Како прво, се сложувам со Мистичен и неговиот став околу тоа дека требало да се напомене дека конкурсот е за албанци.
Од друга страна пак се сложувам дека како и да било напишано пак ќе имало протест од простиот народ. Врти сучи, тоа е.
Факт е дека администрацијата каква таква, со години наназад се полнела преку партиски условно кажано војничиња или тетини миленичиња. Самиот се имам пријавено во еден таков конкурс во кој што имаше и тестирање по информатика, каде што извадив 100 поени од 100 можни. Бев одбиен со образложение дека документите не ми биле комплетирани, иако самите ми ги земаа и ми ги архивираа со се тестот.
Дојде денот кога со потпишувањето на Рамковниот Договор власта и целата администрација треба да вработи одреден број албанци па им се сруши системот на вработувања на партиски луѓе, дека наместо едните, треба другите да се вработат.
Верувам и дека 1000 кандидати да беа сите македонци, пак тие што би биле примени, немаше да бидат примени како најуспешни, туку тие со највеќе врски. Така да тоа дека некој е навреден (според текстот во Он.Нет) дека најуспешни биле албанците и со тоа се омаловажува интелектот на македонците, е проста глупост. Најуспешни се тие со врски во нашава држава.