. Nie treba da sme gordi shto so nashite zhrtvi im pomagame na drugite da si go sochuvaat zdravjeto.
:pos: :pos: ........ :(
 
S

Stef Bachatero

Гостин
А од кај знаете дека не се произведува и не се увезува ГМО храна?Више по сите плантажи во Македонија повеќе гледаат да профитираат одколку да те услужат со квалитет.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Па ние одамна јадеме генетски модифицирана храна,всушност Балканските држави покрај другите работи се едни од најдобрите тестери за генетски модифицирана храна повеќе од 20тина години.Впрочем зарем некој мисли дека копани од кокошка големи колку на ној можат да се одгледаат туку така без кокошката да се храни со ГМО храна.Знаете ли за некое пиле толку големо од кое може да излезе 30-40 сантиметри долг пилешки стек?Па овде се што се увезува е генетски модифицирано а ние не сме во можност да го докажеме или не сакаме да го докажеме тоа.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Па ние одамна јадеме генетски модифицирана храна,всушност Балканските држави покрај другите работи се едни од најдобрите тестери за генетски модифицирана храна повеќе од 20тина години.Впрочем зарем некој мисли дека копани од кокошка големи колку на ној можат да се одгледаат туку така без кокошката да се храни со ГМО храна.Знаете ли за некое пиле толку големо од кое може да излезе 30-40 сантиметри долг пилешки стек?Па овде се што се увезува е генетски модифицирано а ние не сме во можност да го докажеме или не сакаме да го докажеме тоа.
Ako ova e tocno (znam deka e taka) togash zashto bilo koj od nas se zhali deka narodot ni e zombosan i govedarski. Sega gi imame efektite od testiranjata i zapadnite zemji kje mozhat uspesno da si gi primenuvaat i na nivnite teritorii po potreba.

Gledam i deka makedonskiot patlidzan (jabuchar) vekje se zamenuva so nekvalitetniot od zapadna evropa so nikakov vkus. Kje im bideme konkurencija na Spancite so nekvaliteten spanski patlidzan od MK na nivniot isto nekvaliteten original :)))

Mozhebi kje staneme poznati vo svetot po nova dijagnoza: Makedonsko ludilo!

Ne mi e do smeenje ama morav malku da bidam ironichen..
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
abc i stevo se vo pravo
ne treba da pisuvam mnogu prosetajte po selava nasi i prasajte gi kakva semenska pcenica koistat i olu vreme..
odamna se hranime so GMO dragi moi odamna ...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
SILEN:

Ne bev zapoznat deka Makedonija ima 6,5 milijardi lugje i deka nasite povrshini se ogranicheni??? Jas pak smetav deka Makedonija e retko naselena zemja i mozhe da hrani barem 20 milioni lugje???

Genetski modificiran Makedonec-kako toa gordo zvuchi!!!

Me interesira chii bankovni smetki se zdebelile za vladata da go izglasa zakonot???
Mi go zede zborot...ni jas ne sum znael deka Makedonija imala 6.5 milijardi luge populacija...ova samo pokazuva deka gospodinot Gvuevski voopsto ne vnimava kogo inkorporira vo svojot tim i treba , navistina krajno vreme e da podrazmisli za toa.
Isklucivo TREBA DA SE INSISTIRA MAKEDONIJA DA OSTANE ZEMJA NA CISTA HRANA so akcent na BIO-HRANA...,valjda Premierov ne ni e tolku gvup i procital verojatno deka taa BIO-HRANATA e 10-100 pati poskapa.
Gospod ni dal edna crvena kapija od piperka , pa jabucar domat koj go nema nigde...i sega treba toa da zaboravime i da pocneme da pravime nekoi monstrumi....otporni na pesticidi i teski metali...i da pocneme istite pesticidi i teski metali da gi selime vo telata na nasite deca...
Tie sto ziveat po Evropski vukojebini neka jadat domat so lososovi geni , nas ne ni treba , a ke im go prodavame po 50 evra komad nasiov...za da mirisnat sto e domat pred da umrat....ili CRVENA PUPERKA..pa isusena, pa svarena so lukce....
Navistina zaebancija na strana . valjda nema da bideme tolku GVUPAVI ona sto ni e dadeno od Boga da go izgazime..????? pa duri i toa EU pedofilite da insistiraat na toa....ne veruvam deka mozat da donesat obavezitelen zakon za truenje na naselenieto......ova pak nekoj ovde lokalno ne mota okolu prst...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Па владава е спремна и радиоактивни боеви глави да одгледува доколку е можно само да ја придвижи земјава кон нешто,оти од агонијава во која вегетираме не се победува само со порачан рејтинг по сомнителни агенции за штелување рејтинзи.:)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Срамота!!!!
Наредните зборови би биле премногу вулгарни да се напишат, а би го изразиле моето мислење околу генетски модифицираната храна!!!
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
EJ полека, почнувате да забегувате.
дека е факт дека нашите земјоделци купуваат секакво семе, та дури и од генетски модифицирани сорти, без разлика далиу тие се одобрени или не за употреба е факт, со законот чија рамка уште одамна се составува, и да се стави ред на тоа, за да се знае и контролира кој што одгледува за да знае купувачот што купува, инаку јас колку што следам, имам воочено дека се повеќе земјоелци кај нас соледуваат дека малата инвестиција во добивање на сертификатот БИО многу повеќе пари ќе им носи, па следствено се повеќе се ориентираат ко тој начин на одгледување на култури. Мислам дека премногу е очигледно дека иако сме плодна почва немаме толку многу квантитет да понудиме, па затоа поисплатливо е да се извезува квалитет.
Така да премиерот и тие што го составиле законот не го составиле за да воведат генетски модифицирана храна, туку нејзиниото неоспорно постоење да се стави во законски рамки, и со добра надеш поголема практична конторола.
Инаку за тоа колку е здрава или нездрава Генетски модифицираната храна, имам доста пишувано на потполно иста тема со која чинам треба оваа да се спои.

Инаку општиот страв кој одредени невладини меѓунордни организации го имаат пред она што не го разбираат, успеаа со многу јак маркетинг да го претворат во општа предрасуда, која се гледа во голем дел од постовите над мене.

Р.Ѕ. ТРН не птварај скоро дупли теми односно теми за кои во поголем дел се има веќе борено, кога го можам тоа јас како обичен член да го правам, мислам дека ред е и ти тоа да го правиш како модератор.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=11080
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Од моментот кога почнавме да јадиме амерички батаци и на македонските девојчиња да им растат цицки на 11 или на 12 години до сега, не храната - водата ќе ја модифицираат генетски.

А иначе ако сакате слики од ракови, леукемии, малигни заболувања и секаков вид на други сведоштва : одете тркнете до Гугл и ќе имате цел флорилеж на сведочења за “бенефициите“ од таа глупост. :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom