Втора шанса

S

smart ass

Гостин
[vladimir];3375186 напиша:
Neznam kako toa ne se dava tuku se zasluzuva?
Па се заслужува...ако е тука во ситуации кога знаеш дека има некоја која докажала дека кога ти требала било каква помош или разбирање од неа,она не бегала туку напротив покажала разбирање и понудила помош а и кога можела помогнала.....т.е знаеш дека You have somebody to relay on.Well she loves you.

али сепак ОД ТЕБЕ ЗАВИСИИИ:vozbud:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Зависи за што се работи, ако се работи за некаква ситница тогаш да, давам втора шанса, човечки е нели да се греши му/и се случило да згреши и тоа е тоа. Но ако се случи покрај дадената шанса личноста да направи уште една грешка, понатаму од втора шанса не одам, зошто на крај ти самиот ќе испаднеш глуп и наивен.
Во случаи пример каде јас на некој или некоја сум помогнал, сум пружал рамо за плачење, совети, подршка од моја страна, и како знак на благодарност сум добил од личноста нож во грб, тогаш не простувам.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
многу пати сум забележала како животот на човекот му пружа многу шанси што мислам дека е во ред, но човекот некогаш е доста пребирлив и ги пропушта, но жиивотот може и да те казни и истата шанса што си ја прошуштил да не ти ја пружи... треба сите шанси кои ни се пружаат да се искористат, бидејќи секоја е драгоцена и посебна.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Втора шанса , ретко кој добива.
А уште поретко кој ја искористува !
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не сме роботи за да кажеме дека имаме конечни ставови за втора шанса давање на некого. Јас само на луѓе што ми ја изневериле довербата не сум дал втора шанса без разлика дали ми биле блиски или не.
Не знам дали тоа ќе продолжам така...ама знам дека тој дел е тежок секс за мене.
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Секогаш сум бил рационалист и толерантен па на сите сум и давал втора шанса кога ќе ми згрешиле нешто, па макар некогаш втората шанса ја добиваат по тоа што и јас сум згрешил нешто некаде но не сум го спомнал тоа па така им се одолжувам, но кога дојде моментот кога требаше јас да ја добијам мојата втора шанса некој од нив не ми ја пружеа, па човек треба сам да процени кога и на кој треба да даде втора можност и да им докажат дека ја заслужиле и друи тогаш може навистина да им прости за грешката која ја направиле :smir:
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
115
Поени од реакции
6
Сум разбирлива и често давам втора шанса на луѓето кои ќе ми згрешат, затоа што ќе дојде време ќе се случи нешто кога и мене ќе треба да ми се даде втора шанса... Да опростиш некому е правилно затоа што она -никој не знае што има додека не го изгуби тоа што го има- жива вистина, после вториот обид сме повнимателни...
но има и случаеви кога не се простува...
 
Член од
23 мај 2010
Мислења
43
Поени од реакции
5
Правилно и човечки е да се даде втора шанса, некој заслужува, а некој не. Постојат и некои кои од таа втора шанса (како што се вели) им дојде паметот, но има и некои кои нема никогаш да научат да ја ценат таа втора шанса...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
115
Поени од реакции
6
Правилно и човечки е да се даде втора шанса, некој заслужува, а некој не. Постојат и некои кои од таа втора шанса (како што се вели) им дојде паметот, но има и некои кои нема никогаш да научат да ја ценат таа втора шанса...
Да треба да се пружи втора шанса, и секако не секогаш после тоа работите одат на подобро...
Има личности кои никогаш не се менуваат кои добро ја владеат дволичноста и те користат до максимум за да те фрлат како марамче..
Затоа ние сме тие кои треба да одлучиме дали да прржиме втора шанса и на кого..
 
Член од
23 мај 2010
Мислења
43
Поени од реакции
5
Да треба да се пружи втора шанса, и секако не секогаш после тоа работите одат на подобро...
Има личности кои никогаш не се менуваат кои добро ја владеат дволичноста и те користат до максимум за да те фрлат како марамче..
Затоа ние сме тие кои треба да одлучиме дали да прржиме втора шанса и на кого..
Голема жалост е што денес светот е преполн со дволични луѓе, а и кои се незадоволни од она што го примаат (кое во меѓувреме е и многу за нив)...Но тие губат, тие така ништо не учат, стојат на истото место, тие само бараат но премалку даваат...на пример така е и за шансата, само бараат шанси, но кога ќе дојде време да дадат, тогаш тоа е невозможно....
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Од тоа давање на втора шанса,од тоа простување секој може да ме заврти околу малото прсте како што сака...
Доста веке беа простувања.
Ти се праваат другари/ки кога им е најпотребно...А тебе кога ти треба некој сите се ко на appear offline.
Дали тебе ке ти даде некој втора шанса доколку згрешиш?не бе човеку...нема!цел живот ке ти го памети тоа.
А и да не си крив,а сакаш да се објасниш а не ти дадат шанса?па кога му текне нему тогаш. Ха ха ха...Никој не заслужува,правиле мајтап од тебе а утре ке бара да му простиш...а ако се случи пак тоа?
Повеке не дозволувам некој да прави будала од мене во здрав мозок,се правам дека е ок...
Го нема повеке тој збор во мојот речник.
Се согласувам дека е човечки да се греши и да се дава друга шанса но се си има свои граници.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Едно е да се прости, а друго е да се даде втора шанса... Разграничете ги поимите, дефинитивно :)

Постојат работи преку кои јас како човек можам да замижам и да ги проголтам (и да, зависат од влијанието и значењето на одредената личност што го има во мојот живот). Но, постојат работи кои стварно некој/а не смее да си ги дозволи. Од таму и мерилото за втора шанса. Се што е во граница на нормалното заслужува втора шанса. Но, нема да дозволам некој/а да прави шпанска серија од мојот живот. Човечки е да се греши, човечки е да се простува, човечки е да се даде втора шанса, но не секој заслужува да ја добие.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Втора,трета....... шанса ?
Секогаш давај си.
А на другите и да сакаш неможеш да им дадеш.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Едно е да се прости, а друго е да се даде втора шанса... Разграничете ги поимите, дефинитивно :)
Исти к*рац(со извинение на речникот)пак си попуштил на крајот ти.
Не е за секого а и да се даде што со тоа?ко што кажав а и другите членови,постои можност да се случи и по втор и по трет пат...а ти испагаш будала на крај а други си играт мајтап со тебе...треба да бидеш малку себичен и да не гледаш да угодиш на сите како им одговара така.Пошто утре никој нeма да ти рече фала:)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Има дволични личности што бараат шанса што не ја заслужуваат, но прашањето е зошто? Само затоа што се дволични или дека и добро почувствувале дволичност на другата страна, наизглед подобро прикриена па си дозволиле? Инаку тешко дека ќе се осмелеле. Дволичните луѓе бегаат од вистински авторитетните ко ѓавол од крст. Го знам тоа по себе...

:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom