Време

  • Креатор на темата Креатор на темата птр
  • Време на започнување Време на започнување
значи коај спиеш, нема време за тебе?

не заборавај дека земјата се движи со одредена брзина околу сонцето, сонцето исто така.... итн :)

чиста физика... можеме да филозофираме што би било времето и слично али нема да се расправам на филозофските мислења. Не дека не ги ценам, секој си има свое гледиште ама за мене времето е чиста физика
 
t=s/v (или време еднакво на пат врз брзина) чисто докажано физички, кој не верува нека провери :)
Неможеш да дефинираш што е време користејќи го времето како дел од дефиницијата! t=s/v, но како ќе го дефинираш тогаш "V"? Брзината е директно поврзана со времето! - (Изминат пат за единица - "ВРЕМЕ")!:wink:
 
Времето е основната димензија која се дополнува со 3-те просторни димензии! (ова со основниот модел) Инаку ако зачиташ теории на симетрии и стрингови, одиш накај 10 димензии...
Што и да правиш, каде и да си, над тебе демнее песочниот часовник превртен во мигот на твоето раѓање. Се друго можеш да контролираш, но време можеш единствено да следиш.
 
Бидејќи нема дефиниција за времето јас би издвоил неколку интересни мисли во врска со времето:

- "Не е малку времето,што го имаме,многу е времето што не го користиме"

- "Ме интересира,пред се,иднината,затоашто тоа е времето во кое живеам"

ПС - ги слушнав пред некое време,ме замислија па ми останаа во глава.
 
не е важно што е времето,важно е дека не е бесконечно.има почеток а со тоа најверојатно ке има и крај.
 
Повторно ќе замолам секој што ја смета темава за глупост, или мисли дека има поважни теми нека дискутира на нив! Оставете ја темава за оние кој имаат што да кажат и не постирајте офтопици!

--- надополнето ---

http://topdocumentaryfilms.com/do-you-know-what-time-it-is/
 
Кога му е почетокот?
Кога настанал универзумот, во големата експлозија - Big Beng! Пред 13,7 милијарди години! Тоа е почетокот на времето и просторот т.е Просторвремето!
 
Дали може да се враќа на назад , е поинтересно прашање.
Според пресметките на физичарите теоретски е можно! Што укажува на фактот дека паралелните универзуми се реален потенцијал! Без овој потенцијал се појавуваат парадокси!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom