ГИВГИЛИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Е, Гевгелија, рамна како тепсија.

И, сигурно тука треба да се додадат и прекрасните ресторани Елени, Мандра, Боко, пицеријата Бакарди, и незаборавниот и неодминлив Јавор на само неколку километри од Гевгелија.

А кога сме кај Богданци, прекрасна ноќна шема во БелАми (кај Крум) и во Максим за зимско време, и дискотеката Аква.

Доколку сакате репортажи, имам за цел регион од јужна Македонија, Дојран, Богданци, Гевгелија, Струмица :lol:

Поздрав
Nema covek od drug grad sto e dojden vo poseta na Gevgelija a da ne kaze deka bil vo kafana Javor.
 
Гевгелија-Македонскиот Лас вегас.
Убаво. чисто, културно градче. Сум бил повеќе пати во Гевгелија и што можам друго да кажам...супер е.
Само што многу казина и КЛАДИЛНИЦИ има. Тоа малце ми смета на мене.
 
Мене Гевгелискиот дијалект па ми е најинтересен заедно со Струмичкиот и Кумановскиот. :P
 
"Шо ва ебум" Стално го слушам, има на факултет еден од гивгилија и коа збори на моб со некој од гивгилија 40-50% не го разбирам што лафе :D
 
Исто и јас не ги разбирам :D
 
Свечено отворање на Народниот театар во Гевгелија
image1.jsp
Гевгелија, 18 декември 2011 (МИА)
- Вечерва во Гевгелија, како 135 културно случување во рамките на годинашниот проект „Гевгелија - Град на културата за 2011“, ќе биде свечено отворен реновираниот објект и сценски простор на Народниот театар.
Овој храм на културата, изграден пред 56 години, 15 години остана надвор од функција поради тешките оштетувања како последица на опожарувањето кога настрада кровната конструкција, но и самата внатрешност на објектот.
Со помош на ИПА програмата на ЕУ наменета за локални инфраструктурни проекти, со финансиска поддршка од 514.000 евра и локални буџетски средства од 100.000 евра, објектот го враќа својот првичен лик и функционалност.
По 12 месеци изведбени работи на фирмата „ВИА“ ДОО Вевчани, со средствата од европскиот грант и локалната поддршка, вратена е некогашната архитектура на просторот, поставена е нова електрична, водоводна и одводна инсталација, како и систем за греење и климатизација.
На свеченото отворање се очекува да присуствуваат бројни гости и љубители на театарската уметност.
Првото сценско гостување во новоотворениот културен храм пред гевгеличани ќе го имаат професионалните актерски имиња од Македонскиот народен театар со претставата „Свадбата на Фигаро“. јд/паг/9:16
--- надополнето: 18 декември 2011 во 12:17 ---

Ништо не прават со еден театар. Треба многу повеќе да направат. Барем тоа плоштадчето мало да им го средат, паркот да се среди (за никаде е), и ред други работи. Освен што е чисто.
 
Со општински пари толку (и дел од ЕУ).Ни еден денар државни пари.А први ќе се накитат таму министерката и компанија.Катастрофа (n)
 
Донесен е новиот урбанистички план, планирано е изградба на нов плоштад, нова автобуска и нов пазар, само што многу се одолжи работата, без овие три капитални објекти за градот, ќе кажам дека премалку се направи. Зошто ? - Затоа што овие проекти не носат пари, а коштат многу. Приоритет секако се казината и се е подредено на нив, а планирана е и изградба на голем трговски центар во близина на мото-крос патеката Милци.
 
Дај ни извор да видиме од кај си прочитал па да прочитаме и ние. И би ме интересирало како ќе изгледа плоштадот. И кога ќе се почне со изградбата и кога би се завршила.
 
На 23 декември веќе е закажана и втората јавна електронска аукција на која за продажба се понудени градежни парцели, односно 31.849 метри квадратни за изградба на Трговски центар кај Милци со почетна цена од 610 денари за метар квадратен и 3.092 метри квадратни за хотел на просторот од поранешна Касарна, со почетна цена од 61 метар квадратен. До крајот на годината ќе биде одржана уште една јавна аукција за продажба на градежна парцела од 16.244 метри квадратни за хотелски комплекс со почетна цена од 61 денар. Оваа продажба ќе се одржи на 26 декември 2011 година.

http://gevgelija.gov.mk/mk/index.ph...6:2011-12-12-23-24-44&catid=8:actual&Itemid=1

Ова е за трговскиот центар.

За плоштадот, автобуската и пазарот сеуште нема проекти, но тие се предвидени во генералниот урбанистички план, го имаше некаде на страната на Општина Гевгелија, ама неможам да го најдам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom