Времето и расположението

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
ммм па скоро секогаш времето делувало на моето расположение...кога е сончево ептен сум хепи и све ми е најнај а кога е дождливо или облачно...ух или депресиија некоја ме фака или пак нервозата...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас сум обратно родена изгледа ... дури и мама еднаш ме праша на кого сум испаднала!:pos2:
Обожавам дожд, тмурно време, снег и се` што општо никој не сака.:nemoguce:
Незнам зошто, не сум депресивец, ама уживам во такво време. Кога ми се случува некогаш да морам да останам будна за да завршам некоја работа рано сабајле, без гајле терам ако е лошо времето ... ако има сонце, депресии, нервози и дремки ме фаќаат ... е ај де ...:podsmev:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Некогаш влијае,некогаш не.Сакам дожд,но мразам суво студено време,и претерано сончево и жешко,бидејќи тогаш сум неподнослива.
Во превод,најдобро сум расположена кога има малку сонце,свежо време колку да го почувствуваш тој симпатичен студ,есен мое време.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Нормално дека делува времето на расположението на сите. Јас највеќе сакам зима и есен поточно најрасположен сум тогаш.
 

BoYd

женско сум
Член од
1 февруари 2007
Мислења
707
Поени од реакции
4
Ми делува времето и тоа премногу.Кога врне не ми се прави ништо,еднакво е на ПМС.Кога има сонце не можам да замислам да седам дома и така...Ама има и исклучоци,некогаш едвај чекам да заврне за да си отворам прозор,да си седнам на компјутер,да си слушам музиче.Али исклучоци како 5-10 пати во годината.
 

Gebels

Ела да те бац’м!
Член од
15 март 2007
Мислења
681
Поени од реакции
4
Најчесто ми влијае. Кога е вакво мрење надвор (уф, колку мрзам дожд и слични каканици од време) ми се спие поише, потивок сум и слично. Али све мислам дека најчесто ова со времево е некаква автосугестија... Демек еј врне, по дифолт ќе бидам тапа... Али ако нејќеш, не мора така да ти биде. Ај сеа сите praise me ради горенаведеното... :aplauz: :cuc: :)
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
мене ми делува на расположење,коа врне сум тапа ептен,не сакам есен и зима ама ич,ништо не ми се прави само на спиење ме тера :)
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Ретко ми влијае, евентуално ако врне може само повеќе на спиење да ме носи.
 

Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Делува.... повеќе отколку шо би сакала али таа е! Фаќа зимо и ме фаќа депресија, иде пролет - живнуам, летно време речиси и забораам шо значи да бидеш нерасположена :) Ебан метеоропат гррр!
 
V

Viktoranius

Гостин
Незнам зошто ама кога врне расположението ми е многу по добро за разлика кога има сонце...
Не е во сите случаеви вака ама во повеќето да.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Јас сум обратно родена изгледа ... дури и мама еднаш ме праша на кого сум испаднала!:pos2:
Обожавам дожд, тмурно време, снег и се` што општо никој не сака.:nemoguce:
Незнам зошто, не сум депресивец, ама уживам во такво време. Кога ми се случува некогаш да морам да останам будна за да завршам некоја работа рано сабајле, без гајле терам ако е лошо времето ... ако има сонце, депресии, нервози и дремки ме фаќаат ... е ај де ...:podsmev:
Исто! :cuc:

Облачно и тмурно време, и мене толку ми треба за расположение. Едноставно, се` правам подобро кога врне. Ама буквално се`. Може само да се наоблачи и мене веќе ми доаѓаат идеи за исполнување на времето, а додека било сончево не сум знаела што со себе.

Сакам и да излегувам додека врне и нема жив човек по улицине, а сакам и да висам на прозор и да борјам капки или слично. Со саати можам да дремам така и нема да ми се здосади. Или ќе си слушам музика, или ќе си гледам филм, или ќе си пијам нешто... Се` можам кога врне. Па и обврски да имам, побрзо и полесно ги завршувам.
Обожавам есен/зима, дожд/снег... Просто обожавам! :je:

Вчера пример беше сончево, а јас мрчев цел божји ден. :pos:
 

dusicka

UBAVA KAKO CVET
Член од
5 март 2006
Мислења
301
Поени од реакции
0
i jas nopak koga e oblacno i posebno koga vrne obozavam sum raspolozena si se setkam so cadorce a koga ima sonce mene ne mi se izleguva neraspozlozena sum i na sabajle koga ke vidam sonce ne mi se stanuva
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Воопшто не ми влијае времето на расположението. Речиси секогаш сум расположен, без разлика дали надвор врне или има сонце. Некако најубо ми е ко ке врни снег. Можам со часови да седам на прозор и да гледам...
 

Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
nekogas deluva vrz mene nekogas ne..zavisi od periodot..sepak koga i da sum down slusam muzika kakva sto sakam i me kreva...i mn vazni se lugeto okolu tebe...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom