- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Отпрво мислев дека се зезаш со овој библиски стих, но бидејќи неколку пати го повторуваш, или не се зезаш, или пак сакаш да ги изманипулираш оние кои не го прочитале контекстот.А оние мои неприатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене
Лука 19: 27
ова е само еден од бројните реченици во тоа учење кое директно повикува на убиства на други луѓе базирано на нивната слободна воља да веруваат или не.
Тој цитат е дел од една Христова парабола (илустрација, приказна) која Христос им ја раскажал на Своите ученици. Тоа можеш да го забележиш ако го прочиташ контекстот.
Во конкретниов случај, неколку стиха погоре, илустрацијата започнува со следниве зборови:
"И кога тие го слушаа тоа, им кажа една парабола (илустрација, приказна), зашто беа близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјото Царство ќе се појави веднаш. И рече: „Некој благородник замина во далечна земја..." (Исус во Лука 19:11, Библијата)
Благородникот кој наредил да бидат убиени непокорните слуги во илустрацијата го претставува Господ. Значи тоа не е ниту црквата, ниту водството на црквата, ниту кој било христијанин. Значи овој стих не остава простор за толкување какво што ти нудиш, демек овој стих ги повикува христијаните на убивање. Исус таму зборува за Судниот Ден, за казната што Тој ќе им ја даде на оние кои нема да се покорат на Неговото Господство.
Колку и ова да звучи сурово, сепак е фер и праведно. Бог го дал животот и тој има право да си го земе.
Поздрав!