Те мислам. Ми се појавуваш пред очи, ми доаѓаш во сон, заспивам и се разбудувам со тебе и нашите спомени...
Помина веќе некое време, тебе те нема, ми фалиш, ми фали твојата енергија, твоите муабети, пожртвуваноста, несебичноста, добрината твоја... ми фали да видам дека ми ѕвониш на телефон, ми фалат долгите пораки твои, ми фали да ми раскажеш како ти поминал денот...
Те видов некни после долго време, се' ми се врати како бумеранг, за момент си помислив дека идеш накај мене, дека си со мене...
Крив сум, знам, се каам, ти остана со мене до крај, покрај се', не се откажа до последно. Јас сум друг човек, но тогаш летав, мислев дека сум силен и дека ќе те имам до кога сакам... Ти си таа која ми го одбележа најубавиот период од животот, која ми ја даде љубовта и срцето до бесконечност, која ми го создаде начинот на живот што го имам...
Криво ми е, не знам каде си, со кого си, со кого го дочекуваш утрото како што некогаш правеше со мене. Помина време, јас сум со друга, го имам сето она што "ти го немаше", сето тоа што само мислев дека "го немаш", но едноставно нема твоја замена, таа е ладна а во неа ја барам истата топлина која што ти ми ја даваше... Тешко ми е кога мислам на тебе, тешко ми е срцето ми се крши...
Знаам дека е касно, знаам дека нема назад, знаам дека сум далеку од тебе... Но зошто?! Зошто пак ми се вртиш низ глава, зошто пак ми доаѓаш во сон?... Знам дека повеќе не ти значам, знам дека не ти сум потребен во животот, знам дека сега тебе ти е лесно. НО што и да се деси, нема да те заборавам, вечно имам резервирано дел за тебе во срцето мое.
Плачам, плачам како мало дете, но знам дека се' ќе помине, а ние ќе останеме само двајца што се сакале...