~*~
Разговарам со личноста која ме познава скоро толку добро колку што се познавам себе, ја боли, ме боли и мене ... ме боли толку многу, за сите рани и удари кои додека ги примав велев дека се гребнатинки, за оние кои се покриваат со малку повеќе пудра и насмевка на лицето.Толку многу конци имам на себе што веќе не личам на човек, туку на плетена кукла.
Се фатив сама себе зборувајќи и го тоа што јас сама го негирам во последниве неколку години ... дека сите не боли и дека сите правиме нешто за да се справиме со тоа.Како смеам да ги обвинувам луѓето затоа што се решиле да направат нешто со својот живот без мене?
Како смеам да ги обвинувам луѓето дека се кукавици, КОГА И ЈАС СУМ БИЛА?
Како?
И велам, само не престанувај да се бориш, те молам, разбирам, јас престанав да се борам, јас заборавив дека љубовта беше нешто за што се бориме и крвариме и сме среќни што тоа сме го направиле.
Се претворив во фембот ... чист пример за фембот и убаво ми е, но колку и да ме боли, не се откажувам од љубовта, не се откажувам од болката и од сите рани кои тек допрва следуваат.
Морам да простам за да продолжам ... можеби конечно тоа е вистинската работа која треба да се направи.
Време е за љубов!