Време

Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
Претежно владее мислењето дека не постои минато, не постои иднина, туку само сегашно време. Држи ова секако, но некако ми се наметна едно мислење дека ете не постои токму сегашноста. Кој сака може да ми контрира, се разбира дека ова што го мислам јас не значи дека е точно, ова е само мое мислење, заебана филозофија. Нели, секој човек си има своја филозофија, ова не е наука.
Постои само минато и недогледна иднина. И тоа што чекаме да се случи после еден час, па и неколку минути, може да ни изгледа долго за чекање, а не пак повеќе денови, месеци, векови, па сепак ќе дојде и веднаш ќе стане минато. Е, тука лежи зајакот на она што сакав да го кажам. Што е сегашност? Само еден мал миг кој веднаш се губи во неповрат. И она што го нарекуваме СЕГА, пак е создадено од минато и иднина. Не можеш да запреш ни еден миг и да го наречеш СЕГА. Секој миг бега застрашувачки брзо.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
За секого различно, некој си живее во сегашноста без да размислува за иднината ама тоа не чини зошто секогаш треба да се мисли и за утре, некој живее во минатото и ова не чини зошто премногу време се троши залудно во мисла од спомени на минатото наместо да се искористи сегашноста, некој живее со мисла за иднината зошто сегашноста му е претворена во работа за да постигне нешто и да си изгради поубава иднина, се е релативно и во нашите мозочни виуги
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Мarijuana is bad, mkay? Drugs are bad, mkay? Don't do drugs, mkay? Drugs are bad, mkay?

Неможеш да ја димензионираш сегашноста, човек. Инаку, come on.
Mинато се сите поминати поменти, ќе те контрам се обележуваат.
Сегашноста ти реков.
Иднина се следните моменти што доаѓаат.
Its as simple as that.

Кажи на глас СЕГА. Ете. Ја долови сегашноста for a sec.
A за граматичкиот дел за минато, сегашност и иднина мислам нема потреба да се пишува.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Време...
Постои сегашност. Тоа е сеа кој пишуем.
Постои минато. Тоа е кој кликнав за да влезем во темава.

А единствено нешто што не постои е иднина бидејќи...
,,Иднината не постои. Неа ние самите ја создаваме.,,
 
Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
Супер, ми се допаѓаат сите мислења. Како што реков, тоа што го запишав не значи дека е така и готово. Само работите можат да се гледаат од повеќе аспекти. И јас живеам сега. Не сум потонат во минатото и не сум некој романтичен носталгичар, само ми беше муабетот дека и сега, кога ќе речам СЕГА, за миг веќе не е сега туку поминало. Инаку, животот се живее сега и овде, јасно, а тоа дека се поминува многу брзо и тоа е јасно.
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Минатото е минато (читај поминато ).
Иднината не постои сеуште.
И иднината не се создава туку се живее во сегашноста.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Сегашност со збор не можам да го опишам, освен сликовито.
Да речиме една права линија,која би го претставувало времето.

-------------------------------------------------!
Замислете дека оваа линија,нонстоп расти,т.е се движи надесно(на сликава).Е сега,линијата го претставува минатото, извичникот,кој е секогаш на врвот на линијата, и нонстоп се движи на десно, би било сегашноста......а пак, иднина фактички не постои,затоа што се нема се уште случено, т.е таа постои само фиктивно.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Претежно владее мислењето дека не постои минато, не постои иднина, туку само сегашно време. Држи ова секако, но некако ми се наметна едно мислење дека ете не постои токму сегашноста. Кој сака може да ми контрира, се разбира дека ова што го мислам јас не значи дека е точно, ова е само мое мислење, заебана филозофија. Нели, секој човек си има своја филозофија, ова не е наука.
Постои само минато и недогледна иднина. И тоа што чекаме да се случи после еден час, па и неколку минути, може да ни изгледа долго за чекање, а не пак повеќе денови, месеци, векови, па сепак ќе дојде и веднаш ќе стане минато. Е, тука лежи зајакот на она што сакав да го кажам. Што е сегашност? Само еден мал миг кој веднаш се губи во неповрат. И она што го нарекуваме СЕГА, пак е создадено од минато и иднина. Не можеш да запреш ни еден миг и да го наречеш СЕГА. Секој миг бега застрашувачки брзо.
Темава е сосема во ред, но би те замолила малку подетално да ја образложиш твојата теорија околу минливата сегашност која, такоречи, непостои.

Ја базираш врз твое лично чувство, сознание?
Некои филозофски учења ја поткрепуваат? Науката можеби?
Конечно, сметаш ли дека постои време како категорија?

Прашувам за да ја прошириме дискусијава, а и затоа што квантата физика, вечином од филозофските/мистичните учења и сл. велат дека се е сегашност, односно поделба на минато/сегашност/иднина воопшто нема.

Но, за тоа ќе образложам малку подетално откако ќе ги добијам, барем се надевам, твоите одговори. :)
 
Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
Ако прочита добро, кажав дека ова што го кажувам не е никаква наука, само една сопствена, лична филозофија. Еден момент од животов ми мој, кога си реков: човече, пред 5сек. реков СЕГА и веќе замина во неповрат. Само тоа. Мило ќе ми биде да прочитам што имаш да кажеш. Сега можеме да цитираме секакви напишани филозофии и науки, јас го кажав тоа што го почуствував: немоќ да му се спротивставам на времето кое си тече сигурно, непоколебливо...
Многу здравје.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ако прочита добро, кажав дека ова што го кажувам не е никаква наука, само една сопствена, лична филозофија. Еден момент од животов ми мој, кога си реков: човече, пред 5сек. реков СЕГА и веќе замина во неповрат. Само тоа. Мило ќе ми биде да прочитам што имаш да кажеш. Сега можеме да цитираме секакви напишани филозофии и науки, јас го кажав тоа што го почуствував: немоќ да му се спротивставам на времето кое си тече сигурно, непоколебливо...
Многу здравје.
Во ред, благодарам што објасни од каде тргнуваш кога го градиш својот став за времето и конкретно сегашноста. :)

Значи, сметаш дека сегашноста е недофатлива и дека како одредница не постои затоа што постојано се прелева во минато и иднина.

Од друга страна, квантната физика, кога говори за виртуелното ниво (она кое се наоѓа над материјалното и квантното) во кое време воопшто не постои, односно се се случува одеднаш, или во она што ние го нарекуваме сегашност. Но, за да се спречи хаосот овде на земјата (односно на материјалното ниво) сегашноста, сеопфатноста и безвременоста се филстрираат низ квантното и на материјалното (световното) ниво пристигнуваат како настани/личности и сл. групирани во временски одредници, односно минато/иднина/сегашност.

Ова, на еден поинаков начин, се вели и во сите исконски, но и посовремени филозофии , религии и мистични учења, кои, со различни појаснувања, велат дека суштината, вистината и случувањата се безвременски и сеопфатни, додека само ние ги делиме на време и место(кои се своевидна илузија), затоа што така сме условени преку нашата човекова природа.

Понатаму, тука е и Кант, кој вели дека причинското-последично гледање на нештата, во смисол едно нешто во минатото, создава нешто друго во сегашноста и истото се трансформира и во иднината, е исто така човечка илузија, односно, повторно, време и причина и последица не постојат.

И да не должам... би сакала да те прашам дали твоето сознание делумно го гледаш во овие учења, или сепак сметаш дека време и временска поделеност постојат, и тоа како минато и иднина, без сегашност?
Затоа, штом сегашноста е релативна, зошто не би биле и минатото и иднината?
 
Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
Овој дел од тоа што го кажуваш ме бендисува:
"Ова, на еден поинаков начин, се вели и во сите исконски, но и посовремени филозофии, религии и мистични учења, кои, со различни појаснувања, велат дека суштината, вистината и случувањата се безвременски и сеопфатни, додека само ние ги делиме на време и место (кои се своевидна илузија), затоа што така сме условени преку нашата човекова природа".
Минатото се случило и колку и да сакаме да биде релативно, можеме да се раскинеме обидувајќи се, не можеме да го смениме. Можеби со некоја временска машина, но тоа е друга тема. Еве нешто што на некој начин кажува што јас мислам околу овие времиња. Минато, сегашност, иднина. Да го замислиме сето тоа време како една слика, филм или слично. Јас лично сметам дека има само еден единствен господар на сето ова. Минатото не можеме да го исклучиме. Тука не се согласувам со Кант. Веднаш се негираме себе и се што сега постои. Нели се е создадено таму некаде, во поблиското или подалечното минато? Доказ дека има (имало) минато е екранот пред тебе, сепак е направен во минатото, а можеме да кажеме и вака "Направен е во ова денешно современо време итн, итн.", ама в чера или пред една година. Доказ е и вазата (ако имаш таква, јас немам ама...) на комодата. Направена е пред 800 години. Значи меѓу некое дофатно минато и далечно минато не гледам разлика. Друго, пред некоку години ми се роди син. Ми јавија на телефон и за 30 минути бев в болница. Ми го "тупнаа" во рацеве малиот кој на овој свет не беше ни еден час, а верувај, тој го фиксира погледот во моите очи. За 1 минута бев надвор. Разбираш. Возбуда, радост, солзи... Тој момент не можам да го вратам, помина, но никој не може да ми го украде нити да ми каже дека тоа е илузија. Само спомен? Не знам. Некако не сакам многу да должам и да се вртиме во круг, но факт е дека минатото не се враќа, а нешто за што зборуваме, не може да кажеме дека не постои или ете постоело. Не го гледаме умот, но постои (се надевам), ги гледаме неговите дела, не Го гледаме Господ, но постои. Барем јас сум убеден во тоа. Постои и сегашност, во смисла, еве да го поделиме сето време на делови. Од тогаш до тогаш е праисторија ... индустриска револуција или некој друг период од историјата ... и сега, односно сегашно време, но тука има и дел од иднината, на пример еве оваа декада од овој век (грубо поделено), како сегашно време, како на пример поп музиката од оваа декада е современа и ние сме современици на пример со Мадона. И пак сега на почеток. Времето брзо лета. Времето. Напишав "времето". НапишаВ (минато). Има една народна мудрост: умните додека го преесапат веков, будалите ќе го поминат. Ме спопаѓа понекогаш некоја мисла, идеја, бистрам "политика" со која никој не мора да се согласи. Фала Богу што не сум политичар. Многу сум почестен што некого или некоја заинтересирав со темата. Но, колку сум пак јас компетентен да зборувам за тоа. Сепак е подобро да се зборува отколку на пример сега да започнеме тепачка. "Водете љубов, а не војни".
И пак на почеток, по трет пат, но само еднаш беше вистински:
времето брзо (или полека, бидејќи се е релативно) поминува. Сигурно, во еден правец, неповратно. Да, постои сега. Секунада за секунда, миг зад миг, колку напорно звучи. И секоја секунда, веќе во идната секунда е минато.
Едноставно тоа ми беше поентата.
Ајде да го живееме животов така, секоја секунда, секој миг и тоа веќе ми личи на некој стрип со Дилан Дог со мрачна содржина или што знам... Не сакам да се разбудам во 50-та година од животот и да речам кај ми отиде животот, но и постојано да тврдам дека сум приземјен и го живеам животов секој миг, само за да речам дека еве "сега" го фатив и еве го јавам, пардон, галопирам, пак сум се излажал. И пак да кажам. Не сум носталгичар, барем не фанатичен носталгичар. Не можам ни да го исклучам минатото, иако има моменти кои со задоволство би ги заборавил и верувај, не се илузија. Мечтаев за иднината до таму каде што само мисла може да стаса, а сега најголема мечта ми е да ги платам сметките без проблем и без каснење. Не дека немам фантазија. Работата ми е поврзана со фантазија, креативност, создавање. Сега тоа не е битно. Еве го сега. Го живеам секој миг, имам слики од моите деца речиси од секој миг од нивниот живот. Сакам да го запрам времето, но не можам. Живеејќи, творејќи во сегашниот момент, го создаваме минатото и иднината.
Минатото, затоа што тоа што ќе го направиме останува и нема преправање, и да го преправиме, пак тоа што пред тоа сме го направиле останува како веќе нешто случено.
Иднината, затоа што многу работи во иднината зависат од тоа што сега правиме. Ако сега излезам и го опцујам комшијата, утре нема да ми прави муабет, а ако го поздравам, утре ќе ме поздрави и тој итн.
Многу долга и широка.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Само што ја прочитав темава , ми текна дека веќе имаше ваква , и дека ова го имам пишувано пред повеќе од година дена.... еве го тој пост:

а еве и линк до темата
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=5575&page=2

-------------------------------------------------------------------



Пред да почнам да зборувам за времето....ќе мора да го разгледам просторот.

Замислете две точки одалечени на некое растојание меѓу себе, од таа почетна позиција едната точка почнува се движи кон местото на другата со некоја постојана брзина.Кога тогаш ,таа ќе се најде на половина пат и ќе продолжи да се движи.Така движејќи се таа повторно ќе се најде на средина од преостанатата половина и ќе продолжи да го дели растојанието на се поситни половини.Но до кога? Несомнено е тоа дека ќе постои моментот во кој точката ќе се најде на средината од преполовеното растојание.Ако можеме така вечно да го делиме просторот на половинки....Заклучокот е неизбежен.Точката никогаш нема да стигне до втората позиција.Но ние можеме да видиме не само дека точката ќе го пропатува одреденото растојание туку и ќе го премине.Како е тоа можно точката да ги препатува тие бесконечно многу половинки??
Можно е затоа што не се бескончно многу.Ги има во конечен број.Просторот ќе се најде во неделива состојба.Во состојба каде што нема да има ништо поситно.Ќе се сведе на нешто единично и основно и повеќе неделиво.Што е тоа незнам!!! Ама мора да го има, инаку движењето низ просторот не би било возможно....никој нема да стигне таму каде што тргнал.Помеѓу две такви единици на просторот ќе има нешто што се нарекува “ништо”.A Патувањето од една таква заокружена целина во друга мора да се одвива инстантно и со скокови ,патот нема да биде непрекинат.Затоа што повторно би навлегле во иститот “зенов парадокс”.Преминот ќе изгледа буквално магично.Во едниот момент е на едно место , а во наредниот скока во соседството без да пропатува.А впрочем , неможе да патува преку ништо,затоа што нема простор меѓу единиците.
Но ајде да ја тестираме оваа теорија.
Соодветен пример имаме во делот од науката кој се занимава со веројатноста.Тоа е дисциплина која се занимава со изучување на крајниот исход на одредени експерименти за кои не сме во можност да ги предвидиме однапред.Повторно да земеме една отсечка.Ако го ограничиме некој интервал од отсечката и сакаме да знаеме која е веројатноста некоја “случајно ” избрана точка ќе се наоѓа во истиот.Тогаш таа ќе се определи така што должината на интервалот ќе ја поделиме со должината на отсечката.Веројатноста ќе има вредност помеѓу нула и еден 0<x<1.
0 ќе значи дека настанот нема да се случи а 1 дека сигурно ќе се случи.
А која ќе биде веројатноста да избереме точно определена точка од истата отсечка??
Тоа ќе се пресмета на тој начин што ќе ја поделиме должината на точката со должината на отсечката.А бидејќи точката има должина “нула” тоа значи и дека веројатноста да ја избереме точката е нула т.е не е возможно да се случи.Но дали е навистина така.Ако на изборот на некоја точка е невозможен, тогаш тоа ќе важи и за сите точки од таа отсечка.А од што е градена истата ако не од точки.
Е сега ќе ја тестираме претходната претпоставка.И нема да замижуваме со тоа што ќе ја разгледуваме како математички проблем* , туку како нешто реално.
Проблемот е многу лесно решлив со тоа што ќе кажеме дека таа точка и не е точка, туку тоа е таа најмала единица на просторот која има цел и неделив број на должина(односно треба да се тргне од неа како референт и да се земе како цел број) .Од тука веројатноста нема да биде нула при нејзиниот избор...колку и да е мала таа, сепак ја има.



Сега после теоретскиов тест на теоријава можам да се опуштам и да кажам дека просторот е дискретен а тоа значи дека мора да постои честичка која исто така е неделива и кончна.


хухх.......

Сега е 5 саатот посабајлечки, у 12 попладне полагам веројатност и статитика. Очигледно не ми бега паѓање на колоквиумот.

уффф времето од секогаш било проблем....


Ајде да го разгледаме и времето .Да претпоставиме дека е во постојан тек.Дека нема прекини (сега си викате" па како инаку....зар може да прекине да тече времето"). Замислете дека цел универзум се "замрзнал" и нема никакво движење.Ако времето продолжи да тече ,тоа значи дека е апсолутно независно од материјата и просторот.Штом е независно тоа значи дека неговото постоење нема да има никаква ама баш никаква смисла.Нас не не интересира нешто со што нема начин да кореспондираме.Тоа за нас не постои .Единсвен начин за спознавање на светот е преку интеракција.Ако нема интеракција, значи не постои.Но сепак го осеќаме времето.Тогаш што е тоа.Времето не е ништо друго освен показател дека материјата се придвижила .Тоа е директно поврзано со движењето.Во моментот на премин на честичките времето не тече.Затоа што така би ја затекнало материјата во состојба на непостоење.Односно во одреден период таа не би постоела затоа што не би се наоѓала никаде во просторот, заглавена меѓу две единици простор односно "никаде".Времето едноставно отчукува како што материјата се движи.Времето и просторот не се непрекинати како што обично си ги замислуваме.
Доколку ти драг читателу го прочита ова и барем малку се потруди да ме разбереш што сум напишал, ќе те замолам да ме известиш за тоа на било кој начин




*математички проблем....математиката е јазикот на природата.Односно нејзин модел,што јасно укажува дека математичките правила се изведуваат како заклучоци од набљудувањето и сознавањето на сето она што не опкружува.Во некои делови од математиката потребни се изменувања на правилата......професорката предава предава и вели дека решението за веројатноста да се погоди точно избрана точка е нула и од никаде вади заклучок дека е скоро нула, таа се чеша за глава ....јас за брада...си викам жено не си у право, ама ако ти го кажам тоа. никогаш нема да положам
 
А

Антоние

Гостин
Претежно владее мислењето дека не постои минато, не постои иднина, туку само сегашно време. Држи ова секако, но некако ми се наметна едно мислење дека ете не постои токму сегашноста. Кој сака може да ми контрира, се разбира дека ова што го мислам јас не значи дека е точно, ова е само мое мислење, заебана филозофија. Нели, секој човек си има своја филозофија, ова не е наука.
Постои само минато и недогледна иднина. И тоа што чекаме да се случи после еден час, па и неколку минути, може да ни изгледа долго за чекање, а не пак повеќе денови, месеци, векови, па сепак ќе дојде и веднаш ќе стане минато. Е, тука лежи зајакот на она што сакав да го кажам. Што е сегашност? Само еден мал миг кој веднаш се губи во неповрат. И она што го нарекуваме СЕГА, пак е создадено од минато и иднина. Не можеш да запреш ни еден миг и да го наречеш СЕГА. Секој миг бега застрашувачки брзо.

Сегашноста не може да се претскаже во секунди и минути ;
Сегашниот момент е безвременски.
Минатото и иднината од друга страна се творба на егото (зборам за оние сеќавања и претскажувања со кои го поттиснуваш сегашниот момент).
За да живееш во сегашноста и да достигнеш повисоко ниво на свест, треба да ги отфрлиш егото и сите негови проекции врз минатото и иднината и да почнеш да живееш во моментот.
Се разбира, јас не викам целосно да ги отфрлиш минатото и иднината, минатото ти служи да научиш од него и да не ги повторуваш грешките што си ги направил, а иднината ти служи да си поставиш цели во животот и да напредуваш.
Меѓутоа не е неопходно овие спомени и предвидувања да ги доживуваш одново и одново без никаква цел <n>% од времето (времето во кое правиш таканаречен daydreaming).
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Сегашноста не може да се претскаже во секунди и минути ;
Сегашниот момент е безвременски.
Минатото и иднината од друга страна се творба на егото (зборам за оние сеќавања и претскажувања со кои го поттиснуваш сегашниот момент).
За да живееш во сегашноста и да достигнеш повисоко ниво на свест, треба да ги отфрлиш егото и сите негови проекции врз минатото и иднината и да почнеш да живееш во моментот.
Се разбира, јас не викам целосно да ги отфрлиш минатото и иднината, минатото ти служи да научиш од него и да не ги повторуваш грешките што си ги направил, а иднината ти служи да си поставиш цели во животот и да напредуваш.
Меѓутоа не е неопходно овие спомени и предвидувања да ги доживуваш одново и одново без никаква цел <n>% од времето (времето во кое правиш таканаречен daydreaming).
Фантастичен пост, ТониЏек. Не знам што би додал, освен тоа дека тоа тешко може рационално да се сфати и примени на дело. Потребно е со срце... со љубов. :) И ништо, ама баш ништо друго не е поважно од тоа.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
[zEUs];2534995 напиша:
,,Иднината не постои. Неа ние самите ја создаваме.,,
Huh?

Чим ја создаваш, значи постои. Многу ти е неточно составено ова.

Како ја создаваш ти иднината? Уствари, што е иднината?

Ако земеш дека иднината е нешто што не си го завршил во моментов, а си го оставил за понатаму? Тоа не е создавање на иднината, тоа е одредување. Значи ти можеш да ја одредиш единствено твојата активност која што си ја одложил од сегашноста, и тоа е единствено одредување активност, но не и иднината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom