Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
2.260
Поени од реакции
3.628
Oва повеќе ми личи на PPSh-41, отколку на Thompson.
Или можеби ППД-34, Томпсонот го имаше на друга слика, со шаржер од 30 куршуми наместо буренце.

PPSh-41 (ППШ-41) e. Руски автоматска пушка.
Автомат, тоа е орудие кое употребува пиштолска муниција и има можност за селективен оган. Кај нас и на Балкан општо не знам како, синоним за автомат е "шмајзер" или "машинка" ваљда према името на германски конструктор на автомати Хуго Шмајзер, мислам првиот германски автомат изработен од старт како таков Бергман М.18 е негов.

Советски автоматски пушки од тоа време биле Токарев и Симонов, а во помал број и Федоров кој е уште од пред WW1, не сум забележал на слики или снимки нивно присуство во НОВЈ. Тие користеле пушчана муниција, но подоцна се прави компромис и излегува нова муниција која е измеѓу пиштолска и пушчана со легендарниот веќе советски 7,62*39мм, мотивирана од германскиот 7,92*33мм Курц за нивната Штг-43. Подоцна со АК серијата се етаблира јуришната пушка како основно оружје на ниво на редов војник и тоа останува до ден денес. Западот задоцнува со усвојување на таква муниција, тек .223 Ремингтон станува НАТО стандард 25+ години после АК.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.260
Поени од реакции
3.628
Mене ми се чини дека кај нас, синоним за автомат е MP-40.
Го имало по сите партизански филмови, па и оној од ЈНА што бил М.56 многу наликува на МП-40 само што шаржерот кај југословенскиов е малку накривен а кај Ерма е прав.
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.860
Поени од реакции
53.207
Отпишани употребуваа MP-40.
Имав маица со Тихи, со MP-40.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
zdravo
Se izvinuvam sto ke vi podosadjam
Baram ime na kniga spomeni od nob i avtor...
Covekot bil prvoborec
Imashe napisano opis od licno iskustvo za nastanite za vreme na osloboduvanjeto na Skopje i konfliktot koj licno toj go imal so nekoj bugarski polkovnik ili major od otecenstveniot front koga sakale da odrzat voena parada na ulicite na Skopje. Covekov po naredba od generalshtab na nob otisol pred kasarnata ipocnal da pcue i majka i sajka i da mu kaze na bugarskiov polkovnik da si gi povlecat edinicite od skopje ili ke dade naredba da gi strelaat.

Ne govoram za Mihajlo Apostolski
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.860
Поени од реакции
53.207
Не знам тој кој бил, ама Апостолски е тој кој договорил да не влегуваат во Скопје (и во Струмица мислам)
Автоматски споено мислење:

Фучида (Фушида) е јапонски офицер кој учествувал во акцијата.
Неговите мемоари доста се земаа здраво за готово, околу нападов. Сега испадна дека е Фучида е full of shit и дека, како и другите мемоари на оскини офицери, подлажувал малку.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.551
Поени од реакции
17.485
zdravo
Se izvinuvam sto ke vi podosadjam
Baram ime na kniga spomeni od nob i avtor...
Covekot bil prvoborec
Imashe napisano opis od licno iskustvo za nastanite za vreme na osloboduvanjeto na Skopje i konfliktot koj licno toj go imal so nekoj bugarski polkovnik ili major od otecenstveniot front koga sakale da odrzat voena parada na ulicite na Skopje. Covekov po naredba od generalshtab na nob otisol pred kasarnata ipocnal da pcue i majka i sajka i da mu kaze na bugarskiov polkovnik da si gi povlecat edinicite od skopje ili ke dade naredba da gi strelaat.

Ne govoram za Mihajlo Apostolski

На ова интервју се споменува настанот и името на човекот, јас го знаев ама го заборавив. Ако не научиш поинаку можеш да го изгледаш најдеш тука.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
1:15:00 Боро Чушкар :)

„Стигнавме кај Железничката станица во последна минута. Бугарските осмореди само што не беа тргнати по главната улица на параден марш. Рипнавме од коњот и Ѓуро и јас. Му пријдовме на најстариот по чин офицер. Беше тоа командант на дивизијата, а по чин беше – генерал мајор. Сув, слабичок и некако жолт, како лимон.

Отидов и го прашав: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!?

Се влечете како лешинари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија”!? Каде вие испаливте куршум за ослободување на Велес и Скопје, да ви ебам мајката! Што ви дава за право така гадно и подло да се лажете себеси и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војската да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“, му реков нему, а кога завршив, видов дека сè уште го држам за градите како детска играчка.

Тој цело време трепереше како штиклица. На крајот, сепак, отсечно рече „Јасно другар. Но јас не сум виновен. Таква наредба добив“.

Тогаш јас повторно викнав „Да им ебам мајката на оние што ти дале наредба за ова. Наредби они можат да дадат за изведување вежби во касарните каде ве примивме како гости, а не да ми се маате и парадирате по градот. За тоа само ние можеме да дадеме одобрување, а не твојата посрана влада од Софија. Дали сега ти е јасно?“, го прашав.

„Сичко ми е јасно“, рече тој. Тогаш тој престрашен генерал со сув глас нареди круг на лево, и се вратија“, стои во сеќавањето на Чушкар.

Ете така не успеала бугарската „втора парада„ за „второто ослободување“ на Скопје во текот на Втората светска војна.



* Сеќавањата на Боро Чушкар дел од Документационото одделение на Институтот за национална историја, „Велимир Брезовски“, проф.д-р Ѓорѓи Чакарјаневски и проф. д-р Миле Михајлов.
 
Последно уредено:

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.860
Поени од реакции
53.207
Мемоарите се најневеродостојни историски извори.

Не викам дека не било баш така како што пишува, само напоменувам факт.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.260
Поени од реакции
3.628
Отпишани употребуваа MP-40.
Имав маица со Тихи, со MP-40.
Таа серија е пред моето време, порано кога сеуште немав аверзија кон воени филмови ги гледав Неретва и Сутјеска и Партизанска ескадрила, Валтер брани Сарајево чисто од радозналост, имаше на Сител пред 12-13 години секоја недела навечер партизански филм :anco:МП-40 и МГ-42 беа главни, понекој Валтер П-38. Улогата на немачки авиони ги играа југословенските Соко С-522 и Икарус Курир а Панцер 3 и 4 беа играни од Т-34 и Шерман :D
Ричард Бартон=Тито, Орсон Велс=четнички војвода :lolzz:
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
154
Поени од реакции
233
Мемоарите се најневеродостојни историски извори.

Не викам дека не било баш така како што пишува, само напоменувам факт.
Не знам дали верувате во партизаните или во извештаите на „Оберкомандо“ кои се апсолутно точни.

Kriegstagebuch des Oberkommandos der Wehrmacht (Wehrmachtführungsstab) 1940 – 1945, Helmuth Greinert, Percy Ernst Schramm, Band IV: 1. Januar 1944 – 22. Mai 1945, Bernard&Graefe Verlag für Wehrwesen • Frankfurt am Main, 1961, 12. Die große Absetzbewegung im Südosten: Der Rückmarsch der Heeresgruppe E (ab September); s. 713 – 728.

Karl Hnilicka: Das Ende auf dem Balkan 1944/45 – Die militärische Räumung Jugoslaviens durch die deutsche Wehrmacht, Musterschmidt, Göttingen 1970. (= Studien und Dokumente zur Geschichte des Zweiten Weltkrieges, Band 13), стр. 50.

Erich Schmidt-Richberg: DER ENDKAMPF AUF DEM BALKAN – Die Operationen der Heeresgruppe E von Griechenland bis zu den Alpen; VIII. Die Einschließung der Heeresgruppe in Südserbien.

War and revolution in Yugoslavia, 1941 – 1945: occupation and collaboration, Jozo Tomasevich, Stanford University Press, 2001, ISBN 0-8047-3615-4, pp. 751 – 752.
Multinational Operations, Alliances, and International Military Cooperation Past and Future, William W. Epley, Robert S. Rush, Government Printing Office, ISBN 0-16-079422-6, pp. 82 – 83.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom