Еве на ова парче хартија,парче од виртуелниот простор, се обидувам да најдам збор,да опишам ,да дефинирам тоа што чуствувам.Таа опиеност и агонија која прави целиот свет да е неважен и мал, а законите на физиката да звучат смешно и детски.Не знам дали поради мојата потреба на идеализација или пак тоа што ги поставуваш правите прашања,ги кажуваш правите зборови во правиот момент или пак навистина на овој свет за секој има некој друг со кој совршено се надополнуваме.Онаа совршена спојка , она парче кое секој ден се поочајно ми фали и се повеќе ми треба.Иронија,а до вчера едвај ја чуствував таа празнина небаре е мало дупче направено со игла а денес е црна дупка .Ти ме потсети што е важно а што не е важно .Колку само имам слаба меморија.Ме натера да ја симнам маската и да се осетам за прв пат во мојот живот убаво со самото тоа што сум кршлива и кревка,да не се срамам што ми треба поткрепа и заштита,да не се срамам дека сум женско.Ме натера да бидам јас ,онаа која седи на креветот и фантазира, која тајно чита љубовни романи ,teddy bear with a brain damage...
Ти си оној маж испод креветот,која секоја жена го има.Поим кој е еквивалент на мит.Апстракција без мирис,вкус,облик,боја ,содржина , форма...А сега дел по дел се материјализира .Станува реално а сепак далечно што почнува да предизвикува болка.Знаеш кога седиш во таа твоја бела соба ,каде што си само ти и тишината и кога почнуваш да се нурнуваш во во сеќавањата ,кога почнуваш да се присетуваш на вкусот ,мирисот и осетот на нечие женско тело,кога почнува границата да се меѓу реалноста и фантазијата да стануваат нејасни и недефинирани се до оној момент додека не ја испружиш раката и замавнеш,секоја илузија и слика од минатото не исчезне,не се распрсне како меур од сапуница.Потоа стига таа болка, тој болен копнеж кој те излудува, кој те измачува поради тоа што не можеш да го допреш тоа тело .Така мене ми е скоро секој ден последнава недела.Затворена во бела соба сама со тишината и твојот глас.
Суров си,сурово си поигруваш со сите околу тебе.Посебно кога беше уморен и кога повеќе не можеше да лажеш,кога не можеше да смислуваш разни изговори и кога смирено ми кажа дека не знаеш што ќе правиш со неа.
Знам дека е некултурно да се сервира чаша полна до врв или да се бара такво нешто ,но не можам да се помирам со нешто блутникаво и половично со некоја улога ,со давање на само една рака.Јас барам целосно предавање и се предавам цела без оглед на последиците потоа.
Знам дека на крај ќе те нема и дека ќе завршам со оштетувања поголеми од претходните ,ама подобро да се сака една година без задршка отколку цел живот да не осетам вистинска љубов.
Се предавам ...што ќе побараш од мене ќе добиеш макар и да значело мое заминување ,важна ми е само твојата среќа.
Крвав бакнеж.