Вроден инстинкт или..?

  • Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
Истиот одговор, за во склоп на темата.

Инстиктот може да биди вроден и стекнат.

Значи ако научиш со тек на време да пишиш на тастатура, веќе се префрлило во инстикт и немора да бараш која буква каде се наоѓа на тастатура.
Брат нема врска ова што го кажа, инстинктот никако не може да биде стекнат, само вроден. Ти ако куцаш на тастатура, по некое време тоа ќе почнеш да го правиш подсвесно, а не инстинктивно. А ако би знаел да куцаш на тастатура како бебе, е тоа би било веќе инстинктивно.

А тоа за птиците што збориш, инстинктите се развиваат и пренесуваат пропорционално со еволуцијата. Значи при еволуција настанува промена на наследните особини и на ДНК-та, а со тоа и на наследените инстинкти.. Канаринците на почеток не знаеле како да плетат гнезда, зашто не ни постоеле канаринци како такви, но како што се создал видот се создал и тој нивни инстинкт. Можеби кога условите и околината би дозволиле, канаринците би еволуирале во нешто друго и би граделе исплетени облакодери. Ама они немаат потреба/можност да еволуираат. Нема еволуција = нема промена на инстинкти.

За мајките.. Не е можно да се води по инстинкт, кога човековата мајка го раѓа бебето во вештачки свет каде што се е вештачко и не е во никој случај дел од еволутивниот процес на човекот, а и таа самата е израсната во него. Нормално дека ќе и требаат енциклопедии за да знае како да го одгледа. Земи некоја мајка во џунгла што живеела цел живот, нека роди бебе, да видиш како ќе и работат сите инстинкти.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.293
Поени од реакции
23.937
Доколку нема помош ќе има проблем во учењето да оди исправено.

Нема да научи да зборува.
ама евентуално ке прооди нели.
сигурно нема да оди на сите 4 цел живот.
инстиктивно без некој да му каже тоа знае дека треба да оди на две нозе не на четири.
тоа дека не оди од раѓање посебно за човект е сосем друга работа и нема врска со инстиктот.
исто како и птиците кога ке се испилат автоматски не почнуваат да летаат.
од друга страна без помош на околината човекот никогаш нема да прозбори или да почни да пишува, барем не во смисла да можеш да го разбереш.
првото е инстикт , другото е учење.
едното е вродено, другото не е.
како што никој не го учи кенгурот да се пикни во стомакот на мајката.инстиктивно се пика таму.
како што младото на импалата инстиктивно кога ке се роди ке залегни никој да не го најде.
како што бебето инстиктивно ја бара цицката на мајката затоа што таму има храна.
примери има безброј за инстикти.
и веќе кога почнавме со квискотека тогаш како ке го класифицираш нагонот.
јас погоре според мене кажав, ама ете ме интрересира како ти би го дефинирал. или и тој е мит, и тој е тренинг???
 
V

Vollstandig

Гостин
Немаат потреба да импресионираат некого. Очигледно канаринките не се палат на материјални ствари.;)
Ама кој ти вика бре човече дека муабетиме овде за имперсионирање? Значи толку примери се наведени, кои сигурно не ни ги прочита, и ко гром од ведро небо, рандом цитат ми удираш да ми реплицираш, финтава е “Видете ме и ја знам да филозофирам по форуми“ или стварно го мислеше ова?

Виде дека зборував за обично гнездо мајсторски исплетено направено со она што му се нашло при рака. Така порано луѓето граделе колиби, па виделе не чинат, па почнале да градат примитивни домови, па куќи од камен, па денес бетонирани куќи кои не ги дува ни ветер ни ги турка земјотрес. Сигурно не ги граделе за да имперсионираат некого туку еволуција е во прашање во градењето на домови, за поголема сигурност и комоција, прилагодени според потребите на човекот.

Брат нема врска ова што го кажа, инстинктот никако не може да биде стекнат, само вроден. Ти ако куцаш на тастатура, по некое време тоа ќе почнеш да го правиш подсвесно, а не инстинктивно. А ако би знаел да куцаш на тастатура како бебе, е тоа би било веќе инстинктивно.
Инстиктот е она што организмот го знае и без да го научил во животот, односно она што го знае за преживување уште од самото раѓање. Проблемот е што кај човекот инстиктите се најмали, па има свест, а со самото свесно размислување кога една работа е научена, се префрла во потсвеста и тоа веќе може да се рачуна како инстикт. Значи робот што самиот се програмира.
Значи ако гледаме теоретски куцањето на тастатура не е инстикт, но ако гледаме малце подлабоко ќе сфатиме дека на некој начин е.

А тоа за птиците што збориш, инстинктите се развиваат и пренесуваат пропорционално со еволуцијата. Значи при еволуција настанува промена на наследните особини и на ДНК-та, а со тоа и на наследените инстинкти.. Канаринците на почеток не знаеле како да плетат гнезда, зашто не ни постоеле канаринци како такви, но како што се создал видот се создал и тој нивни инстинкт. Можеби кога условите и околината би дозволиле, канаринците би еволуирале во нешто друго и би граделе исплетени облакодери. Ама они немаат потреба/можност да еволуираат. Нема еволуција = нема промена на инстинкти.
Па заради тоа ја отворив темата, ако се создал видот “Канаринци“ секундарно, значи како АЈФОН 4-КА, кој веќе е програмиран и останува да го купиш и работиш, значи канаринците секундарно се создале и го имале тој инстикт за плетење гнездо - вграден (кодиран) во нив.
Но ако канаринците полека се создавале да речиме еволуирајќи , тогаш би требало и претходно да граделе некои мизерни гнезда, за да стигнат до мајсторијата која денес ја прават. Е сеа ако тоа се создава преку еволуција, тогаш денес би граделе можеби и облакодери, како што кажуваш ти. Но сепак нешто ги спречило и се на ПАУЗА т.е истиот принцип на живот го имаат веќе илјадници години.Не зборам за канринците ете има и други птици, ластовици или било која птица. Што мене тоа ми е интересно и ми претставува тема на размислување, ако ги споредиме како електронски апарати животните и човекот, Човекот е уред (робот) кој самиот се програмира и работи според програмите и може да ги едитира, додека животните се веќе програмирани и работат според истиот код. Така некако би дошло метафорички за нив, што ја прави тезата уште поинтересна за размислување, кога знаеме дека “кодот“ наш се пренесува преку ДНК-та, доаѓа прашањето, како се искодирала таа ДНК и е создаден човекот за слободната волја, а како животните по одреден концепт да живеат.

За мајките.. Не е можно да се води по инстинкт, кога човековата мајка го раѓа бебето во вештачки свет каде што се е вештачко и не е во никој случај дел од еволутивниот процес на човекот, а и таа самата е израсната во него. Нормално дека ќе и требаат енциклопедии за да знае како да го одгледа. Земи некоја мајка во џунгла што живеела цел живот, нека роди бебе, да видиш како ќе и работат сите инстинкти
Овде се согласувам со муабетот. Точно дека жена која живее во џунгла, инстиктивно ќе го одгледа детето. Исто и жена во град ќе го одгледа инстиктивно детето, но повеќе ќе може таа во град да го научи на еден тон работи, додека овој во џунглата ќе научи единствено само како да преживува и да се прехранува. Значи тука имаме пример за еволуција Човек од џунгла --> Човек во социјализирана средина.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Г-дине sphinx дали треба елаборат да напишам? Канаринецот научил да направи гнездо како би создал услови за опстојување и размножување.
За разлика од канаринецот и сите останати живи суштества на планета Земја, човекот користи алат(ако дознаеш како уствари почнал да користи алат ќе ја разбереш и еволуцијата) и е во предност да напредува во архитектурата. Тоа значо денес во светот имаме миљарди градби кои не се практични т.е. човековото опстојување не зависи од нив. Скопје 2014 ти е најдобар пример. Голем дел од тие градби се направени за курчење а не за да го подобрат човековиот живот. Твојата куќа е направена колку да не ја дува ветар и да не ја бутне земјотрес? А и на крај краева како си толку сигурен дека на канаринците не им се удобни гнездата?

А и ДНК кодот не го носи искуството на предокот. Биди сигурен за тоа. Канаринецот генетски незнае да прави гнездо, физички има предиспозиции да напраи добро гнездо што незначи дека ќе направи. Земи мали канаринци и храни ги додека да пораснат, пушти ги и нема да знаат да се прехранат, гнездо да направат и сл. Истиот пример е со човештвото. Хипотетички, доколку целата технологија ја снема и сме принудени сами да бараме храна, што мислиш од седум миљарди луѓе колку би останале живи за 10 години? повеќе од пола би изумреле(најверојатно затоа што инстиктот ќе не изневери).
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

S

Shellshock nam67

Гостин
Често пати се случува било кој од нас да види ситуација во која животно прави нешто необично, па викаме со тоа “инстиктот“ го тера. Ако размислиме подлабоко, и ги земиме за пример птиците, кои за размножување прават една мини-градежна фирма. Значи, откако птица ќе се испили од јајце, порасни, не оди на часови по размножување и градење седело, али сепак знае да го изгради, да го исплети, знае дека треба да лежи на јајцата и да држи топло, знае дека треба да ги храни малите...итн. Е сеа обично тоа го викаат ИНСТИКОТ дека ги терал птиците да градат седело и да го обават целиот чин на давање потомство. Кога тоа би било инстикт, значи би бил стекнат со тек на еволуцијата, па тогаш на кој начин се размножиле птиците додека го стекнале инстиктот? Значи фактички од самото создавање на птиците, веќе и градењето на седело и целиот чин со размножување бил “запишан“ во нивните глави, а ако тоа се одвивало со еволуцијата па “научиле“ да градат седело, тие тогаш сеуште би еволуирале, значи не би имале потреба да запрат со еволуцијата, па наместо седело денес би граделе можеби и мини-куќи:)
Значи од некаде овој код, информација е фактички “запишана“ во нивните гени и истата ја прават со генерации, не-еволуирајќи, туку истото се повторува постојано, додека кај човекот е различно, ако порано живеел во куќи од камен, денес живее и во облакодери кои порано биле незамисливи.

Единствено човекот го нема тој вистински инстикт, како што го имаат животните, или пак со текот на “социјализацијата“ и живеењето во станбената џунгла, го изгубил инстиктот, па можеме да видиме тазе-мајки, со еден тон енциклопедии, еден тон “советници“ околу неа, што и како во врска со детето да постапи...али факт е дека таа еволуција само кај нас работи, луѓето.

znaci postoi instiktot kako vgradena osobina kaj zivotnite, e sega vo instinkt sto vleguva (site oni nagoni koi postoele od damina pa se do denes, a nesto i pticite vo konkretniot proces uv=cata od svoite orditeli pod vlijanie na sredinata, toa ti e isto i kaj lugjeto ima vgradeni instikti i tie sto se ucata vo tek na zivot.
i da covekot e zivotno stom i kaj nego postojat nagoni kako kaj sekoja edna edinka .
a dodeka dosol do civilizacija pominala edna vistinksa epoha.
pravta civilizacija pocnuva od koga e otkrien ognot togas pocnuva civilizacijata na covestvoto
 
Kajgana Shop

На врв Bottom