И ај сеа.Си олеснуам совест тука.
Жалам,стварно.Криво ми е,не за друго,оти тебе ти е тешко.А лично мене,искрено,не ми е.Не после тоа што го сватив.Наеднаш некако.
Знам дека е тешко да се свати,така објаснето,како што ти го кажав јас,ама ке видиш,ке помине малку време и ти ке сватиш зошто направив вака.Неможеше поинаку,верувај.
Сватив дека,не те сакав тебе.Колку глупа реченица.Ко ебан негативец сум.Ама така е,барем сум искрен.Цело ова време,јас сум го сакал само концептот за нас.Начинот на кој јас и ти функциониравме,како јас и ти изгледавме заедно...хм,бевме толку совршен пар.Е тоа е проблемот.Тука престана се.Неможам,стварно неможам да бидам во врска во која нема изненадувања.Знам се однапред.Знам кога ке те видам,знам какви ке ти бидат реакциите,ти ги знаеш моите,знам се за тебе,ти за мене...Имаме дури иста висина.
А треба поинаку.Барем за мене.Треба разлики.Треба кавги,лутина,бес,гнев,страст...тоа е она вистинското.Ама колку и да сакам,неможам да го осетам тоа.Не си таква девојка.
Прекрасна си.Во секој поглед,и знам дека ке најдеш некој шо вистински ке те сака.Леле,колку глупо звучи коа го кажуам тоа вака.Излитена фраза од филм.Ама реално е,знам дека ке има многу што ке сакаат да бидат со тебе,и ти само ке треба да го напраиш вистинскиот избор.Ако сакаш,секогаш ке бидам тука да ти помогнам.Сакам секогаш да бидеме другари.А за повеке од тоа,неможам.Ја сум парадоксален идиот,шо не знае шо сака.Имам толку многу различни свакања за тоа каква треба да биде љубовта и врската,глупи свакања,кои не вредат ти да ги трпиш и да пробуваш да ги оствариш моите очекувања.Кретен.Ја неам право да очекувам ништо од никој,а посебно не од тебе.Ми даде и премногу.Се надевам дека,барем малку од тоа го возвратив,и дека беше срекна.Ке бидам задоволен ако е така.
А јас...епа,мене ми треба некој ист како мене,неурачунлива личност.Ист а премногу различен.Значи,одново парадокс.Е тоа треба за мене.А кај ке го најдам,тоа не знам...Никаде веројатно,ама не ми е гајле.Морам да го следам сонот,фантазијата,морам да летам...неможам поинаку.
Толку од мене.
Hope u can forgive me.:kesa: