Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.385
Поени од реакции
1.862
Можам да јадам вафли за тебе колку сакам, ама за едно нешто не смеам - твојот вкус за музика. Ти благодарам за сите бендови и артисти кои ми ги покажа а кои ден денеска ги слушам и обожавам, бескрајно го ценам тоа.

Искрено ти посакувам да бидеш среќна и да најдеш подобар машки примерок од мене. Некој кој ќе те сака повеќе или барем еднакво колку јас што те сакав.
 

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Кога мислам на тебе осеќам дупла болка т.е. - Ме боли и горе и доле..Правиш конфузија помеѓу срцето и пенисот и ги доведуваш до конфликтна ситуација..
 
Член од
22 август 2022
Мислења
423
Поени од реакции
1.477
Денес сфатив дека иако поминале години, некои нешта не се смениле.
Овој пат ми ги почитуваш границите колку и да се радикални.

Овој пат ја нема истата грл којашто ја запозна пред 3 и пол години. Овој пат нема да дозволам ти да управуваш со ситуацијата. Едноставно сакам да видам дали има вистина во она во коешто ветуваш.

Не ти одговорив на прашањето како знам дека те сакам. Ќе ти одговорам овде, оти е побезбедно: Затоа што мојот од претпазливост и радикален дефанзивен механизам збунет разум сака да докаже дека нема ништо да биде како што треба и ме штити во стаклениот сад во којшто ништо не допира до мене. Но, овој пат срцето сака да докаже дека не сум во право. Гледај да ја заслужиш довербата овој пат. Самиот знаеш дека ќе вреди.

Ама добра идеја ти беше овој по долго време прв состанок изненадување. Јас признавам, не ти верував, те осудив пред време, но се излажав. Во паб на резервирани споени маси со може 20 другари/ки и натпревар на екран. Иако не сум по спортот, не ни следев што се случи, си поминав преубаво попладне во средина кадешто заборавив на проблемите и се чувствував безбедно и добредојдено. Што и да биде, барем за ова ти давам право. Нешто ти се случило, се надевам дека е вистинско.
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
^
Луѓето не се менуваат. Скоро никогаш. Единственото нешто што се менува кај тие луѓе е нивната лукавост односно да еволиура со тек на време да станува се помалку забележлива. И сето тоа убаво ќе дојде израз и ќе можеш убаво го видеш тек кога ќе почнете да живеете заедно пред да стапите во брак ило во најлош случај, после стапувањето во брак. Во секое правило има исклучок но генерално е како што прочита малку погоре. Секое добро и среќно
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.695
Поени од реакции
5.738
 

Schmetterling ʚїɞ

Ein Leben ohne dich ist wie eine Reise ohne Ziel.
Член од
14 февруари 2024
Мислења
61
Поени од реакции
129
...ништо не е сменето и после толку години.

Како вчера ја паметам нашата последна средба, рацеве се уште те чувствуваат...

Фалиш, убав, фалиш!

Те читам, ме боли секој твој збор, а најмногу тоа што истата болка сме ја делеле.
Форумов сведочи за нашата љубов, но години, години и километри стојат помеѓу нас, љубен!

Спиј мирно, можеби и вечерва ќе се сретнеме во соништата каде времето престана да тече...

ТС!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom