Во што готвите? Избор на кујнски прибор (тави, тенџериња, ножеви и тн.)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.547
Поени од реакции
33.692

Jaс оваа се спремам да ја додадам во de Buyer колекцијата.
Ја има во Хубо, накај 4 илјади кошта. Наводно de Buyer имало и во некоја продавница на пластичарската улица, треба и таму да се проверат цените.

Ова е вок од карбонски челик, многу тежок и квалитетен. Си бара специјална нега, и не се мие со детергенти. Нема сега да објаснувам за тоа, има понешто на темата што ја отворив пред некоја година, за тави и кујнски прибор од железо.
Исто како што не е овде место да пишуваме за штетноста на тави (и вокови) со површина од тефлон, и разните други хемикалии кои ни ги рекламираат како „керамика“. Но кој сака здрав прибор, изборот не е голем: железо и челик.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209

продавницата се вика Арт Глас на пластичарска, тавите се околу 4500-4900 но вредат за сите пари, но внимавајте многу се тешки, ако ја изнервирате домаќинката може да ве отепа на место. Бараат специјално одржување, но ако правилно се употребува може да ја употребуваат и вашите правнуци.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Тоа е и единствената причина што не ги користам. Доволно често готвам, да не зборувам само на дневна база, и едноставно премачни ми се за употреба. После првата тава, таму застанав.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Pozdrav do site, planiram da zemam WOK tava, gledav po marketive (vero ,ramstor carefur) ima po nesto i cenive se ok po okolu 1500-2000 den samo nz dali se kvalitetni. Dali nekoj sto ima pogolemo iskustvo moze da mi preporaca kade da zemam kvaliteten WOK za okolu 100 eu?
Имаш локал во кој што постојано се пржи храна ?
Ова е вок од карбонски челик, многу тежок и квалитетен.
:pos:
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176

Jaс оваа се спремам да ја додадам во de Buyer колекцијата.
Ја има во Хубо, накај 4 илјади кошта. Наводно de Buyer имало и во некоја продавница на пластичарската улица, треба и таму да се проверат цените.

Ова е вок од карбонски челик, многу тежок и квалитетен. Си бара специјална нега, и не се мие со детергенти. Нема сега да објаснувам за тоа, има понешто на темата што ја отворив пред некоја година, за тави и кујнски прибор од железо.
Исто како што не е овде место да пишуваме за штетноста на тави (и вокови) со површина од тефлон, и разните други хемикалии кои ни ги рекламираат како „керамика“. Но кој сака здрав прибор, изборот не е голем: железо и челик.
па ова не е вок тава )))) ова се професионални тави кој најдобри перформанси даваат ако се користени на плински уреди т.е отворен оган
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
па ова не е вок тава )))) ова се професионални тави кој најдобри перформанси даваат ако се користени на плински уреди т.е отворен оган
Ти не се разбираш, ова е вок тава од карбонски челик.:icon_lol:
Јас не знам зошто некој би земал дебели тави вок мок за по дома,нема логика.
Не се практични за домашна употреба освен ако не се работи за 10 члено семејство.
 
Ако готвиш на плин или на конвенционален шпорет се многу практични, скоро неуништливи, без рок на траење. Единствено по употреба треба да се пребришат и премачкаат со масло
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.547
Поени од реакции
33.692
па ова не е вок тава )))) ова се професионални тави кој најдобри перформанси даваат ако се користени на плински уреди т.е отворен оган
Хммм... во право си.
http://www.debuyer.com/en/products/carbone-plus-wok
Барав подобра фотографија од таа на сајтот, и изгледа сум ја заташкал работата. Не дека кога ќе го наполниш со мастраф и вокот нема да изгледа така како тавата од погоре... ;)

Од тавите имам две, во две димензии. Одлични тави, и се разбира - не се за слабаци. :D

Еве други фотографии, да одат во друштво со извинувањето за згрешената фотографија:

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
@Vanlok ама готвењето дома е уживање. Со ваква вок тава, треба да се бориш за да може да пржиш без мешање. За да ја навалиш и кренеш за да промешаш состојките, на третиот пат веќе ќе бидеш фокусиран само уште колку ќе е готово за да престане мачењето. :))

Претешки се и тоа е факт. Збориме за вок и нејзината употреба. Со обична тава за пржење е сосема подруга приказна и тежината не е толкав проблем, иако е сепак мачно.[DOUBLEPOST=1454710769][/DOUBLEPOST]Ги средив темите за да се на едно место сите мислења.
 
д

ве муви со еден удер, ем ручек ам витка линија
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.547
Поени од реакции
33.692
Ај вака, кога (наскоро) ќе ја купам вок тавата - ќе ја пробам, па потоа ќе разговараме. :)

Што се мене тиче тешко или лесно, јас тефлон/алуминиум не сакам да употребувам ни под разно. Кој сака, нека повели - само нека подпрочита малку за последиците по здравјето (кои не ги кажуваат во рекламите).
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ај вака, кога (наскоро) ќе ја купам вок тавата - ќе ја пробам, па потоа ќе разговараме. :)

Што се мене тиче тешко или лесно, јас тефлон/алуминиум не сакам да употребувам ни под разно. Кој сака, нека повели - само нека подпрочита малку за последиците по здравјето (кои не ги кажуваат во рекламите).

Користиш исклучуво органска храна? :) За мене тоа е многу побитно одошто челикот.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.547
Поени од реакции
33.692
Ај сеа не ме лови на финти - поентата е дека се трудам! ;)
(да можев храната да ја решам како тавите, со еден малку поскап потез, ич немаше да се мислам)
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Ти не се разбираш, ова е вок тава од карбонски челик.:icon_lol:
Јас не знам зошто некој би земал дебели тави вок мок за по дома,нема логика.
Не се практични за домашна употреба освен ако не се работи за 10 члено семејство.
Друже јас сум шеф-на кујна во еден хотел од најдобрите хотелски брендови! Тоа што тавата е голема не значи дека само големи количини на храна треба да се готват во нејзе.Можеш и едно јајце да пржиш во нејзе.Таа тава е преназначена за stirr and fry готвење! e55bde5636b65022333b05249ddcb06c.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom