Свечено отворање на Народниот театар во Гевгелија
Гевгелија, 18 декември 2011 (МИА) - Вечерва во Гевгелија, како 135 културно случување во рамките на годинашниот проект „Гевгелија - Град на културата за 2011“, ќе биде свечено отворен реновираниот објект и сценски простор на Народниот театар.
Овој храм на културата, изграден пред 56 години, 15 години остана надвор од функција поради тешките оштетувања како последица на опожарувањето кога настрада кровната конструкција, но и самата внатрешност на објектот.
Со помош на ИПА програмата на ЕУ наменета за локални инфраструктурни проекти, со финансиска поддршка од 514.000 евра и локални буџетски средства од 100.000 евра, објектот го враќа својот првичен лик и функционалност.
По 12 месеци изведбени работи на фирмата „ВИА“ ДОО Вевчани, со средствата од европскиот грант и локалната поддршка, вратена е некогашната архитектура на просторот, поставена е нова електрична, водоводна и одводна инсталација, како и систем за греење и климатизација.
На свеченото отворање се очекува да присуствуваат бројни гости и љубители на театарската уметност.
Првото сценско гостување во новоотворениот културен храм пред гевгеличани ќе го имаат професионалните актерски имиња од Македонскиот народен театар со претставата „Свадбата на Фигаро“.
јд/паг/9:16
--- надополнето: 18 декември 2011 во 12:17 ---