Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.404
- Поени од реакции
- 5.957
Сте читале ли таква литература, ви се допаѓа, не ви се допаѓа и зошто да или зошто не?
Во светот еротиката е доста популарна и Американците особено сакаат да читаат такви дела, додека пак во нашите книжарници при некои спроведени анкети вработените велат дека Македонците се срамат да купуваат такви книги, на пример книгата „Нов бесплатен чоколаден секс“ била продадена во многу мал број примероци само заради тоа што во насловот го содржи зборот - секс.
Странските автори пак, во последно време избегнуваат да пишуваат на таа тема затоа што постои награда за „Лош опис на секс“ во литературата. Номинирани за оваа награда биле Салман Ружди, Габриел Гарсија Маркез, Џон Апдајк...
Во македонската книжевност постојат благи описи на секс чин, зачинети со многу метафори, каков што е оној во „Вештица“ на Венко Андоновски.
Постои и листа на најеротски литературни дела:
1. „Фани Хил“ - Џон Клиланд (првата британска „порнографска новела“, која е забранета поради „непристојната“ содржина во 1821 година).
2. „Госпоѓа Бовари“ - Гистав Флобер (објавена по судскиот спор во 1857 година. Приказна за бунтовноста на жената против верноста, преданоста и бракот).
3. „Љубовникот на Лејди Четерли“ - Д.Х. Лоренс (официјално објавена во 1960 година. Експлицитно секс-четиво).
4. „Улисис“ - Џејмс Џојс (забрането поради експлицитните сексуални сцени во 1930 година. Еротска фантазија).
5. „Брегот на Венера“ - Анаис Нин (напишана во 1940, објавена во 1975 година. Книга за сексуалните фантазии на жените).
6. „Раковиот напоредник“ - Хенри Милер (напишана во 1930, објавена во 1961 година. Полуавтобиографска книга за сексуалниот живот во Париз во 1930-тите).
7. „Болката на Портној“ - Фили Рот (објавена во 1969 година. Кратка историја на мастурбацијата и желбата за секс).
8. „Страв од летање“ - Ерика Јонг (објавена во 1973 година - феминистичка еманципација на сексот со непознати мажи).
9. „Базенска библиотека“ - Алан Холингхрст (1988 година, роман за промискуитетниот живот на хомосексуалците во Лондон).
10. „Глас“ - Николсон Бејкер (1992 година - приказна за сексот по телефон).
Сте читале ли нешто од ова, и каков коментар би дале?