Прељуба - најдобар начин да засакаш некого.
Имам долга врска, во првата година девојками замина на едно патување со нејзините родители - во село. Јас по само пет дена неможев повеќе да издржам и отидов замислете по неа во село, само сакав да ја видам за еден ден иако имав пат од три саата со воз и еден ипол саат пешки по планина.Стигнав во селото со мапа во рака бидејки никогаш во животов не сум бил во тоа село, капнат,дехидриран од жешкото сонце, беше негде јули месец.
Ја најдов викендицата на девојка ми, но во неа беа само нејзините родители кои ми кажаа дека она заминала на прошетка во шумичката, кај некое си манастирче со другари и другарки од селото.
Хм, иако уморен, без душа се решив да отпешачам и да ја видам девојка ми. Пешачев уште еден саат и на крај кога стигнав, заборавив на уморот, ја видов конечно девојка ми, си реков навистина се исплатеше.
Но девојками изгледаше некако збунето, некако пребледено, си реков дека е од возбудата што ме виде мене.Седевме на тревникот разговаравме со другарите на девојка ми се смеевме супер ни беше, но девојка ми беше некако замислена.Не можев да разберам ништо.
Кога се симнавме повторо во селото, родителите на девојками ме наговорија да ја отспиам вечерта таму, но девојками се повеќе и повеќе растревожена.
Вечерта кога излеговме во кафиќот што се наогаше во селото, ми дојде едно полупијано типче кое го запознав дента на прошетката, и почна да ми се правда како он пробал да и се пушти на девојка ми но она го одбила, колку јас сум имал среќа што сум нашол таква девојка и еден куп гомнарии.
Ми стана јасно, и пријдов на девојками и и кажав моја верзија од приказната што ми ја кажуваше дотичниот дечко.
Девојками се отвори и низ солзи призна се што направила колку тоа траело како дошло до тоа итн.
Бев скршен, но не раскинавме, оставивме само еден вакум период во кој јас требаше да размислам што понатака со нашата врска.
Другиот ден се вратив во Скопје, можете да замислите со каков елан дојдов во селото а како се вратив.
Имав некои си 5 дена болка во срцето, неможев да јадам, неможев да спијам, ми беше ужасно.
Откако се врати девојками во Скопје ние продолживме да се гледаме, и знаете што, сеуште сме заедно веќе пет години од таа случка, и ни е прекрасно, до сега ниту еднаш не сум и префрлил за таа работа ниту планирам тоа да го направам.
Сме разговарале за таа работа неколку пати, и знаете што ми рече:
"Да не се случеше тоа нешто, да го немаше оној бланко период од пет дена кога врската ни висеше на конец, и не можев да заспијам месец дена после тоа, а до ден денес ме гриже совеста, немаше да сфатам колку ми значиш и колку не можам да живеам без тебе- ТЕ САКАМ"
Но што, ќе речете сум испаднал муле.
Можеби, но од тој ден девојками дозна што е љубов, несебична љубов која ја има само кон мене. Секој ден сме заедно немаме никакви тајни но исто така имаме и слобода и доверба.
Како доверба ќе ме прашате - верувам во сопствените чуства:raz:
ПС. Ја имате таа чест драги КАЈГАНЏИИ ова премиерно да излезе од мојата уста - мојот мозок - ПОЗДРАВ:zid: