Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.359
Поени од реакции
79.196
како кој рачуна

Википедија, на пример, вика дека само Србија, Русија и Белорусија го слават на 9-ти.
(заради повторното потпишување, барано од Русите, а се слави затоа што во Русија веќе било 9-ти, во моментот кога го потпишувале повторно. инаку е седми прв пат, па на осми нова верзија)

ок, доволно неразбирливо го срочив ова....
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

Неспорно, но Советите, како еден од главните учесници на страна на сојузниците, потпишуваат на 9-ти, според мене логиката е дека крај на војната во европа треба да се смета кога последната завојувана страна потпишишала примирје.

Иако гарнизони со германски војници кои сеуште не се предале има и по овие две дати, се предаваат неколку дена после тоа.

Еве, дури гледав на Википедија за точните дати на последните воени дејствија видов дека постоела битка и по 9-ти мај помеѓу Рајхот и сојузниците:

https://en.wikipedia.org/wiki/Battle_of_Slivice
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.359
Поени од реакции
79.196
Иако гарнизони со германски војници кои сеуште не се предале има и по овие две дати, се предаваат неколку дена после тоа.
има и со месеци после тоа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.359
Поени од реакции
79.196
kinda

The very last German troops of the Second World War to call it quits turned themselves in to a band of Norwegian seal hunters on the remote Bear Island in the Barents Sea on Sept. 4, 1945 – nearly four months after VE Day! The small detachment had been sent to the distant Arctic outpost to establish a weather station sometime late in the war. Having lost radio contact with headquarters in May. They gave up without a fight.

Инаку има германски подморници кои после некој месец се предале.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
Уште покатастрофални се француските предвоени политички потези. Со Версајскиот договор(а потврдено уште еднаш во 1925 година со Локарнскиот пакт) деловите на Германија западно од Рајна станале неутрални, а германска агресија на Чехословачка и Полска се сметала директна агресија на Франција. Формално правно французите можеле да нападнат и кога Хитлер влегол во Чехословачка и кога влегол со трупите западно на Рајна. Речиси сите германски министри го молеле Хитлер да не прави толку ризичен покерашки потег и да преместува трупи западно од Рајна. Од друга страна војната на два фронта од првиот момент била посакувана од Сталин, но сојузниците калкулирале и калкулирале при предвоените преговори со советите. Интересно е дека пред војната пољаците биле премногу преценети, а советите потценети, па при една таква сојузничка дискусија, за тоа дали да се оди на сојуз со советите имало доста скептицизам околу моќта на русите, па некој дофрлил дека може и самата Полска да држи еден фронт.
Сталин инсистирал прилично на сојуз, организирал пречеци со најголеми почести за претставниците на сојузниците, а во преговорите секогаш учествувале луѓе на највисоко ниво предводени од комесарот(министерот) за над.работи Ворошилов. Но, како и во све друго секогаш бил скептичен и имал многу други резервни планови, па така во даден момент преку низок чиновник(за да може лесно да се одрече) им понудил сојуз на нацистите. Има многу за пишување тука, како све тоа одело, но поентата е дека сојузниците на крајот дефинитивно одлучиле да не се оди на тој сојуз и се пошло на планот Б, па Сталин, дури и го сменил комесарот Ворошолов, кој бил евреин и просојузнички настроен и го ставил Молотов. Иако вака гледано пактот за советите бил тотален промашај, а за германците полн погодок. Тампон зоните, кои ги окупирал СССР, германците ги освоиле брзо, а одзеле многу време, па дури и била потребна војна со финците, а не придонеле за ништо суштинско. Исто во тие 22 месеца воената индустрија не работела во полна пара, како пред војна. Плановите за производство биле за мирно време. Иако рака на срце и тука мора да се напомене дека никој ни на сон не очекувал дека Франција ќе падне толку брзо.
Поентата за Франција од приказнава е нивниот комформизам и силната самоувереност во своите доктрини за војување. Што, да бидеме реални не паднале од небо, французите во тој период се сметале за најсилна копнена сила.

Како и да е тие предвоени сплетки, калкулации, двојни игри, попуштања се навистина интересни и не се нелогични за тоа време. Факт е дека секоја од трите страни имала аргументи да верува дека другата страна и спрема нешто од позадина. Хитлер се плашел од војна на два фронта, сојузниците и советите пак се плашеле да не бидат први баш тие што ќе стапат во војна и да водат војна до тотално истоштување, па потоа третата страна да ги доуништи. На крајот испаднало шашаво. :D
Конформизмот влече корен во мамутските судари на западниот фронт во ЊЊ-1 при што германската техничко-технолошка надмоќ од 1914 не била пресудна, па сметале дека така ќе биде повторно. Имало некоја основа за конформизам но проблемот бил што немало смена на генерации во водечките структури на воените сили. Авијација како засебен род вовеле тек во 1934.

Најсликовита е ситуацијата со Шар-Б кој како прототип бил готов уште во 1928 и во тоа време бил без никаква конкуренција најдобар тенк во светот, но до 1940 произвеле само 404 тенка од нарачаните 1500, несфатливо, настрана што од 1928 до 1940 и другите земји произведувале одлични тенкови.
Исто е со првиот all-metal дурал ловец, Бернар Б-20, еднокрилец од 1927 кој достигнувал 400км/ч но надлежните решиле да не го воедуваат во сериско производство...

Што се однесува до Полска, сојузниците просто ги молеле да направат линија зад Одра каде што ќе имаат повеќе шанси да ги запрат германците, но пољаците биле патриоти и не давале ни педа земја. На крај, како што кажувал Сун Цу, оној што брани све = нема да одбрани ништо :D

Не би рекол дека биле преценети Пољаците бидејќи навистина бројчано имале импресивни бројки, но за 1934-5 но не и за 1939. Од нивниот најдобар ловец П-24 имале само неколу авиони, бидејќи откупиле лиценца за британски мотор и го правеле само за извоз :facepalm:

Нејасна е ситуацијата со Чехословачка, со мини-машино линија, одлични авиони и тенкови, најдобри ПТ топови во светот во време на Минхен, а се предале без испукан куршум?! Ок, имало судири нешто по Судетенланд но тоа биле минорни чарки со по неколку загинати и 10-20 ранети.

Нај-нај-нај-лесно си помина Австрија, легло на илјадници фанатични нацисти, the core на германските специјални единици, посебно Еделвајс и видни членови на СС, па чак и Валтер Новотни кој ако не се лажам е 4.пилот на сите времиња со 258 воздушни победи, секакви манијаци кои направија купишта зулуми за време на војната, требаше Австрија да биде третирана како дел од Оската.

Е сеа за Италија не знам, може да се каже дека стереотипите се горе-долу точни
Автоматски споено мислење:

Така е.
У ствари, СССР бил непосакуван сојузник од страна на Западот. Причини - премногу.
Праќале смешни делегации на преговори со Стаљин - делегации речиси без никакви ингеренции. Задњата делегација дури и содржела примерок што се викал Реџиналд Ајлимер Ренфрли Планкет-Ернл-Ерл Дракс.
Автоматски споено мислење:

патем, денес навршуваат 75 години од победата над фашизмот.
Југославија потпишала тек на 15.Мај :D Македонија како дел од тогашна Југа и една од земјите наследнички би требало да го слави 15-ти.
Автоматски споено мислење:

Така е.
У ствари, СССР бил непосакуван сојузник од страна на Западот. Причини - премногу.
Праќале смешни делегации на преговори со Стаљин - делегации речиси без никакви ингеренции. Задњата делегација дури и содржела примерок што се викал Реџиналд Ајлимер Ренфрли Планкет-Ернл-Ерл Дракс.
Автоматски споено мислење:

патем, денес навршуваат 75 години од победата над фашизмот.

Имало некои зачетоци...
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.359
Поени од реакции
79.196
Нај-нај-нај-лесно си помина Австрија, легло на илјадници фанатични нацисти, the core на германските специјални единици, посебно Еделвајс и видни членови на СС, па чак и Валтер Новотни кој ако не се лажам е 4.пилот на сите времиња со 258 воздушни победи, секакви манијаци кои направија купишта зулуми за време на војната, требаше Австрија да биде третирана како дел од Оската.
Затоа ми е смешна сегрегацијата на Австријците, од Германците, во советско заробеништво. Демек, не сме ние ко нив.
Автоматски споено мислење:

Е сеа за Италија не знам, може да се каже дека стереотипите се горе-долу точни
Може ти тоа не знаеш, на лична база на романски* симпатии :). Ама јас си знам. Точни се за нив.

* романски, од аспект на романска група на народи.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
Затоа ми е смешна сегрегацијата на Австријците, од Германците, во советско заробеништво. Демек, не сме ние ко нив.
Не сфаќам како им ги замачкаа очите на сите, имајќи предвид дека и пред аншлусот имале наци-влада, чак имале своја форма на фашизам наречена аустро-фашизам, неразбирливо е како поминаа како "жртви". Барем да имаа некој покрет на отпор колку и минимален да бил, макар симболичен, ништо од тоа. Голем цивилизациски блам, еквивалент на пуштање од робија на Тед Банди да се шета низ женски студентски дом :icon_mrgr:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.359
Поени од реакции
79.196
Имало некои зачетоци...
Не, не, ја не зборам за 35-та, туку зборам за времето после неколку години, кога нашироко веќе се дознало за стаљиновите чистки. Ја зборам за "обидите", веднаш пред Молотов-Рибентроп.
А ако гледаш уназад така, на пример Русија беше стар сојузник на Западот, во Прва, пред тоа со Британците, против Наполеон и тн. Што е логично, пошто ја имаат измеѓу Германија (Прусија, Австро-Унгарија и тн.).
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
kinda

The very last German troops of the Second World War to call it quits turned themselves in to a band of Norwegian seal hunters on the remote Bear Island in the Barents Sea on Sept. 4, 1945 – nearly four months after VE Day! The small detachment had been sent to the distant Arctic outpost to establish a weather station sometime late in the war. Having lost radio contact with headquarters in May. They gave up without a fight.

Инаку има германски подморници кои после некој месец се предале.
Имало подморничари кои емигрирале во Аргентина, каде што власта била апла про-фашистичка, не знам што биднало со подморниците, имаше шпекулации дека 20-тина од новите Електробоот Тип-21 завршиле во Аргентина, нормално во една од нив и самиот Адолф, но тука веќе е територија на заговорни теории... :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.359
Поени од реакции
79.196
Не сфаќам како им ги замачкаа очите на сите, имајќи предвид дека и пред аншлусот имале наци-влада, чак имале своја форма на фашизам наречена аустро-фашизам, неразбирливо е како поминаа како "жртви". Барем да имаа некој покрет на отпор колку и минимален да бил, макар симболичен, ништо од тоа. Голем цивилизациски блам, еквивалент на пуштање од робија на Тед Банди да се шета низ женски студентски дом :icon_mrgr:
Да не се лажеме, има неколку такви пост-II С.В. цивилизациски бламови, предизвикани најчесто од пристигнувањето на Студената Војна.
Автоматски споено мислење:

Аргентина, нормално во една од нив и самиот Адолф, но тука веќе е територија на заговорни теории... :)
Малку шанси давам на таа теорија.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.029
Поени од реакции
12.154
Why Germany surrendered twice in World War II

On May 7, Jodl signed an unconditional “Act of Military Surrender” and a ceasefire that would go into effect at 11:01 p.m. Central European Time on May 8. When Soviet Premier Joseph Stalin heard that Germany had signed an unconditional surrender of all its troops in Reims, he was furious. He argued that since the U.S.S.R. had sacrificed the most troops and civilians during the war, its most important military commander should accept Germany’s surrender rather than the Soviet officer who had witnessed the signing in Reims. Stalin opposed the location of the signing, too: Since Berlin had been the capital of the Third Reich, he argued, it should be the site of its surrender.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
Затоа ми е смешна сегрегацијата на Австријците, од Германците, во советско заробеништво. Демек, не сме ние ко нив.
Автоматски споено мислење:

Може ти тоа не знаеш, на лична база на романски* симпатии :). Ама јас си знам. Точни се за нив.

* романски, од аспект на романска група на народи.
Па да, романешти заедно со жабари се бореле кај Сталинград рамо до рамо :D
Чудно е од една страна Италија има технички и бројчани предности а губеле како магариња, грешките во медитеранот може да се напишат томови буквално...
Но не може да се негира спектакуларниот ловец Фиат Г.55, со појак мотор би бил врв во пропелерската авијација, имале млазен авион во 1940 но предвидениот џет-фајтер Реџане Ре-2007 никогаш и не полетал...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.359
Поени од реакции
79.196
Па да, романешти заедно со жабари се бореле кај Сталинград рамо до рамо :D
Чудно е од една страна Италија има технички и бројчани предности а губеле како магариња, грешките во медитеранот може да се напишат томови буквално...
Но не може да се негира спектакуларниот ловец Фиат Г.55, со појак мотор би бил врв во пропелерската авијација, имале млазен авион во 1940 но предвидениот џет-фајтер Реџане Ре-2007 никогаш и не полетал...
Не се разбирам ја у технологија толку. Мислам, ги знам главните тенкови, артилериски и други орушја, ловци, бомбардери, транспорти, бродови... по име и нешто карактеристики, споредби, али толку. На пример, никад не сум обрнал внимание на овој ловец италијански, или на тие романските.

Без разлика како се чувствуваш ти, јас сметам дека романските војски не се покажаа во добро светло, со тоа што Италијаните најубедливо лоши, па Французите, па Романците. Значи, не сум нешто убеден дека Французите се покажаа нешто многу добро. Полошо од сите други големи (Јапан, Британија, СССР, САД и Германија). Секако, мит е дека Французите не се бореа храбро (Данкирк, како најголем пример), но тоа е недоволно, како што видовме. Имало и француски единици кои фаќале магла, да не се лажеме. На пример, кај Седан кога пробиле панцерите, имало две дивизии кои фатиле штрафта кога виделе што иде. Али не ги обвинувам, ниту можам да го сметам целосно кукавичко тоа бегање. Имено, пред нив се наоѓал крем де ла крем од Вермахтот, лично Гудериан со тенковски армии. А Французиве не биле главни сили, туку две дивизии резерви. И тоа не први резерви, туку Бе резерви. Ги викале крокодили. Пошто биле толку стари што кожата им била набрчкана како на крокодил. Скроз глупо би било да останеле.
Романците се друга прича. IMO кај Романците причините не лежат во човечкиот фактор, туку во немањето добри, доволни средства и услови за војување. Да речеме, кај Сталинград тој што знае добро, ќе знае дека Романците се покажале одлично, со тоа што го имале на располагање. Исто така дека тие биле оние кои предупредувале на состојбата и барале појачувања. Но, никој после Втора Светска не ги ферма Романците на Запад, таму се читаат и печатат со големи тиражи мемоарите на Мајнштајн, Гудериан и други, каде што се знае кој е крив за Стаљинград.

Италијаните се посебна категорија и за нив ќе треба цел пост или неколку. Дали го знаете популарниот италијански војнички поздрав, со две раце што се изведува?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom