Цел ден те мислам денеска, што немам обичај да се утупам у некој без да превземам нешто конкретно...
И сфатив дека не си сменет ти, туку дека си сменет кон мене, што од една страна е разбирливо..
Ми фалиш повеќе од што можеш да замислиш, ми фалат муабетите на телефон со тебе што траеа со саати, додека толку многу ми се спие што јазикот ми се плетка па се смееме зашо сум треснала нешо безвезе, ми фалат муабетите на мсн до 3 сабајле, сликите на кои си објаснувавме некои ствари, муабетите на скајп кај шо ми викаш да напраам некоја фаца, ми фали онаа јас кога бев со тебе.. Дури ми фали и бушавењето кое ме нервираше зашо не знаеше за доста
Ама, така ми е коа тие работи не знаев да си ги ценам на време..
Логовите, патем, се интересна работа.. На многу работи ти се воодушевувам, за некои имам прашња и сум збунета, ама некои прашања не треба да бидат одговорени со причина...
Како и да е, мило ми е што постојат и ме потсетуваат на сешто...
Никогаш нема да заборавам дека со мене поминуваше се она што го поминував јас, дека секогаш можев да сметам на тебе, дека ми беше рамо за плачење, дека се смеев без престан од твоите глупирања...
Уствари ништо нема да те заборавам и секогаш кога мислам на најблиските луѓе, те ставам во таа листа, понекогаш со прашалник зашто не сум сигурна дали сакаш да бидеш во таа листа...
Затоа ненормално многу ме боли кога ќе ме прашаш дали некогаш сум те сакала, без да ти текне дека покрај лошите - сме поминале и убави моменти..
И знам дека од почеток се памтат само лошите работи, па дур ни поминат сите емоции - на крај ќе ни останат само убавите спомени... Иако не сакам да останам на спомени само, ама...
Си мислев прееска, како би било по неколку години кога случајно ќе те сретнам на улица и ќе си размениме неколку реченици и секако ќе го завршиме муабетот со:
„Па ајде да пиеме кафе некој ден„
„Да да, супер идеја, ај ќе ти пишам или ти пиши, па ќе се договориме„
И секако, никогаш нема да го оствариме тоа иако години пред тоа сме си ветиле дека ќе стапиме во брак и покрај миљоните обожаватели што ќе ги имаме во моментот
Не ми е тешко да се преправам дека никогаш не ти го посетувам фб профилот, не ги прегледувам нашите муабети, не ги читам мејловите и не проверувам да не си се пуштил на мсн без да ми пишеш.. воопшто не ми е тешко да глумам лудило..
Иако порано не можев да замислам како би живеела без тебе, сега сум навикната од најглупавите причини на сите светови....
Знам дека премногу си тврдоглав и горделив за да ти текне на мене, што е тажно зашто не сакам да ми тече животов без ти да имаш голем удел во него.
И знам дека те имам повредено и поради тоа секогаш ќе имам грижа на совест и ќе ијам проблеми да заспијам, зашто нели, логично е ако некого толку сакаш - да не го повредиш. Само што јас не знаев како поинаку тогаш, ми идеше да се убијам после секој наш муабет од грижа на совест и ми се случуваше да плачам зашто сум толкав идиот...
Како и да е, мило ми е што се тоа помина, мило ми е што си среќен и исполнет...
Те сакам.