- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.254
ГАРДИЈАН" ОБЈАВУВА ДЕЛОВИ ОД ДНЕВНИКОТ НА АЛИСТЕР КЕМБЕЛ
17 јануари 2011
Во 1999 година Србија сакале да ја разорат со нов вид бомба
За разлика од Блер Клинтон бил колеблив кога Србија требало да се нападне со копнени сили. За време на НАТО бомбардирањата Весли Кларк го мачела дилемата дали на Србија да фрли дотогаш непознат тип бомба која може да уништи четири фудбалски игралишта, со или без најава, запишал во својот дневник Алистер Кембел, поранешен советник за медиуми на Тони Блер, што го објавува "Гардијан", а го пренесува белградскиот весник "Политика".
Првиот дел од дневникот под наслов Блеровите години" Кембел го објави во 2007 година. Британски Гардијан" вчера објави делови од втората книга на Кембеловите дневници, кои во продажба ќе се најдат на 20 јануари, а во кои стратегот на медиумската војна против Србија, советникот на тогашнот британски премиер, ја објаснува заднината на цела низа настани кои го следеа НАТО бомбардирањето во 1999 година.
(НАТО покрена кампања за бомбардирање на Србија. Бавното темпо на бомбардирањето и истовременото тежнеење на НАТО да упати јасна порака предизвикаа нервоза во Даунинг стрит". Среде растечкото непријатно расположение во Велика Британија Кембел е подготвен да му помогне на медиумскиот тим на НАТО.)
Петок, 2 април 1999 г. - Се уште бев многу изморен и од исцрпеност почнав да чувствувам трнци во нозете. Ја губевме пропагандната војна против Србите. Тони Блер се јави порано и побара работите многу да се забрзаат.
Блер разговарше со Бил Клинтон за претераната внимателност на воените стратези. Исто така, зборуваше и со Маргарет Тачер минатата ноќ и таа беше запрепастена од фактот дека воените команданти и амбасадорите на државите-членки на НАТО (цивили) меѓусебно расправале за метите. Сакаше да упати порака дека ги засилуваме нападите. Му реков дека тоа веќе го направивме.
Среда 7 април- Имавме нешто успех со стратегијата за десницата, Чарлс Пауел и Дејвид Харт (поранешен советник на Тачер), прифатија, но десничарски определените весници и коментатори толку не мразеа, што решија да дадат се од себе се да пропадне. Да беше ова војна која ја водат ториевци, тие би ги поддржале на секој чекор.
Четврток, 8 април - Никако не успевав да се исклучам и почнав да смислувам промени за кои сметав дека ни се потребни во врска со меѓусебните комуникации. Многу работи сега се вртеа околу комуникациите. Воено, НАТО е повеќекратно помоќен од Белград. Но, Милошевиќ имаше целосна контрола над своите медиуми и наште медиуми беа чувствителни на тоа што тие го објавуваа. Можевме да ја изгубиме битката за јавното мислење и доколку го спуштиме гардот во некои од државиите на НАТО, ќе имаме проблем ова да го продолжиме.
Петок, 16 април -
Му реков на (генералниот секретар на НАТО Хавиер) Солана дека ако сака, јас повторно да истапам, треба само да ми каже. Одговори дека му се допадна начинот на кој ги припитомивме медиумите.
Главниот командант на силите на НАТО, американскиот генерал Весли Кларк, ми дозволи да зборувам друго. Рече: Значи, ми се допаѓа доста од она што го рековте и, да не кружам, мораме нешто да преземеме, бидејќи сме на работ на пропаста". Беше прилично вознемирувачки да се чуе како тоа отворено го изговара, као што беше вознемирувачки кога ме фати под рака и на заминување ми рече: Среќно, Алистер, сите ние сметаме на вас". Одговорив: Зарем не требаше тоа ја да ви го кажам вам?"
Беше малку застрашувачки што на врвот на воената кампања седев со генералите и им кажував како да ја водат, барем кога станува збор за нејзнината медиумска страна, и се жалев дека во медиумската кампања им недостига дисциплина која се очекува од војска. Му објаснив дека не сум залуденик со слободата на медиумите и навистина чувствував дека понекогаш премногу издаваме. Му реков дека не би го прикажал нападот на возот. Од тоа немавме никаква корист. Доколку водите војна, морате да војувате на сите нивоа.
(Како што одминуваше воената кампања, Блер беше се поодлучен дека НАТО треба да се подготви за распоредување на копнени сили - што предизвика бес во некои кругови во Вашингтон. Посетата на Вашингтон во чест на 50-годишнината на НАТО Блер ја искористи да се заложи за копнени сили.)
Среда, 21 април, Бела куќа - Тони Блер рече дека би морале кај Милошевиќ да предизвикаме поголема неизвесност за употребата на копнени сили. Бил (Клинтон) рече дека не е за тоа, како и Сенди (Бергер, советник за национална безбедност). Тој рече дека би било неодговорно да не почнеме да правиме некои планови, но на начин кој не би довел до поделби меѓу сојузниците.
Четврток, 22 април - Тони Блер рече дека доколку Бил не е сигурен, ќе отиде да го убеди, бидејќи вакво нешто не може да се изведе без САД. На колкав ризик ги излагаме нашите односи? Џонатан (Пауел) го потсети на времето кога Тачер му рече на Буш дека не е време за колебање (дискутираа за ирачката инвазија на Кувајт во август 1990 година).
Разликата е, укажа Тони Блер, во тоа што таа била премиер долго, а тој е само две години. Но, рече дека сака повторно да се состане со Бил Клинтон и нагласи дека нема да можеме да се извелчеме туку така. Силно чувствуваше дека во историјата постои слободно место за Бил Клинтон што би го оддувало целото ѓубре за неговиот приватен живот. Непрестано повторуваше дека тоа е морално прашање. Беше исплашен и, иако на себе имаше само гаќи и чорапи, беше тешко да не го сфатиш сериозно, иако цело време го охрабрував да се облече.
Тони Блер делуваше се позагрижен, бидејќи сме замолени да ја помогнеме опрацијата која би можела да заврши со лош договор. Доколку би се случило такво нешто, никогаш повеќе не би можеле да испратиме наши сили во некоја операција од тој вид.
Недела, 25 април - Германскиот канцелар Герхард Шредер ме праша како тече нашата кампања за дезинформирање. Му реков дека би течела многу подобро кога би се вклучиле уште неколку Германци. Тони Блер го однесе Бил Клинтон во одвоена просторија, каде што повторно го притискаше за копнените сили, велејќи дека ни е потребно вистинско решение и дека тоа може да се случи само доколку САД јасно кажат дека ќе бидат подготвени некогаш кога за такво нешто ќе дојде време. Подоцна рече дека Бил бил многу колеблив.
Исто така, ми рече дека би требало да го преземам раководењето со целата медиумска операција.
Втроник, 27 април - Патување со автомобил и ручек во замокот близу Брисел, кој го користеше Весли Кларк. Тој ми рече дека постои бомба која сакаат да ја употребат и која може да уништи простор со големина на четири фудбалски игралишта, а дури тогаш да се активираат гранати, па штетата дополнително се проширува. Ми рече дека Србите не знаат дека је имаме. Прашање е единствено дали да ги предупредиме или едноставно да ја употребиме?
Тешко прашање. Реков, доколку сепак ја употребите, јавете ни порано за да можеме дотогаш да смислиме соодветно објаснување.
Четврток, 29 април, Даунинг стрит - Му укажав (на Тони Блер) дека повеќето од останатите го дели мислењето на Бил Клинтон за копнените сили - Шредер, Ширак, Елцин. Но, Блер рече оти воените стручњаци тврдат дека без тоа не можеме да победиме, напишал Кембел, а пренесува Гардијан".
--------------------------------------
Кој е Алистер Кембел?
Алистер Џон Кембел на почетокоот на осумдесеттите почна новинарска кариера како пишувач на порнографски приказни, некое време се лечел од алкохолизам и депресија, па почнал да гради кариера во ,,Дејли мирор" и други британски весници, прошетувајќи и низ спортското новинарство.
Воспоставил блиски врски со Лабуристичката партија, а кога на нејзино чело во 1994 г. дојде Тони Блер, тој го именува Кембел за свој портпарол. Бидејќи лабуристите победија на изборите во 1997година, Блер го постави својот доверлив човек на должност директор за комуникации и стратегија.
Кога Блер го заврши премиерскиот мандат, неговиот верен соработник се посвети на работа во медиумите и на пишување книги, со несомнен успех, бидејќи цела деценија се наоѓаше во самото средиште на Блеровата и на лабуристичката политика, но и на политиката на НАТО и Европската унија, вклучувајќи ја и агресијата на НАТО на Србија, како и војната на Алијансата во Ирак и Авганистан.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=EFA8BF7D3612274980D2748EE8784EC8