Јас на англиски ја прочитав Елементарни честици и Платформа ама искрено не очекувај од него некоја голема елоквентност во изразувањето или пак некоја голема динамика, интересен е зошто обработува теми што се контраверзни како на пример Можноста на островот каде што му се нафрли католичката црква за клонирањето, и ги исфрла ликовите и карактерите површно со огромен цинизам и црн хумор. Ја немам прочитано Можноста на Островот, ама Елементарни Честици ме фрли во некој нихилистички очај кога ја прочитав, и покрај тоа што не е ништо посебно, ниту пак има некоја филозофија која ќе те просветли.
Оригинално е Француз, па можи и преводот од англиски да е неадекватен ама сепак мислам дека имаш и преголеми очекувања од него како автор. (Ако си ја прочитал на англиски тогаш е во ред, не инсуинирам ништо)
Најочаен превод е дефинитивно на Автостоперски водич низ Галаксијата од Адамс, мислам имаше и на он нет забелешка од еден фан на книгава.