Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.064
Поени од реакции
6.547
Не знам дали ќе се сложите, но најпотценета сила во јавниот дискурс во WW2 се уверливо Куоминтанг и Кинеската црвена армија, кои еден период имаат чак заеднички операции вс. Јапан. Настапот на Квантунг низ непрегледните кинески степи е слично на она на Вермахтот во СССР, само не е многу споменувано. Бројот на мртви исто така е стравотен, секако мртви кинези пред се.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
Јапонците се дрва за копнени театри, не се потценети Кинезите.
Автоматски споено мислење:

не знаат минско поле да постават, ужасен пиштол, уште полоши сабји, брен пушкомитролез (личи само на брен, али е ужасно многу полош) тн.

Само се фанатични и истрајни. Да се кријат по дупки по островине и на крај беспотребно да изгинат у Банзаи јуриш (среќа попосле им текнало дека така помалку штета ќе му нанесат на непријателот, па прекинале со тие јуриши)
Автоматски споено мислење:

Луѓето ги споредуваат со Германците. А Германците се убедливо најдобрите војници во таа војна. Кои се исто така истрајни, ама фанатаични само колку што е практично. Плус имаат и еден куп добри страни, кои Јапонците ги немаат.
Тоа добро име, Јапонците го стекаа ради морнарицата. Армијата им била добра, али не на ниво на Германците. Никако, на тоа ниво.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.064
Поени од реакции
6.547
Јапонците се дрва за копнени театри, не се потценети Кинезите.
Автоматски споено мислење:

не знаат минско поле да постават, ужасен пиштол, уште полоши сабји, брен пушкомитролез (личи само на брен, али е ужасно многу полош) тн.

Само се фанатични и истрајни. Да се кријат по дупки по островине и на крај беспотребно да изгинат у Банзаи јуриш (среќа попосле им текнало дека такапомалку штета ќе му нанесат на непријателот, па прекинале со тие јуриши)
Дрва се низ тврд терен како Кина или Монголија. Низ џунгли, мочвари и острови се држат добро, како во напад така и во одбрана. Нивната стравична технолошка заостанатост ќе го даде очекуваниот резултат 1943 натаму. Иначе легендарно лоши се јапански револвери и пиштоли, sidearms. Денес имале солидна колекциска вредност само поради тоа што биле есктремно лоши :D

Ова е технологија цирка 1895.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
Дрва се низ тврд терен како Кина или Монголија. Низ џунгли, мочвари и острови се држат добро, како во напад така и во одбрана. Нивната стравична технолошка заостанатост ќе го даде очекуваниот резултат 1943 натаму. Иначе легендарно лоши се јапански револвери и пиштоли, sidearms. Денес имале солидна колекциска вредност само поради тоа што биле есктремно лоши :D

Ова е технологија цирка 1895.
Така е. Тој момент го запоставив, кога зборував за копнена моќ.
Се покажале по џунгли и дупки, против Британците во Сингапур и Бурма, Нова Гвинеја. Но, во Сингапур Британците беа затечени и опколени, како и Американците во Филипини. Стратегиски опколени.

А во Бурма и Нова Гвинеја кај што не беше така, не успеаја да го постигнат зацртаното.
Автоматски споено мислење:

И крокодили ги изеле у Бурма.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.064
Поени од реакции
6.547
Така е. Тој момент го запоставив, кога зборував за копнена моќ.
Се покажале по џунгли и дупки, против Британците во Сингапур и Бурма, Нова Гвинеја. Но, во Сингапур Британците беа затечени и опколени, како и Американците во Филипини. Стратегиски опколени.

А во Бурма и Нова Гвинеја кај што не беше така, не успеаја да го постигнат зацртаното.
Автоматски споено мислење:

И крокодили ги изеле у Бурма.
Којзнае колку крокодили и ајкули се офајдиле од WW2 :D
Сингапур е погрешно посаден од старт со фортификации и артилерија исклучиво изградени да стрелаат кон море и тоа што е можно подалеку. При нападот на јапанци сета таа силна артилерија останува беспотребна. Британците во 19.век сметале дека копнен напад од било каков значај е невозможен ради рељеф, само што ова било 1941-42 а не 1881-82, малку се заборавиле. Хонг Конг немал нит нешто фортификации.
Интересно кај Сингапур е што веднаш јапанци започнуваат со тешки зулуми, нареден ден отакако паѓа започнуваат клања по улици.

Мора да се напомене и авијација, иако знам дека била или од војска или од морнарица, како засебна ја немале, слично ко САД, (USAAF, USN, USMC) но имале сосема добри проекти, како на старт така и при крај иако при крај немањето ресурси оневозможува куп проекти и прототипи да дојдат до сериско производство. Тука е и манијата за што поголем долет што носи свои проблеми, како свесно не ставање оклоп или самозатварачки резервоари (тоа го има уште во Шпанија 36) што резултира со многу загуби.
Имам читано мемоари на Сабуро Сакаи, еден од врните асови на Јапан, опишува во еден наврат како амерички Ф4Ф Вајлдкет лета избушен со над 100 куршуми, парчиња оплата висат по него, мотор кашла, но сепак се држи некако во воздух. Зеро со неколку трејсери или запалителни во резервоар се претварал во огнена топка, тоа го кажува и самиот Сакаи, фрустриран што после толку погодоци сеуште дивата мачка не паѓа долу :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
Успесите на авијацијата ги сметам всушност како успеси на морнаричката авијација.
Автоматски споено мислење:

.

Фучида е најпознатиот пилот, што јас го знам. Најдобар торпедо бомбардер во јапонската морнарица.
Зеро се подвижни и брзи и тешко е се наместиш да ти биде од напред. И затоа американците, се до Мидвеј, ги губеле воглавно, воздушните дуели. На Мидвеј за прв пат е применета идејата на Џон Тач, подоцна наречен тач-маневар, кој ги застанал подзинати Јапонците и со кој поспорите американски ловци успеале своите други предности да ги ефектуираат.
Автоматски споено мислење:

За P-40 се заебавале дека не е тоа P-40, туку P-4 with a zero on its tail.

Ова е тој тач-маневар - како да се справите кога има некој од вас zero on its tail:

Десниот без zero on its tail, оди лево, а левиот со zero on its tail, оди десно и понира, а zero-то on its tail доаѓа однапред на празниот кој треба само еднаш да го погоди на point blank.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.064
Поени од реакции
6.547
Успесите на авијацијата ги сметам всушност како успеси на морнаричката авијација.
Автоматски споено мислење:

Фучида е најпознатиот пилот, што јас го знам. Најдобар торпедо бомбардер во јапонската морнарица.
Зеро се подвижни и брзи и тешко е се наместиш да ти биде од напред. И затоа американците, се до Мидвеј, ги губеле воглавно, воздушните дуели. На Мидвеј за прв пат е применета идејата на Џон Тач, подоцна наречен тач-маневар, кој ги застанал подзинати Јапонците и со кој поспорите американски ловци успеале своите други предности да ги ефектуираат.
Да, тоа е најдобар торпедњак, Сакаи е морнарички ловец кој ги штител торпедњаците и пикирачките бомбардери. Има многу хаос во податоците за Јапан, за Тетсујо Ивамото се смета дека има 202 победи во некои извори, некаде 87(!?), имало правило да потчинет по чин не смее да тврди дека има повеќе победи него натчинет, нешто незамисливо за Луфтвафе пример, каде што при седнување во кокпит чиновите престануваат да важат туку водач и воден во пар се автоматски по број на победи или по број на борбени летови, кај Јапан е жив песок секој обид да се установи што е што. Имало јаки асови и кај армиска авијација иако не до ниво на морчарички пилоти, но тие имале поинаков метод за признавање победи од морнарица па и тие достигнувања се сомнителни.

Правилото било што и да прават никако, ама никако да не влегуваат во борба на вираж со Зеро, оние амери кои се измамиле и пробале заршиле кобно. Попрагматичните користеле поголема маса на Ф4Ф или П-40 па симулирале пад, пошто Зеро бил послаб во пикирање и така релативно лесно бегале од дуел, to fight another day. А тие намерни бекства се регистрираат кај јапанци како победи, што и биле, иако тоа не резултирало со уништување на противник, тоа е дел од хаосот со бројките.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
имало правило да потчинет по чин не смее да тврди дека има повеќе победи него натчинет, нешто незамисливо за Луфтвафе пример, каде што при седнување во кокпит чиновите престануваат да важат туку водач и воден во пар се автоматски по број на победи или по број на борбени летови, кај Јапан е жив песок секој обид да се установи што е што. Имало јаки асови и кај армиска авијација иако не до ниво на морчарички пилоти, но тие имале поинаков метод за признавање победи од морнарица па и тие достигнувања се сомнителни.
Слободата и самоиницијативата се заштитен знак на Германците, дел од auftrag tactics. Субординацијата кај Јапонците е апсолутна.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.064
Поени од реакции
6.547
August 22, 1944. Lisieux, France.

сајдер за дечкото со брен
Фан факт, Бренот како култно британско оружје е всушност лиценца од чехословачка Збројевка вз.26, откако британци во втора половина на 30-ти гледаат да ги заменат Луисите и нешто малку Викерс-Бертие со полесен и попрактичен модел, изборот паѓа на чехословачкиот пушкомитралез. Исто стандардниот митралез за тенкови, самоодни орудија, оклопни коли и остали оклоп бил исто лиценца на чехословачки Вз.27 односно Беса во британска варијанта, чак го задржале и чехословачкиот калибар во вториов случај од 7,9мм.

Фан факт, Кралство Југославија го усвоила истиот модел за замена на Шоша (funny name i know :D, Chauchat M.15) , па чак го употребувала и ЈНА до 70-ти.

Брен сеуште се користи во Р.Ирска и некои земји по Латино-Америка и Азија во 2020-та :eek:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
да де, го видов
(само не од таму)
не го измислив ја

Све сум видел, чул и прочитал од негде.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
Фан факт, Бренот како култно британско оружје е всушност лиценца од чехословачка Збројевка вз.26, откако британци во втора половина на 30-ти гледаат да ги заменат Луисите и нешто малку Викерс-Бертие со полесен и попрактичен модел, изборот паѓа на чехословачкиот пушкомитралез.
Ова не сум го знаел.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.565
5 мај 1945-та, ослободени логораши од Матхаузен.
Осакатени при псеудо-медицинските експерименти во логорот.

Тешки срања оваа војна донела. Најтешки во човечка историја, дефинитивно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom