Како ли ме сакаш толку? И со што те заслужив тебе? Којзнае кој грешник си бил ти во минатите животи... Вчера не ти докажав некои работи,затоа што не можев, не ми излегуваат од уста...Како и да е, сакав да ти кажам дека јас сум таа што секогаш е или ултранајвеселата личност која денес ќе ја видиш или најголемиот намќор од кој ќе се исплашиш повеќе и од тинејџер од Фреди Кругер,јас сум таа што слуша рок и метал ,а понекогаш по желба на извесни пријатели оди и на концерт на Аца Лукас, не потценува разлики во културата и ги цени луѓето според нијансата на бојата на душата(читај :зависи колку не си ми досаден),јас сум таа што е вистински заљубена и една од ретките кај кои тоа се забележува дури и на оддалеченост од две автобуски станици,јас сум таа што има прочитано многу многу книги кои се од круцијално значење за литературата, а се ,,пали ,, најмногу на шунд литература ,јас сум таа што изгледа како милион долари на улица , а нема пари за автобус,јас сум таа што дури откако дипломираше сфати дека го згреши факултетот , па реши да си работи по струката од средно,јас сум таа што кога лаже , по пет минути си признава дека излажала ,затоа што нема да заспие вечерта од грижа,јас сум таа што украде лажичка за сол во една сендвичара и се помоча во гаќи кога ги забележа камерите и си мислеше дека утре ќе ја даваат на ударни вести на А1,јас сум таа што ужива додека пие алкохол и што си мисли дека колку повеќе зборува ,толку помалку ќе ја фати,јас сум таа што обожава да е прва во се, па дури и тогаш кога е последна .
И да јас сум таа злато ,што без твојата љубов е како млеко кое нема да биде искористено за чоколадо. Денес сум дебилно расположена и дебилно пишувам ,но без разлика на мојот статус кој ме води кон ПМС ,секој ден само повеќе и повеќе и повеќе ми значиш...
Лека ноќ и крши нога правниче...