Тука ја повлекувам линијата. До тука можам да сум себедеструктивна како во периодот кога не се сакав себеси, кога немав поима какви квалитети имам, колку вредам, кога немав никаква љубов за себеси. Да ме запознаеше пред некоја година, и те како ќе трчав по некој како тебе. Денес, не.
Очи ти немам видено, а веќе си ми под кожа влезен. После седум години чоек, после седум години си најдов достоен противник. Некој што ќе сакам да е покрај мене, некој што мислам дека е мојот јанг. Некој што знам дека од мене ќе буди 150 посто. И ти шо напраи?
Такво непочитување, на мене, на мојата личност, на јас како девојка, на моето време. Такво непочитување на својот збор. Такво нестоење на својот збор. Такво "ќе" понашање. Жените најмногу го мразат идното време оти е доказ за се шо не правиш во моментот. Такво неправење ништо. Такво само на муабет дечко. Такво едно игнорирање, шо те тера да си прострелаш куршум низ глава. Какво шо у мојата десет годишна историја со мажи се нема десено.
Завршив со тоа да ти ја докажувам мојта вредност. Ако до сега не си ја видел, никогаш нема да ја видиш. Имам Бијонси газ ама ако ми направеше место у твојот живот, малку само да ми покажеше дека сакаш да ме имаш у твојот живот, на било кој начин, на пола од тој ќе седев. На ивицата и тоа. Ништо не направи.
Не ни сакам да ме бараш. Немој. Тогаш ќе морам да ти го кажам сето овоа или само да ти кажам тука завршува муабетот. И оноа шо ќе ме докрши е тоа колку ти лесно ќе го прифатиш тоа. Кога уствари ќе сфатам дека ама баш ништо не сум ти била. Дека сеедно ти е дали ме имаш или не во животов.
А можеше да пишуваме роман, ама ти одбра да си само стих шо можеби нема да е никогаш заборавен, ама ќе остане стих вечно.