Се било во една точка и се случува биг бенгот и се се распрснува и од тогаш постојано се шири. Така?
Ако е така, тогаш имам неколку прашања:
Ако денес космосот (надворешната страна од балонот нели така треба да го замислиме) е широк 13,7 милијарди светлосни години, колку бил широк во моментот на Биг Бенгот?
Во моментот по експлозијата кое е растојанието помеѓу најоддалечените парчиња материја?
Дали нашиот сончев систем, кој претпоставуваме дека е стар околу 4 милијарди години, е 4 милијарди светлосни години оддалечен од центарот на космосот?
Ако пред Биг Бенгот целокупната материја што постои била во една точка, таа била толку густа што најверојатно нели и не се движела. Ако нема движење нема ни време односно се се случувало во исто време. Сите настани за кои што знаеме (минато) и за кои што не знаеме (иднина) се случувале во ист момент, бесконечно краток, немерлив.
Откако се десил биг бенгот материјата се распрснала и почнало и движењето односно настанал “видлив“ итервал помеѓу еден и друг настан односно се “појавило“ времето.
Ова важи на пример само за нашиот космос, но тоа не го исклучува постоењето на времето за некои други “точки“ кои што се распрснале пред да се распрсне нашата точка или би се распрснале во иднина.
Ако се ни се “десило“ уште пред да се распрсне нашата “точка“ дали ние денес животариме во минатото? Според мене да. Односно сме во некој воз во кој што однапред се се знае. Колку и да сакаме ние да ја смениме патеката на возот тој си граби по веќе изминатата рута. (ова му доаѓа, минато свршено идно време
)
Во мојот предходен пост на темава нешто пишав околу ова некој ми рече дека сум контрадикторен па да се подобјаснам што сум мислел.
Ако “возот“ го наречеме -судбина: се ти е однапред одредено и стокмено и ти не можеш ништо да смениш.
И спротивно на ова имаме нели и „слободна волја“. Каде, ништо не ти е одредено и сам си ја “кроиш“ судбината, иднината.
Е па јас мислам дека имаме условена-слободна војла.
Си постои возот и ти си во него, поради некои твои одлуки понекогаш можеш и да искочиш од возот ( си искочил од колосек) ама се околу тебе ќе те тера да се вратиш пак во возот. Некои работи ти мораш да ги направиш (предодредени ти се) а дали ќе ги направиш во вистинскиот момент или по десет години е резултат на твојата слободна војла односно зависи од твоите одлуки. Космосот се знае, (најстар е
) ќе ти мавне две три заушки и ќе те принуди пак да скокнеш у возот и да продолжиш по вистинскиот пат. Колку помалку грешиш во животот (скокаш од возот) толку си посреќен и ти е полесен животот.
Ако иднината ја сваќаме како нешто што треба да се деси и е непознато, тогаш мислам дека не постои. Се се има веќе случено и се е однапред предодредено. Ние треба само да ги следиме знаците и пораките кои секојдневно не предупредуваат и ни укажуваат дали сме на вистинскиот колосек.