Во што веруваат атеистите?

С

Само Човек

Гостин
не би рекол.. кој е будала да остави некој да го сечи. Ќе даваат бе луѓето отпор... ќе се бунат... ти би остаил некој да те сечи?! Јас лично ќе пукам во секој кој се обиде да ме исечи или убие.

А шо Исус има против некого кој не сака тој да му царувва?
Толку ли е суетен?
--- надополнето: 16 април 2012 во 16:25 ---


модерен верник. Апгрејдиран!

“Јас сум вегетаријанец али јадам плескавици“
druze eden meteor da trgne kon zemjata sega so so ke go pukas, ja mislev Brus Vilis e za taa problematika ama i ti si imal udel
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ќе се обидам, за твој атер.
Нема врска малце се зезаме тро појќе сме озбилни
Денес се изгуби поимот верник кој што го имал пред 100... 300.... 500 години.
Христијани (на времето) каменувале жена филозоф неоплатонист убедени дека убиваат нешто безбожно, но денес е доволно в црква да појдеш за велигден и божиќ и дома да имаш икона во салон и крст на привезок на клучеви за кола, така да слабо да се има верник како што бил Исус или брат му Јаков (на кој колената му биле отврдени како кожа од камила од постојано клечење и молење во храмот) Сега се трча за бизниси, некоја зделка ваму таму... се нема време за библии така да 100 денарка оставена на икона и визита за името се доволни за влез во царство небесно. Ретко кој од верници знае и да ја најде Јудеја на карта или каже нешто од библијата (освен општопознати прикаски за адам и ева или ное) така да воглавном се досадувам со детски наивни препукувања со верници кои не си ја знат верата и нејзината историја и оние кои умот свој му годале на владение на друг.

Изгорев за добро подготвен верник за една дискусија.
--- надополнето: 16 април 2012 во 17:06 ---
druze eden meteor da trgne kon zemjata sega so so ke go pukas, ja mislev Brus Vilis e za taa problematika ama i ti si imal udel
има луѓе (си имам список во едно тефтерче) кои ќе ги посетам добро вооружен ако тргне некој метеор на земјата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Пума...јас сепак мислам дека нема потреба од вакви муабети. Реално, ти не го познаваш Петар и не можеш да знаеш зошто верува, дали има поим во што верува и дали е блиску или далеку од вистински верник. Не можеш да го сместиш во ист кош со некоја полуписмена баба што остава чорапи во црква за здравје и верува во еден куп религиозни суеверија, само затоа што така ја научиле на времето.
Со вакви етикети и генерализации стануваш иста како и оние верници кои ги сметаат атеистите за неморални и нечовечни само затоа што не веруваат во Бог.

Не сакам да заземам страна, ама сериозно мислам дека премногу го напнавте човекот. Ѕирнете му ги постовите - никаде не ја наметнуваше својата верзија на вистината како апсолутна и универзална, никаде не ги сместуваше атеистите во пеколот или на клада, никаде не трубеше дека моралот е привилегија само на верниците.
Јас мислам дека да беа сите верници толку либерални и толерантни, никој немаше да има проблем со религијата.

Проблем се оние другите верници - радикалните и
милитантните, кои тврдо инсистираат на својата вистина и кои се спремни да премлатат, па дури и да разнесат некој, само затоа што има поинакви ставови во однос на религијата. Критиките треба да се насочат кон нив, впрочем мислам дека и воглавно се насочени кон нив, барем од повеќето атеисти. Затоа, Петар, мислам дека ти воопшто и не треба да се пронаоѓаш во таквите критики.
Мачорка, токму зошто подолго време го читам Петар, му одговорив така, без трошка обид да го навредам. Затоа што е далеку од просечните верници, кои како овци по овчарот одат. Затоа што знам дека не остава чорапи во црква.
Затоа и го напишав тој пост. Немам ништо против верниците како него - имам против оние вторите.
--- надополнето: 16 април 2012 во 17:53 ---
Значи ти ја знаеш едната и конечна вистина? Па дај, просветли не да не се заебааме. И акни и` еден копирајт, да се знае дека нема друга вистина освена таа, твојата.

Ми се свиѓа муабетов. За интелектуална борба, треба интелект. Сигурен си дека го имаш за дискусијава?

Јас не ја застапувам верничката теорија -- нема таква теорија, освен можеби во твојот свет.
--- надополнето: 16 април 2012 во 14:49 ---


Мацо, се знаеме. Немоеш никаков мој став да понижиш - моеш само да негираш. И тоа е во ред.

Болд бр 1 и 2: вриштат од контрадикција. И црвенко им стаив да не ги утнеш. :) А сеа озбилно. Мој став е дека никој не треба да се тера со сила на ништо. Никогаш.

Муабетите за Господ не ги праам на форум. Долги се и не се едноставни.

Агресивното наметнување на било што, како што веќе посочив, е сосема во спротивност на се` во кое што верувам и за кое се залагам.

Со татко ти ќе си ги решиш проблемите. Со мене немаш никакви.
Со никого немам никакви проблеми.
Ама се додека некој верува дека икони светат, остава зејтини во црква, и прави обреди за кои поим нема што значат, јас ќе морам да го сметам за интелектуално на пониско ниво од мене.
Родителите не ми спаѓаат во оваа група, сепак, не се замараат доволно да променат нешто или да испитаат подобро :)
--- надополнето: 16 април 2012 во 18:04 ---
Мацо, се знаеме. Немоеш никаков мој став да понижиш - моеш само да негираш. И тоа е во ред.

Болд бр 1 и 2: вриштат од контрадикција. И црвенко им стаив да не ги утнеш. :) А сеа озбилно. Мој став е дека никој не треба да се тера со сила на ништо. Никогаш.

.
Инаку, болдот најверојатно ненамерно си го извадил од контекст, нели?
Јас не наметнувам мои антирелигиозни погледи, иако добро знаеш, јас да се прашувам, со закон ќе забранам религии. Но сум доста толерантна, ете за Велигден им правев друштво на другарите дремев пред црква, а колку јајца испокршив ни јас не знам :)

Но моја работа во животот е да ги научам луѓето да бидат среќни. А човек може да биде среќен само ако неговото ЕГО и неговото СУПЕР ЕГО имаат барем слични желби и потреби...
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Го бранам своето право да бидам религиозен без никому да наметнувам ништо. Правото на практикување на религија. Правото на постоење. Малку сум подолго на форумот и сум одговорил на некои од твоите прашања и нема потреба да се повторувам. Секуларизмот и едукацијата не се твоја/ваша приватна своина. Активно учествувам и се залагам за хуманистички секуларизам кој толерира религија. Инаку, како паралогичар, директно сум учествувал и претпоставувам, за твоја огромна жал, се`уште учествувам во едукацијата на генерации студенти.
Фундаменталноста на човековите права се разбира е неоспорна. Сепак, треба да се осврнеме на тоа дали, колку и како одредени учења, секако религиозни, делуваат врз напредокот во траекторијата по која сакаме да се движиме.
Во општество со експоненцијален научен напредок, одредени религиозни методи се навистина застарени и како такви можат да доведат до забавен тек на развој или полошо, стагнација(иако во денешно време, шансите за ова се минимални), првенствено спречувајќи аквизиција на кадрова моќ.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Нема врска малце се зезаме тро појќе сме озбилни
Денес се изгуби поимот верник кој што го имал пред 100... 300.... 500 години.
Христијани (на времето) каменувале жена филозоф неоплатонист убедени дека убиваат нешто безбожно, но денес е доволно в црква да појдеш за велигден и божиќ и дома да имаш икона во салон и крст на привезок на клучеви за кола, така да слабо да се има верник како што бил Исус или брат му Јаков (на кој колената му биле отврдени како кожа од камила од постојано клечење и молење во храмот) Сега се трча за бизниси, некоја зделка ваму таму... се нема време за библии така да 100 денарка оставена на икона и визита за името се доволни за влез во царство небесно. Ретко кој од верници знае и да ја најде Јудеја на карта или каже нешто од библијата (освен општопознати прикаски за адам и ева или ное) така да воглавном се досадувам со детски наивни препукувања со верници кои не си ја знат верата и нејзината историја и оние кои умот свој му годале на владение на друг.

Изгорев за добро подготвен верник за една дискусија.
--- надополнето: 16 април 2012 во 17:06 ---

има луѓе (си имам список во едно тефтерче) кои ќе ги посетам добро вооружен ако тргне некој метеор на земјата.
http://blogs.reuters.com/faithworld/2010/09/28/atheists-jews-mormons-top-u-s-religious-knowledge-poll-christians-trail/
Јако Американските Атеисти најдобро информирани за религијата. Последни се Католиците.
On average, Americans correctly answer 16 of the 32 religious knowledge questions on the survey. Atheists and agnostics average 20.9 … Jews and Mormons do about as well, averaging 20.5 and 20.3 correct answers,” Pew said. It found Protestants answered 16 correctly and Catholics on average 14.7.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Колку си толерантен и дали плукаш ти и твоите пајташи, нека оценат другите. Беспредметно е да се натегаме -- тоа е веќе убедување.

Секако, операциите кои ги приложи како пример неминовно водат кон истиот заклучок. Но, не е се` калкулус или научен проект. Има многу прашања кои се надвор од интересот на науката. За некој кој се к`лне во наука, ова треба да ти е јасно. Следствено, науката тука не нуди одговори бидејќи не ги ни разгледува тие прашања. Религиите го прават тоа и нудат одговори. Тебе далечни и неразбирливи.

Религијата нуди работи кои ти не ги познаваш ниту разбираш затоа што немаш жив опит во неа. И тоа е нормално. Но не можеш да тврдиш дека, на пример, суши е гадна храна а никогаш да не си ја вкусил.

Атеизмот е негација на постоење Бог. Другово ти е тешко бладање. Провери си.

Твојот однос и интерпретација на религиите папагалски се повторува од многу милитантни атеисти. Дали ќе се обистини, ќе видиме.
Добро, не гледам напредок во дискусијава, викаш дека секој има право на свое верување и истото да го искажи слободно (што и се согласувам), но не можам да сфатам зошто контрираш кога тоа преминува во пропаганда, што ќе се согласиш е случај овде на форумов.

Дај еден пример каде религијата нуди подобри одговори од општо прифатените морални вредности (знаења) во едно современо секуларно општество. Или дај еден пример, воопшто, каде религијата дава добар одговор.

Ти можеби ќе си заминеш кога некој ќе почне да те убедува во неговата религија, но друг нема да замини. И што ако продолжи тоа да се шири? Твојата реакција?
Па сигурно не сакаш да редиме примери што се случува каде религијата ја превзема целокупната власт во една држава. Како најдобар пример за тоа мислам дека е Авганистан.
--- надополнето: 16 април 2012 во 18:46 ---
Не се согласувам дека треба да има нетолеранција од Атеистите. Бидејки у тој случај ние би станале баш тоа против што се бориме саму уште една религија. Треба да се остават луѓето да веруваат во тоа што сакаат без ралика дали тоа е точно или не. А бидејки времето работи за нас у случајот ни треба само трпение.
И ако некој теист сака да го шири неговото верување како точно треба да му се дозволи тоа да го прави бидејки на тој начин самиот себе си ја одредува изолацијата. Тој може да каже вака или онака но кога слушателот ке се врати дома ке уклучи ТВ или ПЦ и ке види вест од типот се открило ова или она во универзумот претходните тврдења на теистот почнуваат да се приспитуваат и се зимаат за неточни.
Ова го викам бидејки само земи колку атеисти имало пред индустриската револуција а колку денес.
Не за нетолеранција кон религиите, туку нетолеранција кон лагите што ги шират.
Нека прават што сакаат, се додека не почнат нас да ни кажуваат како нивната религија е најдобра.
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
значи да разјасниме , гледам премногу се генерализира , има разлика од атеисти до атеисти и од верници до верници. Први кои почнале да ја шират пропагандата се теистите преку црквата , инквизацијата и неколкуте илјадници подгрупи ( секти ) кои произлегуваат од христијанството ( а мислев дека една е божјата приказна ) и тоа е факт кој не смееме да го негираме.
Е сега , шо се случува , со тек на време одредена маса на луѓе подзастанува и се запрашува " чекај бе , ова е реално шо ни се случува или се само бабини деветини ". Значи самосвесно , како една општа појава во сфаќањата на луѓето се појавува едно друго гледиште на работите наречено атеистичко.
Црквата како институција ( па и другиве религии ) гледаат дека нивната моќ за контрола на народната маса слабее и ја менуваат тактиката во зависност од промените само да не го загубат чекорот.
Порано постоеше остра граница меѓу христијаните и сите останати религии , а денес се пробиваат оние религиски институции кои ги штитат правата на избор на сите луѓе и култури во име на демократијата и сите нејзини обележја ( дека токму тој систем е актуелен во моментов ) . Значи многу работи кои ги негирала црквата порано, денес ги прифаќа се со цел да не ја загуби довербата кај луѓето. ( можам и милион примери да најдам , а и вие сте свесни за тој факт )

Нешто што уште повеќе ме нервира како шо рече и некој пред мене , е тоа што црквата се користи со некои научни истражува ( за кои за волја на вистината пред тоа поима немала ) и истите ги поврзува со работи кои немаат ни најмала сличност. Пример жирафата и леопардот се исти дека имаат точки на крзното.

Како и да е , религијата ќе постои како оправдување се додека има неразјаснети митови и аномалии за кои човекот уште не нашол одговор и ќе ги користи бенифициите од таа функција. Да не се лажеме , се додека постојат овие загатки верници секогаш ќе има. Едноставно на некои им е полесно да се надеваат на нешто отколку на ништо. Нивно право.


згадено ми е од луѓе кои имаат по 2-3 профила за да покажат како атеисти има многу.Болни сте бе луѓе умноболни. Па коа ќее видам дека датираат од пред месец дена и имаат малку мислења се е јасно:vozbud:ебати дечиштата. Админи каде сте бее
од толку членови на форумов.. ти ли .. ? ах
се осеќаш ветеран а :D , штета шо не си дел и од други форуми каде имам по 1500 мислења , ама ти си последен на кој морам да давам објаснувања од ваков тип.
Башка , од тоа шо досега го прочитав од тебе , слободно можам да речам дека си ептен штедлив на зборови и човек треба со клешти да ти ги вади. Дали е тоа некоја спам стратегија или шо не навлегувам.
 
Член од
27 март 2011
Мислења
362
Поени од реакции
163
За кој Бог ли мислел....
posle praznicive go svativ znacenjeto na ucenjata na bog...recisi kako da ne sum veke ateist...bog baral od nas site da bideme kako tatkovci,da bideme blagi i dobri so onie okolu nas za i tie da gi naucime da bidat dobri kako nas zasto ljubovta i dobrinata e sustinata na postoenjeto i prakjanjeto na bozjiot sin na zemjava-da bideme izbaveni od samite sebe-od nasite grevovi!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
posle praznicive go svativ znacenjeto na ucenjata na bog...recisi kako da ne sum veke ateist...bog baral od nas site da bideme kako tatkovci,da bideme blagi i dobri so onie okolu nas za i tie da gi naucime da bidat dobri kako nas zasto ljubovta i dobrinata e sustinata na postoenjeto i prakjanjeto na bozjiot sin na zemjava-da bideme izbaveni od samite sebe-od nasite grevovi!
Нова фора на вернициве?
Глумење лудило од типот, бев атеист како вас, но сега се опаметив, ја спознав божјата вистина и верник сум.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
За кој Бог ли мислел....
Можда мислел на Сигмунд Фројд :icon_lol:
--- надополнето: 16 април 2012 во 20:44 ---
posle praznicive go svativ znacenjeto na ucenjata na bog...recisi kako da ne sum veke ateist...bog baral od nas site da bideme kako tatkovci,da bideme blagi i dobri so onie okolu nas za i tie da gi naucime da bidat dobri kako nas zasto ljubovta i dobrinata e sustinata na postoenjeto i prakjanjeto na bozjiot sin na zemjava-da bideme izbaveni od samite sebe-od nasite grevovi!
Абе да љубовта е суштината али дека татковците се такви ај донт тинк соу, и дека богот од христијанската религија е таков ај донт тинк соу. И кој е тој божји син да не избавува нас од гревови, гревови кои ги создал неговиот татко, тука нешто ми нема логика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom