Бре, бре, значи никој или сосема малку се согласувате со мене дека, едноставно, времето си поминува, тече неповратно, дека реално, не можеш да го запреш. Се е една безвременска сегашност? ОК, но мислам дека и тука има еден мал недостаток. Сепак настаните и случувањата поставени по овој редослед во кој се сега, си заземаат место. Настан од пред 3000 години и настан од 2060-та година не можеш да ги ставиш едно до друго. Се помеѓу, луѓе, настани, случувања, создавање и уништување на цели градови и градби би било една голема илузија и голема лага и како ништо да не постоело или настаните помеѓу ќе ги распоредиме по желба како фото-албум? Некако ми е неразбирливо и тоа дека случувањата се безвременски, а ние ги делиме по време и место поради нашата човекова природа. Ова значи дека на Марс нема време или со други зборови, таму времето не тече, а и дека кога на земјата немало луѓе, времето не поминувало. Или она дека сегашност за оној што се спрема за испит е овој период од на пр. 15 дена, но сите не спремаат испит во исто време или со други зборови, колку луѓе, толку сегашности, што пак ептен ја искривува смислата на тоа што е сегашност. Разумен сум и немам никакви планови да противречам на нешто што го проучувале научници иако некогаш и јаболко по глава те доведува до научно откритие кое цело човештво го прифаќа, а сепак во почетокот е многу лично, а може да биде и болно искуство. Би можело ли да се заклучи дека се е сега, кога сакам можам да скокнам до вчера, да поразговарам Аристотел е едноставно мачкина кашлица, кога не ми се допаѓа зима или некој без врска дожд, ќе претрчам до, на пример, ланското лето, можам да си го порачам првиот концерт на Beatles ко од видеотека, дека времето не тече, дека ништо не значи тоа што на сметките за мобилен пишува дека треба да се плати најдоцна до 20-ти, затоа што на 28-ми едноставно ќе притиснам на едно копче и ќе се вратам на 18-ти и ноншалантно ќе си го подмирам долгот, дека прво одделение можеме да го започнеме на 3 години или, ете, на 11 години (која глупост - време, тоа ништо не значи), дека весникот од утре ќе го читам в чера, дека виното е старо 3 години уште кога го ставаме грозјето в бочва, млекото што в чера го потквасив, денеска многу се скиселило, ама јас мангупски ќе се насмевнам и со мојата ми мисла и сугестија, ќе го збунам млекото и тоа ќе си помисли дека е уште рано наутро и тамам ќе се стори скиселено недокиселено. Времето си тече и поминува и претходните примери само кажуваат дека се што постои, се движи, напредува, старее, раѓа, умира, менува, баш под влијание на времето. Во светов што ние го знаеме, во времето и просторот што ги знаеме, во оваа димензија во која живееме, се функционира под дирекно влијание на времето кое тече.
Ајде сега не сме 2009 година, а и ако сме, утре ќе биде 102 година. Па ако де, за инает. На 31 декември ајде да ја чекаме 2008, па 2007, сега е 3:46, па ќе дојде 3:45, па 3:44 или воопшто нема да доје затоа што заборавив, времето не тече, нели? Се е сегашност. Е, ама не ќе да може така. Не е ова филм, па онака се ни е на дофат на раката. Или можеби е, но ние тој филм не можеме со нашиот далечински управувач да го менуваме: в чера, 1963 година, 2099 година итн. Ние се уште не можеме, а којзнае дали некогаш ќе можеме и дали воопшто треба да манипулираме со времето (само во нашите глави, а тоа е многу сумлива работа), затоа што тука сме беспомошни. Зарем толку е тешко да се прифати тоа? А како инаку би требало да биде? Па добро што е така, затоа што светот би бил хаос кога уште тука човек би замешал прсти па отиде се у 3 п.м, кога времето не би течело во овој единствен правец, напред и тоа непоколебливо, сигурно. На крајот, многу работи што ги прочитав држат место, навистина, но првобитната поента, по којзнае кој пат ќе кажам, ми беше дека, едноставно времето си поминува, секој миг (реков миг) бега брзо, во неповрат.
Ајде сега, касно е, морам да спијам. Одамна не сум спиел 8 часови. Обврски. Не се стигнува да направиш се затоа што понекогаш, како и да ги распоредиш обврските, едноставно немаш време да направиш се. Или и тука се лажам? Можеби нешто од времето или обврските ќе компресираме или преформатираме па ќе ја нагодиме работата?