Помина многу време од кога не сме заедно. Денес помислив на тебе и ми беше тешко, после месеци поминати, но болката дојде за да ја победам и го сторив тоа. Продолжувам сам и среќен сум, ми тече некако животот, другари, седенки... го замислив твојот лик денес кристално чисто, но морав да бидам строг кон себе и да се повлечам од тој емотивен трип, готово е нели? Еве го тој момент од кој што се плашевме, но не е ништо страшно... и без нас, животот оди напред.