B
babsyy
Гостин
Сакам цел живот да го поминам покрај тебе, љубов моја единствена. 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.


ама ете, ни ги ебаа сите планови избориве 




Првото што ме освои беше гласното смеење што и мене ми стана заразно, најслатката насмевка и очи што ги имав видено.
Немајќи што друго да прашам, те прашав колку е саат, па од каде си за на крај да испадне дека сме биле и комшии. Полека се поклопија коцките и другите не зближија многу повеќе. Ми стана најдобра другарка, за мене ја направи најважната работа што никогаш нема да ти ја заборавам ниту јас ниту моите. Никогаш нема да го заборавам ни тој ден кога плачејќи си идеше накај дома, а кога те прашав што ти е, немаше сила да ми одговориш. Тогаш сфатив колку многу ми значиш и дека не можам да издржам да те гледам таква. Или сфатив колку уствари те сакам малечко мое. Знаев дека ќе треба да имам трпение и не можев туку така да ти ги кажам чуствата уште тогаш, иако имав преголема желба. Најтешкиот момент во животот ми беше тој јануарскиот ден кога те видов скоро безживотна, а секогаш беше и СИ најборбената девојка што ја знам.
Ти ја пружив мојата поддршка и ти кажав дека секогаш ќе бидам тука за тебе и дека се молам за тебе. Среќа најлошото помина, па најдобрите денови следеа понатаму. Први февруари кога сфати дека и ти го чуствуваш истото за мене, најсреќниот ден во мојот живот што никогаш нема да го заборавам. Од тогаш па навака сум најсреќниот дечко, а се надевам исто и ти. Кога заспиваш покрај мене како мало бебе, кога најнежно кажуваш дека ме сакаш, кога пееш и се смееш уживаш во животот, се тоа прави да не можам да размислувам на ништо друго освен на тебе.
Ти ветив дека покрај мене никогаш нема да се осеќаш тажна и нема да дозволам ниту солза да помине на тоа најслатко лице, било кога. И понатака ќе си го исполнувам ветувањето. Дури и некогаш патиштата да ни се разидат, дури некогаш да не можеме да бидеме заедно сакам да знаеш дека никогаш НИКОЈА нема да може да го заземе твоето место. Секогаш за мене ќе останеш најпосебната личност и секогаш ќе можеш да сметаш на мене за што и да е. Направи од мене да не се препознавам повеќе и секогаш ќе ти бидам благодарен за тоа. Те сакам најмила мојa 
