Знам дека е готово и дека не сакаш да ме гледаш повеќе, нит да си ми во моја близина, нит да мислиш повеќе на мене, нит аурата да ми ја осеќаш. Веројатно било која друга особа да ми кажала промил од работите што ти ми ги кажа последниве месеци, ќе беше завршена работа, ко што и повеќето од луѓето во мојов живот се одамна веќе, и тоа по кратка постапка. Но овој пат Ѓаволот реши до крај да си го истера ќеифот со мене.
Знам и дека не ти беше гајле за мене и ти бев пополнување на време, додека јас доживеав раѓање одново, макар што и за тоа се погрижи да биде исклучително болно и новороденчето да се роди со недостатоци и да носи емоционални трауми до крајот на својот живот.
Знаеш зошто врската помеѓу нас двајца никогаш нема да биде раскината? Нашата врска ја надминува нормалната љубов, нашата врска беше и е трауматска врска. Кога се гледаме двајцата можеме да си видиме во душите колку сме и двајцата сјебани.
Јас во тебе, последниве месеци, ги видов сите напуштања од мои блиски луѓе кои ми се случија во изминативе децении, и просто се навлеков на тебе ко џанак на шприц. Знаеш, на робашите на шприц после одредено време не им треба хорс преку шприц, туку пред се се навлечени на иглата од шприцот, на таа bittersweet болка и заради тоа продолжуваат да се решетаат. Таква е и мојата зависност од тебе.
Кај тебе приказната е поинаква. Ти си личност која е длабоко повредена, личност со големо его и личност која е нарцис. Овие три состојби креираат таков конфликт во тебе и таква внатрешна војна која успеа да ја проектираш на мене. Ја ти бев совршена мета - емпат со безусловна љубов кој беше спремен да легне у кал за да кога ти ќе решиш да поминуваш, случајно да не си ги уцапаш патиките.
Жал ми е што те напуштив пред 4 години, ама тој човек не бев јас од денес, иако фразава веќе станува клише колку пати ти ја имам кажано. Тој човек тагуваше по ќерката која му беше одтргната од раце и однесена некаде многу далеку, тагуваше по најдобриот другар, кој после повеќе од пола живот поминато заедно, реши исто така да замине некаде многу далеку. Tогаш морав да учам да одам од ново и морав да изградам ѕид за да се заштитам од надворешниот свет. Ѕид на кој за жал не му вградив врата за да те пуштам до мене, а искрено не сум ниту сигурен како излегов од таму без врата? Можеби и не сум, можеби последниве година дена се само крици за помош, пошто позади мене се отвара бездна?
Жал ми е и за болката и траумите кои што бившиот ти ги причинил, се надевам дека тоа што на моменти послужив ко боксерска вреќа периодов уназад помогна да се амортизира бесот.
Не сум сигурен дали си ми ти кармата од овој и некои претходни животи, затоа што ја не можам и не сакам да продолжам понатаму со други луѓе околу мене. Можеби си во право, можеби сум и луд и треба да ме пријавиш во полиција да ме решат или да најмиш некој да ме скине, можеби тоа ќе ни донесе добро и на двајцата во најбрзо време. Она за што сум сигурен е дека до последниов здив на овој свет ти ќе ми бидеш во мислите, колку и да е тоа болно, а колку и да звучи кринџ вака кажано/напишано.
Веројатно колку повеќе поминувам време тука, толку повеќе болката и опсесијата со тебе стануваат поголеми, така што ако ова треба да биде некакво збогум пред финалното тогаш нека биде последното што ќе го прочиташ од мене до тебе, баш тука, кај што се сретнавме. Иако желбата ми беше ова да ти го кажам во живо, не сакав да те киднапирам или да ти направам нешто ко што ти збореше внатрешното гласче прееска на тел. Тебе не би можел ништо лошо да ти направам...
Среќен роденден и убав помин со твоите дома. Ти си ми непресушна инспирација и можам да ти кажувам работи до бесконечност, али да го оставиме тоа за некој друг живот, овој доволно го заебавме и двајцата.