Во меѓувреме, Хитлер пратил да го уапсат/убијат Химлер, кој инкогнито пред тоа киднал со уште неколкумина верни, преоблечени во полицајци.
Кога грофот стигнал до пристаништето видел хаос, со купишта изгладнети и болни луѓе, кои чекаат, а некои се веќе мртви. Ги товарат и ги носат, а мртвите ги трупаат наа купишта тука на лице место. Им се обратил на двајцата званичници (ЕсЕсовци, од кои едниот од Гестапо) кои раководеле со планот и ги прашал зашто не е обележан со огромен црвен крст, а овие се праеле на удрени. Кога им се заканил со Химлер, го прашале: – А каде е сега Химлер?
Му ставиле до знаење дека му е најпаметно да се губи одавде. Што и го направил. Но, намерата му била да се врати најбрзо што може, со злато, пари и скапоцености и да поткупи кого може, за да земе колку може уште логораши.
Инаку идејата на двајцава нацистички званичници била, да го напунат бродот со затвореници и бензин, па да го дигнат во воздух, како задње fuck you кон сојузниците и тоа да го направат никако пред да се потпише капитулацијата, што било евидентно дека ќе се случи тие денови. Уште еден пример за идеолошкото сфаќање на војната кај нацистите. Војната за повеќето е за територии или покорување на противникот. И за Германците била тоа, но плус и за уништување на Евреите и другите подраси. Никако без тој дел. Трошење на воени ресурси за истребување на подрасите е еднакво валидно како и трошење на воени ресурси за освојување на територии или покорување на противникот.
FunFact – едниот од есесовциве (Karl Kaufmann) го суделе после и го прогласиле за невин, па го пуштиле. Си умрел у длабока старост. Другиот (Georg-Henning Graf von Bassewitz-Behr) бил помеѓу оние есесовци кои сојузниците решиле да им ги предадат на советите. Бил осуден на 25 години на тешка работа во Сибир, поради убиство на 45.000 цивили во Дњепропетровск. После две години, умрел во Сибир.
Грофот земал колку можел (колку му дозволиле) и тргнал накај Шведска, но откако пристигнал, не губел ни момент и се вратил назад до бродовите (овојпат со злато и пари), па успеал да извлече уште околу 1200 души.
Тоа се денови веднаш по самоубиството на Хитлер, сам почеток на мај. Сојузниците надираат од сите страни и бомбардираат. Во тој реон, по балтичкото крајбрежје, тие денови, навлегла британска командоска формација, која добила извештај од разузнавањето дека тука нацистите нешто спремаат. Информацијата им ја дал Јан Флеминг (авторот на Џемс Бонд), кој бил тогаш во разузнавање.
Кадетите и Хитлеровата младина, кога ги виделе, избегале у блиската шума, а фолкштурмот и другите останале и се предале. Командосите успеале да ги изненадат и да спречат да го дигнат во воздух бродот. Инаку, до него имало уште два такви помали брода, кои ги полнеле со логораши.
Во тие моменти имало сеуште живи логораши на копното, пристигнувањето на заостанати логораши, а траело и префрлувањето на бродот, кој бил ужасно пренатрпан со логораши, во најдолните делови од потпалубјето затворени, скоро без храна и вода со денови. Без прозори и светлина. Кој сакал да спие, морал на трупови тоа да го прави, бидејќи имало слој од измет и урина на подот. Некои од мртвите ги фрлале од бродот, а повеќето ги враќале со бротчињата, на копно, каде што ги трупале. Секако нацистите не заборавиле да достават бензин на бродот,кој бил пловечка бомба.
Покрај командосите, на овие простори далеку пред тие да дојдат, оперирала британската авијација, на која веќе почнало и да и снемува искусни пилоти. Биле пуштани ескадрили бомбардери со неискусна млада посада, често без или со премалку ловечка пратња. Една таква група ловци-бомбардери Тајфуни, се враќала тогаш од мисија у која гадно го попиле од противавионската одбрана и биле преполовени, но среќни што преживеале, али максимално надркани, заради смртта на многумина другари. Меѓу авијацијата, тие денови, кружеле гласини за високите нацистички фаци, како бегаат со бродови во Шведска, натоварени со злато, богатства и луѓе.
Целата приказна е од разузнувачите кои пресретнале пораки на деницовата влада, која имала идеја да се исчисти од ЕсЕс и сите кои имале врска со логори, така што ќе им организира бег, со бродови у Шведска. Така сојузниците ќе затекнат малку очистена влада, која нема врска со геноцидот и сл.
Епа, они тука надлетувале на враќање, баш во моментите кога командосите преземаат контрола на копното и го виделе огромниот Кап Аркона, пун со луѓе, гужви на пристаниште и сл. Нападнале и го бомбардирале бродот, кој бил полн со луѓе и бензин. Од експлозијата, бродот скокнал и паднал назад во водата. Многумина биле исфрлени, многумина погинале, многумина останале живи во потпалубјето, а бродот се превртел на страна.
Но, не завршило тука. Бидејќи авионите покрај бомбардирањето, својски се труделе да убијат што е можно повеќе преживеани. Свртеле круг и се вратиле да ги дотепаат, со нивните 20 милиметрски два топа, на секое крило, со куршуми колку паста за заби.
Неодамна, кога кралските архиви овозоможиле предвремен пристап до документите, се најдени изјави, од репортот на пилотите, за масакрот, како ги кинеле телата на пола, со рафали. Тие што пливале, тие на брегот и сл.
Бродот отскокнал од експлозијата и се свртел на страна. Заробени во трупот, а живи имало многу. Трупот на бродот бил вжештен од пожарот и многумина кои ја преживеале експлозијата биле испечени внатре, од самиот вжештен труп и оган. Тоа е огомен брод, со огромен труп, со големи внатрешни комори. Ова сго знаеме од мемоари на повеќе преживеани. Има многу такви приказни, а една од нив е за браќата Јакубовиц, Берик и Јосеп.
Полските евреи Берик и Јозак Јакубовиц, тогаш адолесценти. Тие биле заглавени во потпалубјето и седеле врз човечки трупови за да немаат контакт со жешкиот труп на бродот. Изнад нив имало отвор, кој можел да се отвори само однадвор, а од обете страни оган, кој се ширел. Некои од логорашите не избегале веднаш, туку се вратиле да им помогнат на другите и некои од таквите се вратииле да и го отвориле тој отвор, по што вегле внатре за да им помогнат да се спасат. Откога излегле браќата, долу налетала огнена стихија и ги убила сите и оние кои слегле да им помогнат.
Кога после многу перипетии успеале да дојдат на површина од превртениот брод, решиле да се разделат. Јозак, не знаел да плива и останал на трупот од бродот,а Берик решил да си ја проба среќата во ладните води на Балтикот и да исплива три километри до брегот. Така всушност, сметале дека се поголеми шансите барем едниот да се спаси.
Берик скокнал во водата мраз ладна и сигурно ќе загинел од хипотермија, ако не се удавел, да не го собрал набргу некој локален германски рибарски брод. Знаел германски и не им го кажал вистинското име, за да не познаат дека е Евреј.
Имало доста случаи, каде германски брод спасува некого од оние во водата, открива дека е Еврeј и го бутка назад во вода.
Рибарот го однел дома и се погрижил за него. Цела ноќ седел залепен до печката на Германецот (мала иронија). Сабајле некој ја скршил вратат и влегол насилно внатре. Берик се опростил од животот, само за да види дека тоа се британски командоси, кои го однеле во болница, каде, види чудо, го сретнал брат му Јозак. У Америка живееле се до неодамна, а жена му на едниот сеуште е жива.
Бротчето кое превезувало воз од чамци контејнери полни со лограши, при нападот само ги откачило контејнерите кои се превтртеле и киднало.
Многу се исподавиле, некои изнемоштени морето ги исфрлило на брегот, а и некои од контејнерите стигнале некако и се насукале на плажата. Тука од блиската шума излетуваат хитлерјунген и кадетите од морнаричаката школа и не обзирајќи се на фактот дека има у близина британски командоси, почнуваат масовно дотепување на преживеаните. Се качуваат на палубите од насуканите контејнери и само со неколку рафали убиваат све унутра начичкано и полуживо. Им снемува муниција и со кундаци ги смачкуваат черепите на полуживите робијаши во една ирационална оргија на злото.
Подоцна офицерот кој командувал со британските командоси (Милс, мислам се викаше) напишал во своите мемоари: - Кога го видов тоа, моментално престанав да бидам војник и џентлмен.
Им дал наредба да ги убијат буквално сите кадети и хитлерјунгени нагласил - ако треба и со голи раце. Па така настанал, нов колеж на ова место, во кој малку Германци преживеале.
Првите проценки биле, дека на Кап Аркона погинале околу четири и пол илјади. Денес проценката е од 4,5 до 7 илјади. Плус 1000 од едниот и 2000 од другиот брод, закотвени до Аркона, како и десет илјади од маршот.
Ако ја земеме конзервативната проценка за 4,5 илјади, то би било три пати повеќе жртви од вистинскиот Титаник.
Бродот никогаш не потонал, само така си стоел, бидејќи било многу плитко, а тој бил огромен. Многу подоцна го растуриле за старо железо.
Последен случај на коски испливување на тоа место се случил седумдести. До тогаш, редовно доаѓале коски на тој брег.