Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Стварно умреле многумина од тоа, но е станува збор за тоа.

Зборувам за убивање со куршуми, бомби и слично. Илјaдници.

Ќе пишам наскоро повеќе за ова. Некои ја викаат најголемата непозната приказна од таа војна.
Британците ги затвориле за јавност сите документи околу овој настан до 2045-та.
Сакаш да кажеш намерно убивање? Првпат слушам/читам.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Сакаш да кажеш намерно убивање? Првпат слушам/читам.
не
пишав погоре, по грешка

Правилно, во случајов, би било по грешка намерно убивање.
Автоматски споено мислење:

Многу долг пост ќе биде тоа.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.847
Пацифички театар на операции, Слим Џим?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
не
пишав погоре, по грешка

Правилно, во случајов, би било по грешка намерно убивање.
Автоматски споено мислење:

Многу долг пост ќе биде тоа.
Пошто ме интересира поморска историја ми текнува:), веројатно мислиш на овие :

Или овие :

In May 1945, the British Royal Air Force (RAF) attacked two German ships in the Baltic Sea carrying 7,000 survivors of the Neuengamme concentration camp. Only 350 survived. RAF intelligence had mistakenly believed the vessels held Nazi officials escaping to Norway or Sweden. Because the RAF ordered the records to remain classified for 100 years, scholars have been unable to offer a complete account of one of the worst “friendly-fire” incidents in history.

Имало и вакви ствари :
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
За ова ќе пишам подолг пост, врз база на истражувањата на Роберт Вотсон (американски историчар), како и врз база на други извори. (секогаш некој кога сака нека праша која информација од каде ми е)

Причата за нацистичкиот Титаник, некои ја викаат најголемата непозната приказна од Втора Светска Војна. Нејзините детали се откриени неодамна. Иако костурот отприлика бил познат отпорано, но деталите додаваат нови моменти.

Роберт Вотсон е историчар, кој помеѓу другото, иде по Америка и држи предавања за Втора Светска. Најчесто старци се интересираат за такви предавања и затоа он најчесто такви држел на Флорида (затоа што државата Флорида е всушност голем пензионерски дом). Имал намера да пишува за последните пет дена од војната, нешто како животно дело да му биде таа книга. Но, еднаш му пришла некоја од продукцијата на Даунтаун Ејби (која имала дури и Оскар добиено) и му рекла дека татко и, идел на неговите предавања (на Флорида) и сакал да му покаже нешто. Од него, преку некои документи и писма, дознал фрагменти за нови интересни детали од приказнава, а после повеќе испитувања, трагата го довела до британските кралски архиви, кои за случајот молчеле, бидејќи бил затворен за јавност на 100 години, т.е. до 1945-та. Седнал на вечера со неа и нејзините родители и овој и се пожалил дека британските архиви за случајов се затворени на 100 години и дека треба да чека до 2045-та.
Невероватно, ал истинито - оваа од Даунтаун Ејби му рекла – ти само седи и уживај и се јавила у Енглеска, каде познавала утицајни луѓе и тие се заложиле да се провери работава, во кралските архиви, по што, за три дена испратиле одговор, рекле дека ќе и учинат и дека порано ќе ги пуштат документиве у јавност (не мора да чека до 2045-та), т.е. ќе му ги дадат на располагање на историчаров, кој со нив ја склопил целата приказна и тоа му било животното дело. Тоа било во 2000 и неколкунаеста година.

Значи да повторам, костурот на приказната отприлика бил познат отпорано, но деталите додаваат многу нови моменти и со компактно е затворена приказнава.

Генерално, тоа е приказна за бродови и филмови, во која успат убиваат неколку илјади недолжни луѓе.
 
Ме заинтересира сега ептен. :D Aко можеш и некој документарец да постираш не би било лошо.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Ова е пост од темата за Прва Светска, во контекст на дискусијата за традиционалната германска опседнатост со бродови.
Таа неостварена желба им е, цело време. Заљубеност у флоти. Они сироти се копнена земја, никад не развивале флоти и ова им е како некаков неостварен сон. Тука лежи и една од причините на толерантниот однос на Хитлер кон Мусолини и Италија. Таа италијанска флота, каква што Германците немале тогаш.

Има една интересна приказна околу ова (ќе пишам некогаш), за нацистичкиот Титаник (копија на вистинскиот) и за филмот во кој е употребен тој брод. Филм за Титаник, кој ќе ја претстави пред целиот свет капиталистичката пропаднатост, морална и секаква, како причина за несреќата.

Долго ќе биде, многу. Разбирам што некој нема време за толкав текст.

Прв дел

Германците се изгорени по бродови. Цел живот ги гледаат Британците, Французите, Шпанците, Португалците, Италијаните, па и Холанѓаните и другите поморски сили, како го опловуваат светот со нивните бродови и си освојуваат територии. А они ништо, во времиња кога у ствари, воено се појаки од скоро сите други. Али тоа ти е географија, копнена сила се они, а не поморска.

Таа опчинетост со бродови, не спласнала и после рушењето на нивната штотуку создадена колонијална империја, пост Прва Светска.

Така да, не е ич чудо, што германските инжињери ги земале плановите од Титаник, ги проучиле и ги исправиле дизајнерските грешки, па си направиле нивни Титаник. Титаник 2.0, без багови. Кап аркона (Cap Arcona) бил ист како Титаник, само со три оџаци, наместо четири и помал.

Изграден е (поринат) во 1926-та и е еден од полуксузните бродови на свое време, ако не и најлуксузен, особено во своја рута (Европа – Јужна Америка). Со сите хали, дворани и све друго што имало и на Титаник. Џет сет се вози на него и то. Мада, имал еден судар, али на него самиот ништо не му било.

Нацистите кога дошле на власт го употребувале во пропагандни цели. Тоа биле отприлика некои заебанции у стилу: - Кај ви е вашиот Титаник? Нашиот ене го, плови, нема гајле.

Да повториме, Германците сакаат бродови.

Војна и не е баш некое место за таков брод и од окупацијата на Полска, па натаму, бродот служи како пловечки тренинг камп на морнарица, закотвен во Гдиња.

Сега, за нешто друго, пред да продолжиме со германскиов Титаник.

Хитлер и Гебелс си биле другарчиња и у текот на војната често знаеле навечер да гледаат заедно филмови, често и три по ред , со све шепкачи на уво, кои им преведуваат, ако треба. Обавезно, веднаш после тоа, со саати расправале за филмовите кои ги гледале, до доцна во ноќта. Они себе си си се сметале за врвни филмофили.

Најомилени три филма им биле: Однесено со виорот, Кинг Конг и Снежана и седумте џуџиња. For real.

Зимата 41-ва/42-ра почнуваат првите вистински сомнежи. Британија не успеаја да ја покорат. Америка влезе, Москва издржа, Барбароса не успеа... Германија не е веќе така убедливо непобедлива. Хитлер и Гебелс, сметале дека им требал некој јак пропаганден противудар, со кој ќе ја свртат некако светската јавност во своја корист и ќе го прикажат британскиот империјализам и трул капитализам во вистинско светло. Тука се гледа колку биле зашеметени и надвор од реалноста.

Една вечер, после некој филм, биле толку емоционално празни, што не можеле да зборат, само седеле и ги гледале буквите од телопот на крај, имињата на творците. Не се знае кој точно филм бил тоа. Така седејќи, приметиле нешто страшно – скоро сите учесници во продукцијата на филмот имале еврејски имиња. Они знаеле дека Евреите се во Холивуд и иако сакале да гледаат холивудски филмови, сепак, суштински го мразеле Холивуд. Но,никогаш не гледале credits и не знаеле до колку се Евреите навлезени, всушност, во Холивуд. И се накурчиле многу, а Гебелс почнал да крши столчиња.

(сеа тука треба да се каже, дека неодамна излегоа документи, според кои испадна дека Холивуд под притисок на германските нацистички цензори, во годините пред војната, знаел да цензурира телопи и да ги вади од нив еврејските имиња, да гасне проекти, во кои имало алегории на хитлеровиот режим и да не сними анти-нацистички филм се до 1940)

Тогаш у тие егзалтирани моменти им текнало, ќе напраат они германски филмски контраудар со кој на целиот свет ќе му ја прикажат капиталистичката алчност и зло. Ќе снимат епски филм, што ќе биде само почеток на големиот пропаганден филмски контраудар. После ќе основаат студија на Рајна и местото ќе го викаат, прилично инвентивно – Холивуд на Рајна.

Постепено се оформила идејата тоа да го направат преку вечната трагедија на Титаник. Да снимат нивни филм за Титаник, кој ќе служи како пропагандно оружје, преку кое на светот ќе му се прикаже капиталистичката алчност (на Евреите и нивните слуги), како причина за сите и таа несреќа. И светот ќе види.

Они и до тогаш снимиле еден тон пропагандни филмови, по ист калап, кај што имаш мирна германска населба у која се доселува Евреј и све нешто мучки им праи и све срање им праи. Кога иде по улица, све нешто е темно и буквално ако заглеаш, пацови идат позади него. После му се собираат, кога ќе им пукне филм и го набркуваат, доброто победува.

Вечниот Евреј е најпознат таков но, документарен филм.

Овој филм нема да биде на тоа ниво, ќе биде посуптилен и посилен.

Филмот бил за тоа како алчните капиталистички акционери на компанијата, во чија сопственост е Титаник, за да им рипнат акциите, го тераат преку сопствени сили, бродот и екипажот да постигне некаков рекорд во време на препловување на Атлантик и со тоа би си ги качиле акциите на фирмата. Наспрам овие еврејски-like капиталисти, е рационалниот чесен офицер на бродот, со поприлично ариевски изглед, кој унапред сфаќа што ќе се деси и безуспешно покушава, тоа да го спречи.

Режисери немало многу-многу, доста од нив биле по логори и затвори. На крај ангажирале некој психички лабилен пијаница, кој снимал лоши а-ла-Индијана Џонс филмови. Селпин се викал и не бил баш омилен кај нацистите (не бил нацист и Британците не ги прикажувал во негативно светло, на почетокот од кариерата, али после се опаметил). Ептен немало друг.

Гебелс му обезбедувал све што ќе му текнело. Кои глумци ги сакал, ги добивал. Сакал миљарда статисти, Гебелс од фронт довлечкал еден куп морнари и морнарички офицери, кои требале да служат како статисти и морнарички советници, а у ствари цело време се пијанчеле и правеле проблеми на снимањето, нападно им се пуштале на глумиците и другите жени вклучени во огромниот проект.

Кога Селпин побарал поголема макета ја добил Кап Аркона, бродот копија на Титаник, со целата луксузна инфраструктура, ископирана од вистинскиот Титаник.

Барал он секакви работи и ги добивал. На пример, самиот бродолом се случил навечер, а тоа е времето кога не може да се снима бидејќи има целосно затемнување, секој ден, заради британските бомбардирања. Но ете на Селпин му дозволиле да направи исклучок и да осветли за да снима. Секако, околината на сетот и самиот сет биле бомбардирани, но без некоја штета.

Селпин бил егоист од највисок ред и тука имало разни проблеми од тој тип, помеѓу оние вклучени во продукција имало чести караници. Он исто така, знаел да си отиде и да не се појави неколку дена, а и да има најразлични промени во однесување, во зависност дали е пијан или не.

Често бил викан на рапорт кај Гебелс, кој како што се зголемувале проблемите на снимањето (и во војната), така станувал понестрплив, бидејќи вложил многу. На крај испаднало дека вложил толку многу, што според некои пресметки, поскап филм од тој е снимен дури во шеести.

И самите луѓе вклучени во продукцијата не биле дисциплинирани. Пијанства и тепачки биле редовна појава на тој огромен сет. Една глумица затруднела, некој некого избол со нож и така...

Втор дел.

Еден ден, Селпин толку се накурчил од проблемите, кои војската ги правела на сетот, што при караница со негов соработник, почнал гадно да ја пцуе воената морнарица и војската. Соработникот го пријавил во Гестапо, кој пак добил наредба да не го пипа, туку да го прати кај Гебелс. Гебелс го викнал и го прашал дали е вистина сето тоа (давајќи му фер шанса да ретерира). Овој, дали бил пијан или не, не се знае (у ствари се знае, ама ај), битно, уште толку се истурил од пцуење, па преминал и на национал-социјалистичката партија и све по ред.

Го затвориле одма и утре сабајле го нашле у ќелија - се обесил со помош каишот (или трегерите). Арно у кофа не се удавил. Наводно, Гестапо го убил. (има и слика од него, како виси во ќелијата, ама не можам да ја најдам)

Снимањето продолжило со нов режисер, кој не се ни потпишал. Сето тоа, овој пат, идело под будното око на Гестапо. Филмот чие снимање веќе предолго траело, морало да се заврши. Тука имало онакви моменти, кај што некој малку прави проблем, го носат одма. Имало пример кај што некој глумец упорно не можел/не сакал да научи некоја реплика и го убиле. Баш така.

Почнал да се снима во март 1942-ра, а премиера имал ноември 1943-та.

Гебелс воопшто не бил задоволен од филмот, на неколку нивоа. Прво, филмот кога почнал да се снима, состојбата на фронтовите и во Рајхот била една, а кон крајот на 1943-та, кога требало да има премиера, состојбата била сосема друга. Бидејќи филмот е гледан, од страна на Гебелс, исклучиво како силно пропагандно оружје, сфатил дека пропагандните поенти на филмот не се со ист ефект во таа ситуација, тогаш, кога почнал да се снима и сега година и пол подоцна.

Потоа, самиот Селпин очигледно вметнувал во филмот одредени скриени анти-режимски детаљи.

Публиката на почетокот од 42-ра сеуште била егзалтирана од германските успеси предходно. 43-та сосема поинаков мајндсет имала. На пример, кога мажите и жените ги раздвојуваат во две групи, при спасувањето, тоа многу потсеќало на истата постапка во работните логори. Британските офицери биле прикажани многу поспособни, одошто вистински се. Војната преку упорните сојузнички бомбардирања била во Германија, веќе подолго време и публиката не би можела, а да не сочуствува со страдањето на цивилите на бродот и покрај тоа што тоа биле све алчни, капиталистички богаташи, на кои требало у ствари, да им се сити на несреќата.

Целиот филм всушност бил алегорија на германската држава (Титаник), која оди во пропаст под водство на нацистите и Хитлер (алчните капиталисти), а во која страдаат невините патници (германскиот народ).

Филмот никогаш не бил прикажан во Германија, доживеал премиери во Париз и Прага, за да биде брзо повлечен.

Имал околу 150-200 милиони денешни долари губиток.

Тука отприлика завршува приказната за филмот, но не и за бродот, кој учествувал и во евакуацијата на Курланд, во 1945-та. До самиот крај дремел, цело време, во Балтикот.

(на мапата, Курланд е белото во крајниот горен десен агол)

Последните денови на војната, Хитлер е опколен во бункерот. Гебелс му е верен и е со него, а Геринг и Химлер, секој на свој начин, се обидуваат да се спогодат со западните сојузници, живеејќи во илузија и не сфаќајќи колку се западните сојузници далеку од било каква спогодба, надвор од комплетна капитулација.

Имало еден шведски гроф (Folke Bernadotte) кој бил во врвот на шведскиот Црвен Крст и кој доста од времето во војната и доста од своите пари и енергија ги трошел на избавување на логораши од Германија, користејќи ги железно добрите односи на Шведска со Рајхот (Белите автобуси, што е посебна приказна). Химлер него го таргетирал и се обидувал да го искористи како врска со Ајзенхауер, преку која, меѓу другото, ќе понуди ослободување на 100.000 логораши во замена за некаква амнестија за него и потпишување посебна еднострана капитулација, по која Германците би се свртеле, заедно со сојузниците против советите. Стандардна делузија.

(Тоа бил енд-гејм планот на Химлер – да се оглуши од наредбите на Хитлер за тотална ликвидација, на логораши и затвореници, но и секакви ресурси, пред настапувањето на сојузниците. Затоа наредбата да се убијат, ја преиначил, кога ја препраќал на подредените, со - да не се дозволи да паднат во раце на сојузниците)

Грофот цело време го лажел дека ќе бидне работата (немало абер кај Черчил, Труман и Ајзенхауер за такво нешто, ниту грофот лично се знаел со сојузничкиот врв), само требало да пушти како аванс некоја бројка (затвореници со скандинавско потекло). Се среќавал со Химлер и се преправал дека иде кај Американците и се враќа со одговори. Одолговлекувал и при секоја средба барал некоја бројка да му се даде, како знак на добра воља. Се што успеал да ослободи во текот на војната, транспортирал во Шведска, со бродови на Црвен крст, јасно обележани со големи црвени крстови, за да не бидат бомбардирани. Успеал да извлече околу 15.000, вкупно, на крајот.

Според планот на Химлер, Најпрвин, требало да се транспортираат логорашите од логорите кои гравитираат тука, до Балтикот, во логор релативно близу Хамбург, а од таму на другата страна, источно од Данска, во Кап Аркона и правац Шведска. Логистичките потенцијали на Рајхот, за една ваква операција, што нема врска со фронтот, во тие денови, не е тешко да се насетат. Нема гориво, нема луѓе, возови (а и се бомбардираат), храна...

При последната средба грофот договорил да земе Французи и жени (му викал на Химлер цело време, дека Ајк и Труман ги бараат тие мали ослободувања како увертира). Добил дозвола и за тоа, али сам требал да го организира нивното патување до пристаништето, за што ги користел белите автобуси, со црвен крст. Он практично се гребел од планот на Химлер, лажејќи го.

Тогаш прв пат влегол во логор, тој кај Хамбург и кога видел што у ствари се дешава таму, ептен се заложил, колку што може повеќе затвореници да извади.

Тој е озлогласен логор, во кој, меѓу другото се правеле ексерименти со туберкулоза врз мали деца. Ниту едно дете нема преживеано во тој логор. Во тој логор ги собирале затворениците од другите логори и ги транспортирале до Балтик.

На најразлични начини почнал транспортот. Од матичните, до логорот крај Хамбург, па од таму до пристаништето. Некои со воз, некои и со камиони, некои со чамци по река, но огромното мнозинство – пешки тргнало нагоре, накај Балтикот. Пропратено со стражари, кои убивале секој кој не можел да оди, а многумина и самите умирале по патот. Проценките се, дека во тој дел имаат загинато околу 10.000.

Баш у мемоарите на грофот пишува како не можеле да го најдат патот до Балтикот и како се снаоѓале, така што гледале кај има најмногу лешеви, а и според смрдеата нивна.

Горе на Балтикот, малкумина влегле во бродовите на грофот, а повеќето се товареле во големи чамци, или бротчиња, кои ги носеле до Кап Аркона (закотвен на 3km од брегот). Најчесто врзувале контејнери - чамци, со палуба горе, еден врзан за друг, тој за трет и на крајот брод, кој како локомотива ги влече. Тоа бил процес со денови. Со него раководела некоја смешна воена група, на чело со двајца ЕсЕсовци, малку Вермахт, а во мнозинство со кадети од морнаричката школа (која порано одржувала вежби на закотвениот Кап Аркона), Хитлерова младина и старечки фолкштурм.

Има уште делови, но потребно е некој да постува тука нешто, после овој пост, па после јас да продолжам, бидејќи автоматски ми ги спојува во еден голем пост од над 18K карактери, кој не може да се постува.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Трет и последен дел
Во меѓувреме, Хитлер пратил да го уапсат/убијат Химлер, кој инкогнито пред тоа киднал со уште неколкумина верни, преоблечени во полицајци.

Кога грофот стигнал до пристаништето видел хаос, со купишта изгладнети и болни луѓе, кои чекаат, а некои се веќе мртви. Ги товарат и ги носат, а мртвите ги трупаат наа купишта тука на лице место. Им се обратил на двајцата званичници (ЕсЕсовци, од кои едниот од Гестапо) кои раководеле со планот и ги прашал зашто не е обележан со огромен црвен крст, а овие се праеле на удрени. Кога им се заканил со Химлер, го прашале: – А каде е сега Химлер?

Му ставиле до знаење дека му е најпаметно да се губи одавде. Што и го направил. Но, намерата му била да се врати најбрзо што може, со злато, пари и скапоцености и да поткупи кого може, за да земе колку може уште логораши.
Инаку идејата на двајцава нацистички званичници била, да го напунат бродот со затвореници и бензин, па да го дигнат во воздух, како задње fuck you кон сојузниците и тоа да го направат никако пред да се потпише капитулацијата, што било евидентно дека ќе се случи тие денови. Уште еден пример за идеолошкото сфаќање на војната кај нацистите. Војната за повеќето е за територии или покорување на противникот. И за Германците била тоа, но плус и за уништување на Евреите и другите подраси. Никако без тој дел. Трошење на воени ресурси за истребување на подрасите е еднакво валидно како и трошење на воени ресурси за освојување на територии или покорување на противникот.

FunFact – едниот од есесовциве (Karl Kaufmann) го суделе после и го прогласиле за невин, па го пуштиле. Си умрел у длабока старост. Другиот (Georg-Henning Graf von Bassewitz-Behr) бил помеѓу оние есесовци кои сојузниците решиле да им ги предадат на советите. Бил осуден на 25 години на тешка работа во Сибир, поради убиство на 45.000 цивили во Дњепропетровск. После две години, умрел во Сибир.

Грофот земал колку можел (колку му дозволиле) и тргнал накај Шведска, но откако пристигнал, не губел ни момент и се вратил назад до бродовите (овојпат со злато и пари), па успеал да извлече уште околу 1200 души.

Тоа се денови веднаш по самоубиството на Хитлер, сам почеток на мај. Сојузниците надираат од сите страни и бомбардираат. Во тој реон, по балтичкото крајбрежје, тие денови, навлегла британска командоска формација, која добила извештај од разузнавањето дека тука нацистите нешто спремаат. Информацијата им ја дал Јан Флеминг (авторот на Џемс Бонд), кој бил тогаш во разузнавање.

Кадетите и Хитлеровата младина, кога ги виделе, избегале у блиската шума, а фолкштурмот и другите останале и се предале. Командосите успеале да ги изненадат и да спречат да го дигнат во воздух бродот. Инаку, до него имало уште два такви помали брода, кои ги полнеле со логораши.

Во тие моменти имало сеуште живи логораши на копното, пристигнувањето на заостанати логораши, а траело и префрлувањето на бродот, кој бил ужасно пренатрпан со логораши, во најдолните делови од потпалубјето затворени, скоро без храна и вода со денови. Без прозори и светлина. Кој сакал да спие, морал на трупови тоа да го прави, бидејќи имало слој од измет и урина на подот. Некои од мртвите ги фрлале од бродот, а повеќето ги враќале со бротчињата, на копно, каде што ги трупале. Секако нацистите не заборавиле да достават бензин на бродот,кој бил пловечка бомба.

Покрај командосите, на овие простори далеку пред тие да дојдат, оперирала британската авијација, на која веќе почнало и да и снемува искусни пилоти. Биле пуштани ескадрили бомбардери со неискусна млада посада, често без или со премалку ловечка пратња. Една таква група ловци-бомбардери Тајфуни, се враќала тогаш од мисија у која гадно го попиле од противавионската одбрана и биле преполовени, но среќни што преживеале, али максимално надркани, заради смртта на многумина другари. Меѓу авијацијата, тие денови, кружеле гласини за високите нацистички фаци, како бегаат со бродови во Шведска, натоварени со злато, богатства и луѓе.

Целата приказна е од разузнувачите кои пресретнале пораки на деницовата влада, која имала идеја да се исчисти од ЕсЕс и сите кои имале врска со логори, така што ќе им организира бег, со бродови у Шведска. Така сојузниците ќе затекнат малку очистена влада, која нема врска со геноцидот и сл.

Епа, они тука надлетувале на враќање, баш во моментите кога командосите преземаат контрола на копното и го виделе огромниот Кап Аркона, пун со луѓе, гужви на пристаниште и сл. Нападнале и го бомбардирале бродот, кој бил полн со луѓе и бензин. Од експлозијата, бродот скокнал и паднал назад во водата. Многумина биле исфрлени, многумина погинале, многумина останале живи во потпалубјето, а бродот се превртел на страна.

Но, не завршило тука. Бидејќи авионите покрај бомбардирањето, својски се труделе да убијат што е можно повеќе преживеани. Свртеле круг и се вратиле да ги дотепаат, со нивните 20 милиметрски два топа, на секое крило, со куршуми колку паста за заби.

Неодамна, кога кралските архиви овозоможиле предвремен пристап до документите, се најдени изјави, од репортот на пилотите, за масакрот, како ги кинеле телата на пола, со рафали. Тие што пливале, тие на брегот и сл.

Бродот отскокнал од експлозијата и се свртел на страна. Заробени во трупот, а живи имало многу. Трупот на бродот бил вжештен од пожарот и многумина кои ја преживеале експлозијата биле испечени внатре, од самиот вжештен труп и оган. Тоа е огомен брод, со огромен труп, со големи внатрешни комори. Ова сго знаеме од мемоари на повеќе преживеани. Има многу такви приказни, а една од нив е за браќата Јакубовиц, Берик и Јосеп.
Полските евреи Берик и Јозак Јакубовиц, тогаш адолесценти. Тие биле заглавени во потпалубјето и седеле врз човечки трупови за да немаат контакт со жешкиот труп на бродот. Изнад нив имало отвор, кој можел да се отвори само однадвор, а од обете страни оган, кој се ширел. Некои од логорашите не избегале веднаш, туку се вратиле да им помогнат на другите и некои од таквите се вратииле да и го отвориле тој отвор, по што вегле внатре за да им помогнат да се спасат. Откога излегле браќата, долу налетала огнена стихија и ги убила сите и оние кои слегле да им помогнат.

Кога после многу перипетии успеале да дојдат на површина од превртениот брод, решиле да се разделат. Јозак, не знаел да плива и останал на трупот од бродот,а Берик решил да си ја проба среќата во ладните води на Балтикот и да исплива три километри до брегот. Така всушност, сметале дека се поголеми шансите барем едниот да се спаси.

Берик скокнал во водата мраз ладна и сигурно ќе загинел од хипотермија, ако не се удавел, да не го собрал набргу некој локален германски рибарски брод. Знаел германски и не им го кажал вистинското име, за да не познаат дека е Евреј.

Имало доста случаи, каде германски брод спасува некого од оние во водата, открива дека е Еврeј и го бутка назад во вода.

Рибарот го однел дома и се погрижил за него. Цела ноќ седел залепен до печката на Германецот (мала иронија). Сабајле некој ја скршил вратат и влегол насилно внатре. Берик се опростил од животот, само за да види дека тоа се британски командоси, кои го однеле во болница, каде, види чудо, го сретнал брат му Јозак. У Америка живееле се до неодамна, а жена му на едниот сеуште е жива.

Бротчето кое превезувало воз од чамци контејнери полни со лограши, при нападот само ги откачило контејнерите кои се превтртеле и киднало.

Многу се исподавиле, некои изнемоштени морето ги исфрлило на брегот, а и некои од контејнерите стигнале некако и се насукале на плажата. Тука од блиската шума излетуваат хитлерјунген и кадетите од морнаричаката школа и не обзирајќи се на фактот дека има у близина британски командоси, почнуваат масовно дотепување на преживеаните. Се качуваат на палубите од насуканите контејнери и само со неколку рафали убиваат све унутра начичкано и полуживо. Им снемува муниција и со кундаци ги смачкуваат черепите на полуживите робијаши во една ирационална оргија на злото.

Подоцна офицерот кој командувал со британските командоси (Милс, мислам се викаше) напишал во своите мемоари: - Кога го видов тоа, моментално престанав да бидам војник и џентлмен.

Им дал наредба да ги убијат буквално сите кадети и хитлерјунгени нагласил - ако треба и со голи раце. Па така настанал, нов колеж на ова место, во кој малку Германци преживеале.

Првите проценки биле, дека на Кап Аркона погинале околу четири и пол илјади. Денес проценката е од 4,5 до 7 илјади. Плус 1000 од едниот и 2000 од другиот брод, закотвени до Аркона, како и десет илјади од маршот.

Ако ја земеме конзервативната проценка за 4,5 илјади, то би било три пати повеќе жртви од вистинскиот Титаник.

Бродот никогаш не потонал, само така си стоел, бидејќи било многу плитко, а тој бил огромен. Многу подоцна го растуриле за старо железо.

Последен случај на коски испливување на тоа место се случил седумдести. До тогаш, редовно доаѓале коски на тој брег.

Големо мнозинство од податоците ми се од предавањето на авторот, тука:

(сосема е можно некои ситни детали да сум ги пренел неакуративно, иако се трудев да не биде така)
(би му ја купил и книгата секако, ако имам можност)

Остатокот од разни други извори.

Еден од најпознатите источно-германски глумци е еден од преживеаните.
Починал на 102 години.
 
Да се надоврзам уз кафе на феноменалнитге постови на Берик, читајќи ги ми текнаа две ствари, една е книгата од Роберт Балард за океанските линијаши, другата ствар е тоа што германските хитлерјугенд и кадети (дечурлана) и фолксштурм (старечки дом) = се фрлиле на погром на преживеаните логораши. Второво укажува сериозно на припадноста кон германството во минато време како геноцидна црта кај лица без разлика на возраст. Колку треба да се отепани сите морално-етички стандарди кај едно лице за да убива непознати луѓе кои тукушто се спасиле од сигурна смрт?
Може само да се надеваме дека САС убиле што повеќе припадници на било какви германски воени и паравоени структури. Тука се поставува дилемата дали тоа е воен злочин? Дали е зло да се ликвидира злочинец без судење?
Или за судбината, пошто швеѓанецот сакал да помогне, успевал, но на тој ден серија настани ќе направат да загинат скоро исто луѓе колку што спасил со сиот ризик за тие неколку години.

Постовиве ми беа интересни и од причина на моја опседнатост со поморска историја, во книгата на Балард се опишани горе-долу сите познати поморски катаклизми од 19-20 век меѓу кои има исто многу језиви детали, но нема ништо за Кап Аркона или Густлоф.

Треба да се споменат и прво и второ (можеби и трето) место на масовен помор на море, на прво место, без сериозна конкуренциа е Вилхелм Густлоф со некои 10600 жртви (има разни процени пошто хаос, евакуација) и Гоја со 7500 жртви, двете потопени од советски подморници, така да Аркона или е втора или трета во таков некој морбиден топ-10, најголемата мирнодопска катаклизма беше на некој филипински траект осумдесети со 4500 жртви.

Немачка имала две линии, Хамбург-Америка и Норддојчер-Лојд кои граделе свои линијаши уште од крај на 19.век и чак успеале да им земат примат на британски компании по број на патници. Со развојот на овие два гиганти (неброени македонски емигранти меѓу другите) се градат и суперлуксузни бродови како Дојчланд или Кајзерин Аугуста, период наречен Лукс Германика во поморски кругови.

IMG_20200919_072902.jpg

Безвеза формат е книгава, но има добри слики и фотографии, мал дел од луксузот на германските линијаши.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Гуслав е без конкуренција. Но, има една разлика помеѓу овие два инцидента. Има две страни во војната. Како единка, или си на едната, или на другата страна.
Едниот се смета за најдрастичен пример на пријателски оган, другиот не се смета за пријателски оган, како впрочем и Гоја.
Не се сметаат за жртви од пријателски оган, на пример, цивилите погинати при бомбардирањето на Хамбург и др. Кап Аркона се смета за инцидент од пријателски оган.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Гуслав е без конкуренција. Но, има една разлика помеѓу овие два инцидента. Има две страни во војната. Како единка, или си на едната, или на другата страна.
Едниот се смета за најдрастичен пример на пријателски оган, другиот не се смета за пријателски оган, како впрочем и Гоја.
Не се сметаат за жртви од пријателски оган, на пример, цивилите погинати при бомбардирањето наа Хамбург и др. Кап Аркона се смета за инцидент од пријателски оган.
Во секој случај, но после читањето на твоите постови во умот ми се створи топ-10 листа на најтешки поморски катаклизми без разлика на причината. One sometimes catches oneself in weird thoughts :angel:

Интересно, сама по себе операција Ханибал би била успех пошто е најголема евакуација по море во историја, некаде 4-5 пати поголема од Динамо 1940, да не се случувала во последните месеци на рајхот така да бегањето на војска и цивили од надоаѓање на Црвената армија останува попусто. Сите германци сакале да бегаат кај амери, пошто амери не виделе масакри во Денвер и Филаделфија а "нижите раси" го знаеле правото лице на нацизмот.

Главниот на Кригсмарине дури бил нов Фирер пост 1.мај 45
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Сите германци сакале да бегаат кај амери, пошто амери не виделе масакри во Денвер и Филаделфија а "нижите раси" го знаеле правото лице на нацизмот.
Да, али зависи за кој станува збор. Цивили да, али колку само нецивилни фаци америте имаат вратено кај советите...
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.847
Да се надоврзам уз кафе на феноменалнитге постови на Берик, читајќи ги ми текнаа две ствари, една е книгата од Роберт Балард за океанските линијаши, другата ствар е тоа што германските хитлерјугенд и кадети (дечурлана) и фолксштурм (старечки дом) = се фрлиле на погром на преживеаните логораши. Второво укажува сериозно на припадноста кон германството во минато време како геноцидна црта кај лица без разлика на возраст. Колку треба да се отепани сите морално-етички стандарди кај едно лице за да убива непознати луѓе кои тукушто се спасиле од сигурна смрт?
Може само да се надеваме дека САС убиле што повеќе припадници на било какви германски воени и паравоени структури. Тука се поставува дилемата дали тоа е воен злочин? Дали е зло да се ликвидира злочинец без судење?
Или за судбината, пошто швеѓанецот сакал да помогне, успевал, но на тој ден серија настани ќе направат да загинат скоро исто луѓе колку што спасил со сиот ризик за тие неколку години.

Постовиве ми беа интересни и од причина на моја опседнатост со поморска историја, во книгата на Балард се опишани горе-долу сите познати поморски катаклизми од 19-20 век меѓу кои има исто многу језиви детали, но нема ништо за Кап Аркона или Густлоф.

Треба да се споменат и прво и второ (можеби и трето) место на масовен помор на море, на прво место, без сериозна конкуренциа е Вилхелм Густлоф со некои 10600 жртви (има разни процени пошто хаос, евакуација) и Гоја со 7500 жртви, двете потопени од советски подморници, така да Аркона или е втора или трета во таков некој морбиден топ-10, најголемата мирнодопска катаклизма беше на некој филипински траект осумдесети со 4500 жртви.

Немачка имала две линии, Хамбург-Америка и Норддојчер-Лојд кои граделе свои линијаши уште од крај на 19.век и чак успеале да им земат примат на британски компании по број на патници. Со развојот на овие два гиганти (неброени македонски емигранти меѓу другите) се градат и суперлуксузни бродови како Дојчланд или Кајзерин Аугуста, период наречен Лукс Германика во поморски кругови.

Прегледај го приврзокот 267076

Безвеза формат е книгава, но има добри слики и фотографии, мал дел од луксузот на германските линијаши.

20200920_232717.jpg
20200920_232717.jpg
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Некои од најтешките битки во Пацифичкиот театар се водени на Соломоновите острови, каде за жал, сеуште заостанати бомби убиваат луѓе.

Kajgana Shop

На врв Bottom